Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаПратениците донесоа повеќе закони, меѓу кои и измените на законите за безбедност во сообраќајот и за прекршоцитеСобранието попладнево во рамки на 68. седница без расправа и едногласно донесе повеќе закони, сите во второ читање. Донесени се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за социјална сигурност за старите лица, на Законот за инвалидски организации и на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци. Пратениците ги изгласаа и измените на Законот за обележување, уредување и одржување на гробиштата и гробовите на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, на Законот за правата на носителите на „Партизанска споменица 1941“, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година. Донесени се и измените на Законот за семејството и на Законот за вработување на инвалидни лица. Пратениците ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за странци, како и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование. Народните избраници го изгласаа Дополнетио предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците. Со овој Предлог на закон се предвидува можност за примена на новите технологи (систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање) кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување на процесот на санкционирање на истите. Со него се предвидува можност за изрекување на негативните поени заедно со глобата покрај можноста за изрекување на негативни поени како замена за изречена глоба. - Од искуствата на другите европски држави во областа на сообраќајот негативните поени во најголем број случаи се изрекуваат заедно со изречената глоба, па поради тоа се придвидува ваквата можност која дополнително ќе биде разработена во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и во некои други области доколку е потребно, велат предлагачите. Се регулираат и висините на глобите за физичките лица како сторители на прекршоци во областа на безбедноста на сообраќајот, бидејќи, од досегашната пракса и примена на Законот, а особено поради зголемениот број на сообраќајни прекршоци со потешки последици, констатирано било дека сегашните глоби не се соодветни за ваков вид прекршоци, поради што се дава можност тие да бидат повисоки (трикратен износ од износот предвиден за прекшроците од полесен вид). Исто така, со предложените измени и дополнувања, се менува членот 28 кој се однесува на санкцијата „престанок на важење на возачка дозвола“. -Со оглед на тоа што овој член од Законот во моменов е неприменлив во еден дел (негативни поени), а во останатиот дел беше нецелосно уреден, со предложените одредби целосно се уредува. Имено, оваа санкција е предвидена и во случаи на кумулирање на повеќе од две санкции „забрана на управување со моторно возило“. Во овој член од Предлогот на законот се предвидени и роковите за изречената забрана, како и начинот на кој ќе се врши доставата на известувањата и одлуките на судот помеѓу сторителот на прекршокот, Министерството за внатрешени работи и судовите пред кои ќе се води постапката, се вели во образложението на предлог законот. Како што меѓудругото, предвидуваат измените и дополнувањата, Судот ќе изрече прекршочна санкција престанок на важење на возачка дозвола за сторен сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило, доколку возачот во последните четири години има најмалку две правосилни прекршочни санкции – забрана за управување со моторно возило од истата категорија, сметано од денот на правосилноста на одлуката за првата прекршочна санкција. Сторителот на кој му е изречена прекршочна санкција престанок на важење на возачка дозвола од определена категорија не може да отпочне со постапка за полагање на возачки испит за истата категорија, пред истекот на 12 месеци од денот на престанокот на важењето на возачката дозвола. На седницата беа донесени и закони со европско знаменце, измените и дополнувањата на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај и на Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор. Пратениците ги изгласаа и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2024 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2024 година и финансиски извештаи за 2024 година и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2024 година. По пауза од половина час, во рамки на продолжението на 68-та седница, пратениците го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка, по што потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски ја прекина седницата и рече дека за нејзино продолжување пратениците ќе бидат дополнително информирани. Собранието претходно попладнево со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Град Скопје.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу. Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани. Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија. Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата. Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено. Која е уапсената градоначалничка? Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација. Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште. По изборите, таа одби да поднесе оставка Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво. По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет. Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа. Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook