Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
2Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
МакедонијаПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на Трендафилов изнесени за пратеничката СтојаноскаНаместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Ова не е напад врз семејство, ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира и отфрла неговите очајни обиди за дефокусирање од вистината. Правосудните органи веќе имаат чист случај пред себе во кој Трендафилов веќе требаше да дава исказ пред надлежните органи и да сноси одговорност за злоупотреба на службено возило за приватни цели. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, тој истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост. Јавно го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да истражи како се користело службеното возило во ССМ од денот на неговото назначување до денес. Дали во правилникот на ССМ пишува дека претседателот смее да го користи имотот на работниците како своја приватна сопственост за приватни потреби со гориво наполнето токму од парите на работниците? Трендафилов залудно бара виновници кај пратениците. Спорната снимка е преземена од социјалните мрежи и е веќе јавно достапна. Најверојатно е снимена од револтиран работник или член на ССМ, на кој му е преку глава од вакви „заштитници“ на работничките права. Трендафилов е фатен жив во сопствената лага и сега му е виновно ВМРО-ДПМНЕ за неговата неспособност. Јасно е дека неговата главна мисија не е платата на работникот, туку зачувување на сопствената фотелја и привилегиите кои очигледно не сака да ги пушти. Народот многу брзо ќе се увери во вистинското лице на овој човек чија уста е полна со патните трошоци на пратениците, додека рацете му се длабоко во џебот на работникот. Ова видео не е напад, туку огледало во кое Трендафилов не може да се погледне, бидејќи во него гледа функционер кој треба веднаш да си замине и да сноси кривична одговорност. Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. На крајот, нападот врз нашата колешка Дафина Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот. Кога немате аргументи, се служите со навреди и етикетирања. Упатуваме силна порака дека времето на манипулации заврши. Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Град Скопје вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамОфицијално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избранитеИлон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс. Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика. Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили. Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот. Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи. Извор: Б92Тагови: Tesla Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и наградиСиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook