Познато е кој бил мажот што и` правел друштво на „маскираната“ Ким Кардашијан

Ким Кардашијан беше една од главните теми на овогодинешната Мет Гала поради црниот костим во кој се појави, што и` го покри нејзиното лице.

Заедно со Ким, непознат маж шеташе по цевениот тепих, се криеше под маска и многумина ги потсетувал на Канје Вест.

Сепак, наскоро се дозна за кој маж станува збор.

Ким на својата InstaStory објави дека се вика Демна Гвасалија. Тој е креативен директор на модната куќа Баленсијага.

Да потсетиме, Кардашијан се појави на црвениот тепих во црн фустан со потпис на Баленсијага со кој носеше соодветна маска преку лицето, како и наметка.

18 годишен тинејџер уби 8 лица во студенскиот кампус во Русија

Навидум мирниот студентски ден во Руски-Перм се претвори во ужас и борба за живот. 

18 годишен тинејџер уби 8 лица и повреди уште неколку во вооружениот напад во студенскиот кампус. Некои спасот го барале заклучувајќи се во амфитеатрите и кабинетите, додека пак други соочени со смртта скокаа од прозорците на објектите за да избегаат од заканата по нивниот живот.

Руските медиуми пренесуваат дека станува збор за Тимур Бекмансуров, 18 годишен студент, кој што непосредно пред нападот оставил порака за мотивот на она што следувало.

-Не сум припадник на екстремистичка организација, не сум религиозен и сум аполитичен. Никој не знаеше што ќе направам и дејствував самостојно. Од кога знам за себе секогаш размислував за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе направам се’ за со себе да земам колку можам повеќе животи.- Тимур Бекмансуров.

Според информациите од руското мвр, напаѓачот давал отпор, се забарикадирал во една од училниците и пукал кон полицијата, која во престрелката го ранила, а потоа и го уапсила.

Засега истражните органи кажаа само дека станува збор за студент, кои што потврдија дека напаѓачот давал навистина голем отпор на полицијата, одбивајќи да биде уапсен.

Во Мај во Русија се случи сличен настан, во Катарстан, каде што во училиште беа убиени 9 лица, а преку 30 беа повредени. И тогаш оние кои што беа нападнати спасот го бараа скокајќи од прозорците, некои од нив на тој начин и ги загубија животите.

Во Русија на сила се строги закони за цивилно поседување на оружје, но некои категории, како тие за лов, самоодбрана или спорт, може да се купат по тестирање и исполнети услови. Бекмансуров во својата објава опишал детално како го купил оружјето за кое што вели дека долго штедел.

Ковачки: Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели?

Дали експерти предупредиле да не се вградуваат пур панели и дали струјата е поврзана без проект?!

12 дена по пожарот во тетовската модуларна болница од ВМРО-ДПМНЕ и денеска со барање на одговори за несреќата но и како што наведуваат непристрасна истрага.

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители

Во Собранието опозицијата побара повлекување на предлог Законот за судии и јавни обвинители, кој според ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со европско знаменце.

Повеќе детали има Андријана Лазова.

Андријана кои се аргументите на власта и на опозицијата околу овој закон.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер