Четири дена без храна и вода- мачорот Исак е пронајден жив по уривањето на зградата во Њујорк (ВИДЕО)
2Четири дена без храна и вода- мачорот Исак е пронајден жив по уривањето на зградата во Њујорк (ВИДЕО)
МакедонијаПратениците Ковачки и Сали учествуваа на Рос-Рот Семинарот на ПС НАТО во БриселДелегатите од земјите членки на НАТО разговарале и на темaта „Обезбедување на демократијата преку силата: Одбрана, Отпорност и Подготвеност“. Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, во состав Драган Ковачки, шеф на делегацијата и членот Беким Сали, присуствуваше на 107. Рос-Рот Семинар, што се одржа вчера и денеска во Брисел, Белгија, во организација на ПС НАТО и Европскиот парламент. Како што информираат од собраниската прес-служба, ова е прв Рос-Рот Семинар на ПС НАТО, чиј домаќин е Европскиот парламент, со единствена цел да се зајакне и промовира потребата од заеднички и координиран пристап во справувањето со предизвиците и ризиците со кои се соочува денешнината, а кои се закана за демократскиот свет. Воведни обраќања на семинарот чиј главен фокус бил „ЕУ - НАТО соработка: Суштинско партнерство и отпорност на демократијата“, имале Салваторе Ди Мео, кој е шеф на Делегацијата на Европскиот парламент во ПС НАТО; преку видео обраќање се обратил претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола; Маркос Перестрело, претседател на ПС НАТО; како и амбасадорот Жак Пителуд, шеф на Мисијата на Швајцарија во НАТО. Говорниците биле единствени во ставот дека ЕУ - НАТО соработката е клучна, доколку сакаме да изградиме Европа која е стабилна, отпорна и целосно посветена на заедничка одбрана на демократските вредности. На главниот панел, кој бил посветен на соработката меѓу НАТО и ЕУ, како основа за отпорност на демократијата во ера на хибридна војна и надворешни мешања, излагања имале еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и Радмила Шекеринска, заменик-генерална секретарка на НАТО. Еврокомесарката за проширување, Кос нагласила дека ако сакаме да ги браниме нашите демократски и заеднички вредности, тогаш мораме да се обединиме. Во овој контекст, оценила таа, најголем геополитички успех на ЕУ е токму проширувањето и посочила дека е клучно ЕУ да го обедини европскиот континент, со што безбедносно ќе се зајакне и ќе спречи надворешни недемократски влијанија. Заменик-генералната секретарка на НАТО, Шекеринска истакнала дека клучен партнер за НАТО е ЕУ, при што нагласила дека приоритет треба да биде зголемување на военото индустриско производство, зголемување на отпорноста од сајбер напади и саботажи, како и создавање услови бруталната руска агресија врз Украина да заврши побрзо, бидејќи украинската безбедност придонесува за нашата безбедност. Во рамките на петте сесии на Семинарот е дискутирано за најважните предизвици со кои се соочува денешнината, како што е „Спротивставување на надворешните влијанија во демократските процеси“, но и „Соработката меѓу ЕУ и НАТО во справувањето со дезинформациите и манипулациите со информациите“. Делегатите од земјите членки на НАТО разговарале и на темaта „Обезбедување на демократијата преку силата: Одбрана, Отпорност и Подготвеност“. Шефот на македонската Делегација во ПС НАТО, пратеникот Ковачки истакнал дека Македонија, како членка на НАТО, се соочува со пречки на патот кон членство во Европската Унија поради прашања поврзани со идентитетот, покренати од земја сојузничка која е членка и на НАТО и на ЕУ. Тој нагласил дека евроинтеграцијата е вистинскиот пат и стратегиска заложба на нашата држава, но изрази загриженост за насоката во која се движи овој процес, бидејќи постои реален ризик истиот да биде искористен од трети страни за свои интереси, алудирајќи на гласањето во Европскиот парламент за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик, чекор што сериозно ја наруши довербата што со години внимателно ја градиме. Ковачки истакнал дека довербата е темел на секое партнерство, сојузништво и пријателство. Усвојувањето на амандмани за бришење на македонскиот идентитет и јазик испраќа порака дека „силата е право“, со што се остава впечаток дека помоќните актери можат да ја наметнат својата волја, игнорирајќи ги принципите на еднаквост и взаемна почит врз кои се темелат и ЕУ и НАТО. Тој потенцирал дека како држава остануваме целосно посветени на напредокот кон полноправно членство во Европската Унија, но неопходни се и искрени, реципрочни напори од нашите партнери за да се зајакне довербата и да се зачуваат вредностите на еднаквост и почитување. Во рамките на 107. Рос-Рот Семинар се разговараше и за „Градење на глобални сојузи за демократска отпорност“, а посебно внимание беше посветено на Белорусија и предизвиците со кои се соочува демократијата во оваа земја, како и за предизвиците за демократската отпорност со кои се соочуваат Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. Последната сесија била посветена на „Поддршката на украинската борба за демократија и парламентарното управување на безбедносниот сектор“. Во рамки на 107. Рос-Рот семинар била отворена и изложбата „ПС НАТО - 70 години парламентарна дипломатија“. Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата. ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од Медитеранските асоцијативни земји членки како и парламентарни набљудувачи од други земји и парламентарни собранија (ПС на ОБСЕ и ПС на СЕ) и делегација од ЕП, кои исто така, земаат учество во неговите активности. Собранието претставува критички форум за меѓународен дијалог на парламентарци за стратешки и безбедносни теми од заеднички интерес на НАТО.Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноКрилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“. Alleged pterodactyl filmed in Mexico A large dark-winged creature flapping across the daytime sky over Mexico recently went viral on TikTok Many now claim it's a flying dinosaur, though local officials dismissed the claims, saying it's likely a large bird https://t.co/xYVNOvFPZw — RT (@RT_com) November 16, 2026 Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“. „Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“. Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News. ¿Acaso criatura recientemente grabada en el Valle de Juárez, es evidencia de que ahí se encuentra un portal dimensional? https://t.co/8nXKKkannU — Jaime Maussan (@jaimemaussan1) November 11, 2026 Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико. Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови. Aqui está uma compilação com três mais novos vídeos de alegados pterodáctilos no México. https://t.co/1aSlLHh4NV — Ovniologia 🛸 (@Ovniologia01) November 16, 2026 Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија. Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.Тагови: Мексико предатор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГерманските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!Германскиот парламент усвои пакет законски мерки со кои се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби, во време кога Русија води хибридна војна насочена, меѓу другото, и кон Германија.Законот што го усвои Бундестагот во петокот им дава зелено светло и на домашните и на странските разузнавачки служби да вршат надзор со значително помалку ограничувања, како и, за прв пат во повоената историја, да преземаат операции насочени кон спречување, заведување и манипулирање на противниците, пишува „Фајненшл тајмс“. „Германија е секојдневно нападната: зборуваме за сајбер напади, саботажи, шпионажа и беспилотни летала што летаат над нашите воени објекти и аеродроми“, рече Марк Хајнрихман, претседател на парламентарниот комитет одговорен за надзор на разузнавачките служби. „Досега, разузнавачките служби можеа да ги детектираат и следат овие закани. Сега тие ќе можат и да интервенираат.“ На конечното гласање во петок, 13 ноември, 309 пратеници гласаа за законот, 190 против, а 71 воздржани. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која веќе е под надзор на разузнавачките агенции, и крајнолевичарската партија Ди Линке гласаа против неа. Иако германската служба за надворешно разузнавање е најголема во Европа, нејзините операции честопати беа ограничени со рестриктивно законодавство поради историјата на Германија. Правните предизвици и реформите усвоени во текот на изминатата деценија, по откритијата што ги разоткрија врските на Германската федерална разузнавачка служба (BND) со американските разузнавачки агенции, доведоа до сè посложена бирократија која стана сè потешка за управување. Како резултат на тоа, германските разузнавачки служби заостануваат зад оние на другите европски земји. Затоа, законот за проширување на овластувањата на разузнавачките служби беше неопходен во време кога Кремљ ја засили својата агресивна кампања на хибридно војување и шпионажа. Во текот на 2025 година, беа регистрирани 474 случаи на политичка и технолошка шпионажа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКајли Џенер си разменува нежности со Шаламе- на истиот настан е и таткото на нејзините деца (ФОТО)Кајли Џенер (29) се појави со момчето Тимоти Шаламе (30) на овогодинешните доделувања на наградите „Гувернерс“ во Холивуд. Ријалити ѕвездата привлече внимание со елегантен винтиџ фустан, но интересно е што нејзиниот поранешен партнер, раперот Тревис Скот (35), со кого има две деца, исто така беше на истиот настан, пишува „Дејли меил“. Кајли и Тимоти се држеа за раце Кајли го прескокна црвениот тепих, но на Инстаграм покажа што носеше за вечерта. Таа избра винтиџ златен фустан од Роберто Кавали од 2006 година, кој ја следеше линијата на телото и имаше долга перка. Шаламе прошета сам по црвениот тепих, облечен во црно одело со вратоврска. Подоцна двојката беше фотографирана заедно во внатрешноста на местото каде што се одржуваа доделувањата. Пред да пристигнат на настанот, двајцата објавија фотографии на социјалните мрежи. Кајли го покажа фустанот и чевлите, додека Шаламе сподели фотографија од автомобилот со натпис „Ноќно излегување!“. Иако пристигнаа заедно на доделувањето на наградите, тие не објавија заедничка фотографија. Тревис Скот исто така беше на настанот Раперот Тревис Скот, поранешен партнер на Кајли и татко на нејзините деца, осумгодишната Сторми и четиригодишната Ејр, исто така се појави на истото доделување на наградите. Сè уште не е познато дали Кајли и Тревис се запознале во текот на вечерта. Кајли и Тревис беа во повремена врска од 2017 до 2022 година. Неколку месеци по нивното конечно раскинување, Кајли започна врска со Шаламе, а тие се заедно од април 2023 година. Тие јавно ја потврдија својата врска кон крајот на 2023 година, додека првпат се појавија заедно на црвениот тепих во мај 2025 година на доделувањето на италијанските филмски награди „Давид ди Донатело“. Шаламе јавно ја искажа својата љубов кон неа Во последните месеци, двојката сè почесто оди заедно на јавни настани. Во јануари оваа година, Шаламе јавно ѝ се заблагодари на Кајли на доделувањето на наградите „Критичарс Чојз“, за време на неговиот говор по освојувањето на наградата за најдобар актер за филмот „Марти Суприм“. „Сакам да му се заблагодарам на мојот партнер, со кого сум три години. Ви благодарам за сè што изградивме заедно. Ве сакам. Не можев да го постигнам ова без вас. Ви благодарам од дното на моето срце“, рече актерот, а Кајли му испрати бакнеж од публиката. Доделувањето на наградите „Гувернерс“ се одржа на 15 ноември во Холивуд. Меѓу почесните добитници на Оскар оваа година беа актерката Глен Клоуз, режисерот Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман.Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00