Познато е колкава алиментација ќе ѝ плаќа Ал Пачино (83) на 54 години помладата Нур - Канал 5

Познато е колкава алиментација ќе ѝ плаќа Ал Пачино (83) на 54 години помладата Нур

Според документите што ги видел Page Six, 83-годишниот Ал Пачино мора да ѝ плаќа на својата поранешна девојка Нур Алфалах (29) повеќе од 30.000 долари месечно како издршка.

Познато е колкава алиментација ќе ѝ плаќа Ал Пачино (83) на 54 години помладата Нур

Судот во Лос Анџелес му наредил на славниот актер да ѝ исплати на Нор уште 110.000 долари пред да започне со месечните исплати - 13.000 долари за ноќната медицинска сестра, а остатокот за сите сметки за здравствена заштита што не се покриени со здравственото осигурување. И не само тоа - судот му наредил на Пачино да плаќа 15.000 долари годишно во фондот за образование на неговиот најмлад син.

Судот одлучил Алфалах и Пачино да имаат заедничко старателство над детето.

За потсетување, Ал и Нур раскинаа на почетокот на септември, три месеци откако добија дете. Поранешниот пар беше во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Во мај оваа година, портпаролот на актерот потврдил дека Пачино и Нур го очекуваат своето прво заедничко дете. Медиумите тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. 

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните.

Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.

Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.

ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Ниту еден случај на фемицид,  ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. 

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди.

Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност.

Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект.

,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана

Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер