2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветПратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен Пратеничките групи во Европскиот парлемент изнесоа спротивставени оценки за денешното обраќање за „Состојбата на Европската Унија“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Лидерот на најголемата пратеничка група на десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) и се заблагодари на Комисијата за постигнувањата на многу полиња - од намалувањето на бирократијата, до зајакнувањето на одбраната на ЕУ и намалувањето на илегалната миграција. Тој вети дека ЕПП ќе продолжи да ја поддржува работата на Еврокомисијата, вклучително и околу трговските договори на ЕУ со САД и Меркосур, чија алтернативата, како што рече, би била трговска војна. Во врска со Зелениот договор, германскиот европратеник оцени дека пристапот на ЕУ кон климата треба да биде реалистичен и да поддржува технолошка неутралност. Вебер упати апел до колегите од останатите пратенички групи во Европскиот парламент да се ангажираат за забрзување на постапката за усвојување на предложените регулативи и да избегнуваат идеолошки борби. Лидерката на лево центристичката Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Ираче Гарсија порача дека во име на итноста и единството, ЕУ не смее да си дозволи отстапување од сопствените амбиции и од остварувањето на своите интереси. Шпанската европратеничка се осврна и на Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД оценувајќи го како „неправеден и неприфатлив“, најавувајќи при тоа иницијатива за негова измена. - Каде е Европа? Каде е Европа кога Газа умира?, праша Гарсија, додавајќи дека најавата на Фон дер Лајен за иницијатива за прекин на соработката со Израел доаѓа предоцна. Првиот човек на десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ, Жордан Бардела упати критики кон Фон дер Лајен поради нејзината поддршка Договорот за слободна трговија со Меркосур, оценувајќи дека тој е штетен за земјоделците. Францускиот европратеник го критикуваше и предлогот на ЕК за намалување на царините за кинеските возила, како и правилата за енергетскиот пазар, со кои, според него, се занемарува „нискобуџетната нуклеарна предност на Франција“. Бардела упати критики и за трговскиот договор со САД, за кој рече дека ги жртвува клучните француски индустрии - одбранбената, винската, фармацевтската и производството на луксузни стоки. Според него, помалите нации успеваат да обезбедат „подобри договори“ со САД од ЕУ. За разлика од него, копретседателот на десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), Никола Прокачини нагласи дека го поддржува Договорот за царините со САД, затоа што е „подобар од трговска војна меѓу сојузници кои се потребни еден на друг“. - Мора да ги зајакне нашите вредности, нашата економија и нашите сојузници, додаде италијанскиот европратеник. Според Прокачини, во сегашните услови Зелениот договор претставува „превисока пречка за европската конкурентност“, а во исто време ги поздрави и неодамнешните предлози за миграциската политика, повикувајќи депортирањето на илегалните мигранти да стане „ефикасна практика“. Лидерката на либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), Валери Ајер оцени дека ЕУ ја „губи довербата на Европејците“, затоа што станала премногу слаба за да ги брани. Француската европратеничка повика на поинтегрирана, суверена и федерална ЕУ, предупредувајќи дека Унијата се соочува со „егзистенцијална културна војна, која го загрозува европскиот начин на живот, слободите на нејзините народи и нивната независност“. Ајер побара „попрактична акција“ во врска со Штитот за демократија и планот за конкурентност, како и во борбата против „воинственоста на Русија и Израел“. Таа предложи и на свикување Конвенција за реформирање на ЕУ. Бас Ејкаут од групата на Зелените порача дека ЕУ треба да манифестира поголема доверба и побара преземање итна акција за справување со ситуацијата во Газа. - ЕУ да престане да размислува како пазар и да почне да размислува како сила, истакна холандскиот европратеник, апелирајќи на борба против автократите. Ејкаут оцени дека при реализацијата на плановите поврзани со безбедноста мора да се води сметка и за климатските промени и повика на поголеми инвестиции во обновливи извори на енергија и чистите индустрии, но и за инвестирање во работната сила, образованието, инфраструктурата и зелените иновации и за подобрување на европската конкурентност. Мартин Ширдеван од групата на Левицата трговскиот договор со САД го оцени како „целосна капитулација“ на ЕУ. Според него, политиките на слободната трговија придонесуваат за раст на сиромаштија, губење на работни места и зголемување на трошоци, оценувајќи дека милијардите евра инвестирани во „милитаризација“, резултираат со „драстични намалувања“ на пензиите и социјалната помош. Германскиот европратеник го осуди, како што рече, молкот на ЕУ во врска со „хуманитарната криза и воените злосторства извршени од израелските сили во Газа“, обвинувајќи дека Унијата има двојни стандарди во надворешната политика и дека не неуспеала да игра позначајна улога во напорите за воспоставување мир. Неговиот сонародник од екстремно десничарската група Европа на суверени нации (ЕСН), Рене Ауст оцени дека во услови кога пазарите растат насекаде во светот, Европа заостанува поради немањето на „претприемачка слобода“. Според него, миграциската политика на ЕУ довела до зголемено насилство, раст на бројот на криминални банди и на шверцот со дрогата, како и до проблеми со безбедноста на жените во Европа.Тагови: ЕП Фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играчРеал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа пред вечервашното Ел Класико против Барселона. Мадридскиот клуб официјално објави дека Тибо Куртоа (34), нивниот прв голман и еден од најважните играчи, нема да игра во најголемото шпанско дерби. Причината е грипот, поради кој белгискиот репрезентативец се откажа од тимот во последен момент. „Куртоа ќе го пропушти вечервашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 10-то коло од првенството поради грип. Илиа Волошин ќе го замени во тимот“, објави Реал Мадрид на својата официјална веб-страница. Тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој е без еден од своите најсигурни играчи пред еден од најважните натпревари во сезоната. Куртоа е стандарден прв голман за Реал, а неговиот квалитет и искуство доаѓаат до израз особено во најголемите натпревари. Мурињо мора да ги промени плановите во последен момент Се очекува Куртоа да биде заменет од украинскиот репрезентативец Андриј Лунин (27). Тој веќе покажа дека може успешно да го замени Белгиецот, особено во сезоната 2023/24, кога одигра важна улога во освојувањето на шпанското првенство и Лигата на шампионите од страна на Реал. Сепак, отсуството на Куртоа е сериозен хендикеп за Мадрид. Белгиецот е еден од најдобрите голмани во светот со години, а пред натпреварот против Барселона, неговата способност да се брани и да го држи тимот во игра е особено важна. Реал влегува во дербито шест бода зад лидерот Барселона, кој досега ги доби сите девет лигашки натпревари. Тимот на Ханси Флик би ја зголемил предноста на девет бода со победа, додека Реал би ја намалил разликата на само три бода со евентуална прослава. Ел Класико ќе се игра вечерва од 21:00 часот на Камп Ноу.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Шоу бизРаде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)Актерот Раде Шербеџија ги поддржа студентите во Србија и ги повика граѓаните да гласаат. Тој го објави ова со видео од Њујорк што го објави на Фејсбук, придружувајќи им се на бројни познати личности кои јавно го поддржаа студентското движење. Шербеџија се јави од Бродвеј во раните утрински часови и коментираше за големиот интерес за изборите кај луѓето од овие области кои живеат во САД. „Млади, стари, со насмевка на лицето“ „Рано е утро во Њујорк, јас сум на Бродвеј. Сонцето изгрева. Синоќа имаше многу од нашиот свет тука, низ цела Америка - Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк. Млади, стари, со насмевка на лицето, самоуверени и одлучни, и токму така“, рече Шербеџија. На крајот од видеото, тој ги повика граѓаните да излезат на гласачките места. „Ако сè уште не сте, излезете и гласајте. Студентите победуваат!“, рече тој. Висока излезност на изборите во Србија Да ве потсетиме дека денес во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат важен политички тест за владата на Александар Вучиќ. Политичката опција што произлезе од студентските протести што започнаа по падот на балдахинот на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица, учествува на изборите. Според податоците за излезноста до 16 часот, 56,6 процент од гласачите излегле на гласање, значително повеќе отколку во исто време на неколку претходни избори. Голем интерес за гласање е забележан и кај српските граѓани во странство. Стотици луѓе се собраа преку ноќ во Њујорк, долги редици се формираа во Лос Анџелес, а некои гласачи во Азија и Австралија патуваа илјадници километри за да го дадат својот глас.Тагови: Раде Шербеџија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзбори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место Бразилскиот претседателски кандидат Флавио Болсонаро, откако гласаше во вториот круг од претседателските избори на гласачко место во Рио де Жанеиро, изјави дека „дојде време за промени“.„Дојде време за вистински промени. Бразил не може да издржи уште четири години на својот сегашен пат“, рече Болсонаро, објави „Глобо“. Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше придружуван од неговата сопруга Фернанда Антунес Болсонаро. Болсонаро и сегашниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, левичар, се натпреваруваат во вториот круг. Тие имаат спротивставени идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања. Победата на Болсонаро би означила поместување кон десно за најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија. Избирачките места се отворија во 8 часот наутро и ќе се затворат во 17 часот по бразилско време. Во првиот круг, Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула. Во Бразил, гласањето е целосно електронско, што значи дека гласовите се бројат побрзо отколку во другите земји.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter