Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето - Канал 5

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, од власта бараат одговорност, а од опозицијата декласификација на до

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување.

Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, од власта бараат одговорност, а од опозицијата декласификација на документацијата.

- Нека појдат пратениците во сите агенции, и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), кажав што имав да кажам, нема што повеќе да зборувам, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Тој претходно во говорот на централната свеченост по повод Денот на независноста рече дека мора да има одговорност и дека не е прашањето дали да се декласифицираат документите, туку да запре прислушувањето.

- Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење, рече Мицкоски.

Од опозицијата бараат декласификација на документацијата и најавија дека на прес-конференција ќе ја обелоденат вистината за АНБ.

- Во законот јасно пишува дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ. Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност, истакна лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Директорот на АНБ Бојан Христовски изјави дека целата документација е предадена на Обвинителството, а оттаму на 5 септември информираа дека тим од истражители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) биле во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување при што била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ, а која се однесува на наводите содржани во известувањата доставени до ОЈО ГОКК.

По објавувањето на информациите за прислушувањето, прашањето беше иницирано и во собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР кои вчера одлучија да извршат надзорна посета во АНБ и АР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари.

Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места.

ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер.

Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри.

Меѓу загинатите, наводно, има и деца.

Некои од патниците биле заробени во уништеното возило.

Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar.

Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“.

Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив.

Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер