Пратеничката Ласовска избрана за известувач на следната седница на ПАБСЕК - Канал 5

Пратеничката Ласовска избрана за известувач на следната седница на ПАБСЕК

Како што информираат од собраниската прес-служба, на седницата членовите на Комисијата разговарале за извештајот на тема „Правни димензии на дигиталното управување и иновациите во регионот на Црноморската економска соработка“. 

Пратеничката Ласовска избрана за известувач на следната седница на ПАБСЕК

Пратеничката Благица Ласовска, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), која учествуваше на 67. седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка, која се одржа во Букурешт, Романија, е избрана за известувач за следната 68. седница на комисијата, за темата „Парламентарна поддршка за иновации: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во регионот на БСЕК“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на седницата членовите на Комисијата разговарале за извештајот на тема „Правни димензии на дигиталното управување и иновациите во регионот на Црноморската економска соработка“. Во рамки на дискусијата билр разгледани предизвиците и можностите поврзани со развојот на дигиталното управување, потребата од усогласување на законодавствата со меѓународните и европските стандарди, како и улогата на парламентите во креирањето и надзорот на правната рамка што ја регулира дигиталната трансформација.

Членовите на Комисијата ја истакнале важноста од зајакнување на институционалните механизми за заштита на личните податоци, кибербезбедноста и транспарентноста во користењето на новите технологии во јавната администрација. По разгледувањето на извештајот, Комисијата ја усвоила и нацрт-препораката која ќе биде доставена на разгледување на Генералното собрание на ПАБСЕК.

Во своето обраќање, Ласовска нагласила дека темата за дигиталното управување е од особено значење за нашата држава, имајќи предвид дека дигиталната трансформација е тесно поврзана со реформските процеси и со стратешката цел за членство во Европската Унија.

Таа посочила дека државата во изминатите години усвоила повеќе закони со кои се поставуваат темелите на современа правна рамка за е-управување, вклучително и законски решенија за електронски документи, електронска идентификација и заштита на личните податоци.

Ласовска истакнала дека дигитализацијата на јавната администрација претставува приоритет во реформската агенда на земјата и дека Собранието активно ја следи и поддржува имплементацијата на овие политики преку законодавната и надзорната функција. Таа нагласила дека, и покрај постигнатиот напредок во развојот на дигиталната инфраструктура и услугите, неопходно е да се вложуваат дополнителни напори за унапредување на дигиталните вештини кај населението и за обезбедување еднаков пристап до дигиталните услуги за сите граѓани.

Во својата дискусија, Ласовска ја потенцирала и потребата од засилена регионална соработка, имајќи предвид дека предизвиците поврзани со кибербезбедноста, протокот на податоци и новите технологии ги надминуваат националните граници.

Таа оценила дека ПАБСЕК може да одигра значајна улога во усогласувањето на правните рамки на земјите членки со европските и меѓународните стандарди, како и во размената на добри практики меѓу парламентите.

На крајот од своето излагање, Ласовска истакнала дека дигиталната трансформација мора да се темели на принципите на транспарентност, отчетност, инклузивност и почитување на основните права, нагласувајќи дека само на тој начин може да се изгради доверба кај граѓаните и да се обезбеди одржлив развој на дигиталното управување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер