Прашањето за Анкетна комисија за Кочани треба да се упати до пратениците, смета премиерот - Канал 5

Прашањето за Анкетна комисија за Кочани треба да се упати до пратениците, смета премиерот

Собранието нема конечен став за барањето на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани за формирање на анкетна комисија и за надзорна расправа во кои би се испитале пропустите на инситуциите, што го соопштија на протестот во Скопје во саботата

Прашањето за Анкетна комисија за Кочани треба да се упати до пратениците, смета премиерот

Прашан за постапката и дали наместо партиите евентуално тој би иницирал формирање на анкетна и надзорна комисија за Кочани, собранискиот спикер Африм Гаши во кратка изјава за Канал 5 посочи дека Парламентот е колективен орган и тој не одлучува сам за постапките, а сите иницијативи, вели, се разгледуваат кога се процесуирани согласно Деливникот.

Прашан дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините, премиерот Христијан Мицкоски одговори дека за тоа треба да одлучат пратеници, Владата ќе продолжи да им помага на семејствата на жртвите во кочанската дискотека.

- Ги слушнав двете барања. Апсолутно немам никаква дилема дека ние како Влада правевме, правиме и ќе правиме се што е потребно за да се помогне во тој случај, да се ублажи болката која што е неизмерна, неограничена, голема. Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така што таму ќе може сите и граѓаните и јавноста и вие медиумите што се се случувало, рече Мицкоски.

Но, засега освен Левица ниту една партија нема ваква иницијатива. Оттаму денеска порачаа дека власта нема веќе изговори, а надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има. Останатите партии без конечен став. Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ го повторија истиот став од пред два дена - дека не расправале во рамките на партијата за ваква иницијатива, но се залагаат за правда и очекуваат одговорноста да се утврди во судскиот процес. Од СДСМ, пак, велат дека би поддржале надзорна расправа и посебна анкетна комисија за Кочани но прво за ова прашање ќе се координираат по што ќе излезат со став.

Судењето за пожарот во „Пулс“ започнува во среда во судницата во Идризово, а на обвинителна клупа ќе седнат 34 физички и три правни лица. Сите се товарат за исто кривично дело – тешки дела против општата сигурност. На почеток на декември се очекува обвинение за полициските службеници, додека во рамки на кочанското обвинителство се води предистрага за лицата од УЈП.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. 

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија

Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија.

Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата.

Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар.

Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија.

Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем.

Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“

 Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп

Уапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“

Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Како што беше објавено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Џенин Џон Теил (38) на паркингот на голф-клубот, а во џебот од неговите панталони била пронајдена кутија со 16 куршуми со шуплив врв (hollow-point), додека во возилото биле пронајдени наполнето огнено оружје со куршум во цевката и уште една наполнета кутија со муниција со шуплив врв, пренесува ABC.

Теил е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување муниција за пробивање оклоп, односно забранета муниција, соопшти канцеларијата на шерифот.

По апсењето, детективите пронашле дополнително огнено оружје и „повеќе тетратки што содржеле вознемирувачки записи“ во домот на мажот. Осомничениот, идентификуван како 38-годишниот Џенин Џон Теил од Дауни, Калифорнија, е задржан во притвор со одредена кауција од 250.000 долари, а неговото појавување пред судот се очекува на 26 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.

Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании.

Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден.

Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.

Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат.

Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

Скопје, 05.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер