Прашања кои беа поставени од страна на Канал 5 за време на ТВ дуелот во вторник, 28.10.2025 - Канал 5

Прашања кои беа поставени од страна на Канал 5 за време на ТВ дуелот во вторник, 28.10.2025

Поради константните манипулации и фантзмагорични креации на лидерот на Левица и поголем дел од неговата партиска дружба, еве ги сите прашања кои беа поставени за време на фамозниот дуел. 

Прашања кои беа поставени од страна на Канал 5 за време на ТВ дуелот во вторник, 28.10.2025

Поставени прашања ( транскрипт ) во ТВ ДУЕЛ КАЈ ИВАН, 28 окт. 2025:

За Орце: Каде фалеше таа една некоја мала разлика отприлика Вие викавте кога ги праевте брифинзите дека последните денови ви фалат некои 7,000 гласови каде ги снема тие гласови?

За Амар: Амар твое мислење за ова што го кажува се согласуваш дека ова е нешто невидено до сега можеме да го доживуваме како таква голема разлика?

Сакам и гледачите да ве запознаат

За Орце: Орце Георгиевски по вокација што е

а и да чуеме што работно искуство има освен ова работењето како градоначалник

За Амар: Амар твоата биографија, рече 96та година…

За Амар : Во 2021ва е донесена нормата правната норма во изборниот законик каде што е детерминирано како што е детерминирано сега е 9 и пол минути од каде што отпагаат по половина по четири минути за двете наголеми партии нивните коалиции и каде што една минута се дели во рамките на собранието што е многу трагично и дискриминаторско е јас ако се прашувам повторно дека не се споменува една категориза на пратеници кошто имаат формирано пратеничка група…Не ми е тоа прашањето, зошто во 2021ва не реагиравте на тој момент?

АМАР ДИРЕКТНО ПРАШАЊЕ ДО ОРЦЕ

За Орце: Орце за тебе околу политичките теми а ти ги читам изјавите имаш и видео настапи каде што ги обвинуваш дека левица веке постигнала договор со СДСМ за коалицирање а веке и со ДУИ е на повидок, на што го базираш тоа и нели мислиш дека е малце политички некултурно да ги нападнеш лугето поради тоа што така вие во ВМРО-ДПМНЕ мислите?… А грев ли е рев ли е ако седат со ДУИ?

За Амар: Амар за ова? ( за коалиција Левица и ДУИ )

За Амар : Во две твои интервјуа последни користиш терминологија викаш гласачите на ВМРО се уценети. Можеш да ми дадеш доказ да им дадеш на гледачите ? Нели сметаш дека е малце и ова некултурно да ги наречеш гласачите на ВМРО дека еве 90 иљади сите се уценети?…од каде го влечеш то наратив дека се уценети луѓето?

За Орце: еве гледам СДСМ одржуваат неколку прес-конференции и те прозиваат и викаат како тоа Орце ке гарантира да се очисти Скопје кога не може својот двор во Расадник да го очисти и гледаме фотографии ѓубришта мини депонии и така натаму.

Имаш одговор на ова на ова обвинување?… Се појавуваат и ни праќаат меклови група

загрижени жители на Кисела вода коишто имале имоти во Расадник и зошто уште не се носел дупот?

За Амар: Амар ја некаде прочитав дека му поднесовте поднесок на градоначалникот на Кисела Вода мојот гостин овдека, Орце, за Кисела вода за некои згради. Знаеш конкретно за што е?…чекај ко ќе кажеш недоследности тоа значи незаконски дејанија?

За Амар: Амар тебе пошто со Орце почнавме, можеш ли да ми кажеш отприлика каков ти е планот за јавните претпријатија и нивната санација?…не те прашувам што било него ме интересира како планираш…значи 50те милиони долг кумулативни во овие сите навни претприатија коишто се под капата на град Скопје ке се сервисираатсо раскинување

на договорот со Маратон и другите штетни договори коишто се трошоци и непродуктивни. Но тоа мислиш дека ке ги врати тие 50те милиони во брз рок, јас не сум сигурен.

За Орце: Орце што викаш ти за оваа тема?

За Амар: имате во управен и надзорен она што го прочитав имате двајца во управен и еден во надзорен одбор на комунална хигиена во Скопје. Токму таа од којашто денеска директорот е на распит, не знам уште дали е завршен распитот во суд.И сега вие изминатиов , нели е малце лицемерие и хипокризија да седнувате и да критикувате

не зборам страшна хипокризија но зошто го правите тоа кога имате луѓе, во најмала рака тие луѓе кога виделе дека работата со комунална хигиена не оди во интерес на

граганите односно не се собира сметот оној обичниот некабастиот, не сте им дале наредба: Луѓе вие сте делегирани од страна на Левица, излезете од таму за да влечам jac легитимитет како Амар, како Левица да ги критикувам. Сега вие не можете да повлечете никаков легитимитет Амар поради тоа што се “внатре”?

За Орце: Дали е логично за 72 часа, она што во моментов ми е важно, да ми направиш дефиниција што е за тебе градот да биде чист?Дали само да се испразнат контејнерите или да ги очистиме другите , паркови училишта па дури и споменици, Камени мост е крш…

За Амар: твое мислење, за 72 часа ќе успее?…што би направил ти?

За Двајцата: што правиме кажете ми што правиме со загадуването и со воздухот? Мене ако ме прашате тоа е прв приоритет заедно со нечистотијата, која што не смее никако да ни биде приоритет, но за жал ни е, а загадувањето …

АМАР ДИРЕКТНО ПРАШАЊЕ ЗА ОРЦЕ

За Двајцата: што правиме со нашите сограѓани што горат гуми ,горат улье ги имаме на пет-шест локации во Скопје,ги знаете…

За Амар: не знам колку си шетал надвор од Скопје по европскиве метрополи, но огромен број на европски метрополи во одредени пунктови од централното градско нивно подрачје ја практикуваат употреба на таканаречени еднонасочни улици…ти имаш во програмата комбиниран превоз…

За Двајцата: ке каже ли еден градоначалник, еве од вас, да каже стоп за градење во централно градско подраче? Koj почнал, почнал нека заврши, а другите да имаат мораториум?

За Двајцата: Последната тема која што ja факаме е градската сигурност Не знам дали jа третирате како тема градската сигурност. За мене градска сигурност полека станува и опасно да се движиме навечер низ Скопје во одредени региони. Опасно е поради лугето коишто се агресивни. Опасно е поради кучината коишто ги има премногу на улиците а истовремено имаме лошо никакво осветлуване по улиците особено деловите на пешачките премини. Ние што возиме автомобили навечер мораме да бидеме мега внимателни…можеме ли Амар да чуеме од твоја уста што би направил за ова?

За Амар: Амар има неколку клучни точки кошто се навистина тесни грла во Скопје. Не знам колку знаеш , излезот од булеварот Александар Македонски, имаш ли некаква идеја? Знаеш дека се создава голема гужва и на влез и на излаз од булеварот?

За Амар: прочитав во твојата програма планираш поврзување на селото Матка со најблиската точка на обиколницата Мајка Тереза…

FB прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер