Познато е колку заработи Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Лоренцо Музети од Италија и се пласираше во големото финале на Вимблдон, каде го чека Карлос Алкараз во реприза на минатогодишната борба за пехарот - 3:0 (6:4, 7:6, 6:4).

Познато е колку заработи Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Вимблдон

Италијанецот навистина покажа солиден отпор, но едноставно ништо повеќе од тоа и Србинот заслужено продолжи понатаму.

Со тоа во целост ги одбрани сите бодови што ги освои минатата сезона на Вимблдон, затоа што играше финале и не само тоа, туку ќе биде и во плус 100 поени, затоа што се сменети правилата за 2024 година и финалето сега носи 1.300 поени .

Тоа значи дека Новак ќе има најмалку 8.460 поени во понеделник, а потенцијално и до 9.160 поени доколку го победи Шпанецот во големото финале в недела. Со оваа победа тој се зацврсти на второто место на АТП листата, бидејќи Карлитос нема да може да го стигне ниту да го одбрани пехарот.

Со пласманот во финалето, Новак Ѓоковиќ заработи сума од 1.400.000 британски фунти или 1.667.500 евра.

Доколку Ноле случајно го освои пехарот на Вимблдон, ќе добие чек од 2.700.000 фунти или поточно 3.215.000 европски банкноти.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

За разлика од претходните години, тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо нема понуди од ривалските клубови за кои би требало итни одлуки за неговата иднина, пишуваат германските медиуми.

Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“

Алонсо ја искористи репрезентативната пауза за националните тимови во март минатата сезона за да размисли за својата иднина, во услови на интерес од Баерн Минхен и друг негов поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи двата тима бараа нови тренери пред следната сезона.

Шпанскиот тренер најави дека останува во Леверкузен пред да го води тимот до првата титула во Бундеслигата, а потоа да остане непоразен и да го додаде триумфот во Купот на Германија.

-Ситуацијата сега е поинаква. Во тоа време имаше што да се решава. Овојпат нема. Тоа е големата разлика, прокоментира Алонсо.

Договорот на стручњакот со Баер Леверкузен трае до 2026 година. Тимот беше во зоната за испаѓање во Бундеслигата кога Чаби Алонсо го презеде во октомври 2022 година. Единствениот пораз на тимот од Леверкузен минатата сезона беше во финалето на Лига Европа против Аталанта - пораз со кој заврши нивната рекордна серија од 51 натпревар без пораз во сите натпреварувања.

Баер Леверкузен моментално заостанува шест бода зад Баерн во поредокот со преостанати осум кола од Бундеслигата и се уште може да го одбрани трофејот во Купот на Германија, бидејќи игра полуфинале против Арминија Билефелд во вторник.

Алонсо останува меѓу најпочитуваните тренери на континентот и се смета за потенцијален наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид - уште еден од поранешните клубови на поранешната шпанска ѕвезда. Но, Чаби Алонсо не попушта на размислувањата дали својата иднина ја гледа во Баер Леверкузен или на друго место.

-Моите размислувања се исти како што кажав претходно, останувам фокусиран на оваа сезона. Тоа е најважно, изјави Алонсо и додаде: „Се наоѓаме во важна фаза и не сакам да шпекулирам. Не сакам да размислувам за ништо друго освен за фудбалот“.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

- Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

Видео: Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот

Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот што го погоди соседен Мјанмар.

Видео: Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот

Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра го прогласи главниот град Бангкок за „вонредна зона“ по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар.

Голема зграда во областа на паркот Чатучак се урна, при што загина најмалку едно лице, а повредени се десетици граѓани а има информации за штети низ градот, јави Си-Ен-Ен.

Шинаватра „веднаш му наложи на Министерството за внатрешни работи да го прогласи Бангкок за вонредна зона и да ги извести провинциите ширум земјата да ја третираат ситуацијата како национална вонредна состојба, овозможувајќи итна јавна помош доколку е потребно“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

„Премиерката веднаш се враќа во Бангкок и ја повикува јавноста да избегнува високи згради, да користи само скали и да остане смирена. Сите владини агенции се брифирани, а училиштата добија инструкции да ги испратат децата порано дома, се вели во соопштението.

Владата предупреди дека може да има нови потреси во следните 24 часа. Силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мјанмар по првичниот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

притисни ентер