Пратениците ќе се координираат а потоа ќе одлучат дали да се иницира надзорна расправа и анкетна комисија за трагедијата - Канал 5

Пратениците ќе се координираат а потоа ќе одлучат дали да се иницира надзорна расправа и анкетна комисија за трагедијата

Пратениците ќе разговараат во рамки на пратеничките групи па после ќе одлучат дали ќе иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за испитување на случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Пратениците ќе се координираат а потоа ќе одлучат дали да се иницира надзорна расправа и анкетна комисија за трагедијата

Иницијативата дојде од семејствата на жртвите од вчерашниот Марш за ангелите во Скопје со барање за целосно и независно испитување на случајот. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека не расправале за иницијативата но и предупредуваат трагедијата да не се злоупотребува или користи за дневно политички цели.

-Не сме расправале во рамките на партијата за оваа иницијатива. Но она што можам да го кажам е дека во моментот има активен судски процес каде обвинителството и судството ја имаат задачата да ја утврдат одговорноста. Она што ние како политичка партија го застапуваме е правдата да биде неприкосновена без оглед кој од која политичка партија е. Наш интерес е да има правда за случајот во Кочани. - Никола Мицевски – Координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ

Извори од пратеничката група на СДСМ пак за Канал 5 велат дека би поддржале надзорна расправа и посебна анкетна комисија за случајот Кочани но претходно за ова прашање ќе се координираат по што ќе излезат со став.

Семејствата и блиските на загинатите побараа целосно расветлување на случајот како и транспарентен и правичен судски процес. Од Скопскиот кривичен суд претходно посочија дека очекуваат да се соочат со многу предизвици имајќи предвид дека се работи за еден од најкомплицираните предмети со оглед на големиот број оштетени лица но и сензибилитетот на предметот и јавниот интерес, но и најавија дека ќе се преземе се за да се обезбеди побрзо и поефикасно судење. Поранешната врховна судијка Вера Коцо вели дека досегашните заложби на странките во постапката и самиот суд се токму во таа насока.

-Кривичниот суд во Скопје заедно со Обвинителството и адвокатурата веќе презедоа чекори во смисла на едно транспарентно и законито судење, со тоа што обезбедија простор каде ќе се одвива судењето, која сала е поголема и обезбедува такви услови за да можат не само обвинетите туку и блиските на жртвите да бидат присутни на ова судење се со цел да се издејствува односно да се добие една законита и транспарентна одлука која на некој начин ќе биде не само еден бенефит за жртвите односно за нивните родители и блиски туку и за целокупното судство доколку се добие таква одлука којашто ќе ги задоволи сите странки во оваа постапка, ќе биде голем резултат од аспект на она што значи праведно судење. – Вера Коцо – Поранешен врховен судија

Судењето започнува во среда во судницата во Идризово, на обвинителна клупа ќе седнат 34 физички и три правни лица. На сите им се става на товар едно исто кривично дело – тешки дела против општата сигурност. На почеток на декември се очекува обвинение за полициските служебници, а во рамки на кочанското обвинителство пак се води предистрага за лицата од УЈП.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.

По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарноста

Американците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.

Рекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарноста

Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен.

Значително повисоки цени на горивото

Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина.

Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период.

„Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“

Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди.

Неодамнешен пад

Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот.

Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец.

Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки.

Факторот Иран

И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“

Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ  видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. 

Видео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“

Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма.

Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите.

Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна.

По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи:

„Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер