Пратеници беа во надзор на АР, но немаа можност за увид во документите - Канал 5

Пратеници беа во надзор на АР, но немаа можност за увид во документите

Јавноста и натаму нема да добие разјаснување дали, кој и кого следел, и по денешниот увид на пратениците од Комисијата за надзор во агенцијата за разузнавање не произлегоа повеќе детали.

Пратеници беа во надзор на АР, но немаа можност за увид во документите

Јавноста и натаму нема да добие разјаснување дали, кој и кого следел, и по денешниот увид на пратениците од Комисијата за надзор во агенцијата за разузнавање не произлегоа повеќе детали, единствено дека обвинителството веќе неколку месеци води предистражна постапка.

За да не остане јавноста без никаква информација, пратениците Петровска и Пренџов уверија дека безбедносната состојба на државата е стабилна, а она за што беа дојдени не го споделија, оти дел е државна тајна, а дел во предистражна постапка.

Аферата будно ја следи и претседателката Силјановска – Давкова, која порача дека во ниту еден момент нема да дозволи да се поткопаат темелите на внатрешната и надворешна безбедност на Македонија, и оти довербата во безбедносниот систем е темел на секоја држава. Таа воедно му одговори и на министерот за транспорт Николовски, кој ја прозва да реагира за злоупотреби во агенцијата за разузнавање.

-Тоа се строго професионални институции, посебни органи на државната власт, каде што апсолутно е забрането политичко или партиско здружување и дејствување,- – Гордана Силјановска – Давкова – Претседател на Македонија.

По посетата на шестмината пратеници на агенцијата, преку фејсбук се огласи и пратеникот Драган Ковачки кој беше на надзорот. Тој вината ја гледа кај обвинителството и обвини дека постојат класични прекршувања на законите и се правеле злоупотреби за кои, според него, досега требало да има обвинение. Порача дека не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки.

Шестте пратеници – единствени од 18те членови на комисијата со сертификат за безбедност влегоа вчера и во АНБ, но информации не дадоа од истите причини поради кои не споделија и денеска.

Ова инаку се случува откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на партијата и актуелен премиер Христијан Мицкоски бил следен од службите во периодот од 2019 до 2024 година, но и други политичари од партијата, како и обвинители, новинари и останати јавни личности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер