Познато е кога ќе дебитира првото електрично Ферари - Канал 5

Познато е кога ќе дебитира првото електрично Ферари

Првото нечујно Ферари доаѓа оваа година.

Познато е кога ќе дебитира првото електрично Ферари

Бескомпромисните перформанси, исклучителниот дизајн и карактеристичната мелодија на V12 (или помал) мотор отсекогаш биле главните предности на болидите на Ферари. Наскоро картите малку ќе се измешаат и Ферари ќе се приклучи на трендот на електрификација.

Тоа ќе се случи оваа есен, потврди лично извршниот директор на Ферари, Бенедето Вињано на презентација на која беа презентирани финансиските резултати и деловните планови. Вињано не сака да открие какви било детали за електричниот новитет, но рече дека ќе понуди нешто поразлично од другите електрични автомобили, тврдејќи дека комбинацијата на стил, перформанси и возбуда во возењето ќе го направи „уникатен“.

Првите индикации се дека тоа нема да биде класично спортско купе. Кросовер, или барем некој вид GT, има најголеми шанси.

Сепак, љубителите на октаните не треба да се грижат. Покрај електричниот новитет, Ferrari веќе го потврди доаѓањето на уште пет нови модели, меѓу кои и 12Cylinder Spider. Има големи шанси да се подготвува и наследник на моделот Рома, кој престана да се произведува минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети

Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава.  

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети

Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер.

Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и концертни сали низ САД и Европа.

Австриската вечер на „Охридско лето“ започна со увертира од Моцартовата опера „Магичната флејта“, а продолжи со две арии од првиот и вториот чин на операта. Потоа следуваше маестрална изведба на „Влтава“ од чешкиот композитор Беджих Сметана , едно од шесте композиции во неговиот славен циклус „Од мојата татковина“.

-Иако оригиналното дело е напишано за оркестар, ние направивме аранжман за четирирачно пијано кое звучи невројатно убаво, но е премногу тешко за изведба, појасни реномираниот американско-австриски пијанист Денис Расел Дејвис.

Фестивалската публика исто така уживаше и во совршената изведба на „Фантазија во ф-мол“, едно од најубавите дела на Франц Шуберт напишано за пијано четири раце.

Прекрасната Австриска вечер на која се слушаше само совршена изведба на четирирачното пијано под сводовите на „Света Софија“ и долги ракоплескања за уметниците, беше заокружена со три дела за четитирачно пијано од композиторот Филип Глас кој е близок пријател на пијано дуото. Тоа беа прелудиуми од оперите „Орфеј“ и „Патување“, како и неговото оригинално дело „Стоукс“.

Освен што настапуваат заедно, двајцата уметници имаат успешни индивидуални кариери како пијанисти, а Денис Расел Дејвид и како диригент.

-Јас сум и диригент и пијанист, а мојата сопруга Маки Намекава е пијанист. Вечерва заедно настапуваме на овој прекрасен концерт во преубавата црква „Света Софија“. Ова е прва наша посета на Охрид и многу сме импресионирани од тоа како бевме пречекани. Охрид е прекрасен град и се надеваме дека пак ќе се вратиме овде, ни изјави Денис Расел Дејвис.

За пијано дуото Денис Расел Дејвис - Маки Намекава дела пишуваат композиторите Филип Глас („Четири става за две пијана“) и Чен Ји („Западна кинеска свита“), а Филип Глас исто така го пишува делото „Два става за четири пијана“ кое двајцата врзвни уметници го изведуваат со сестрите Катја и Марија Лабек. Во 2019 година јапонскиот композитор Џо Хисаиши им го посветува делото „Варијација 57“ за пијано дуо и камерен оркестар, соопштуваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови

По свежите утра, викендов ќе донесе стабилно и топло време низ Македонија, додека нов бран нестабилност со дожд и грмежи се очекува од почетокот на следната недела.

Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови од земјата и долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат до 30 степени Целзиусови, што ќе овозможи пријатно летно време во текот на денот.

И во сабота и недела се очекува претежно стабилно време со мала до умерена облачност и топли дневни температури.

Промена на временските услови се најавува во понеделник, кога на повеќе места ќе има дожд, локални грмежи и нестабилност. Од вторник повторно ќе следува стабилизација на времето, проследена со постепен пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Велес се одржа јавна панел-дискусија посветена на органодарителството во Македонија

Во петокот, 24.7. во Велес се одржа осма по ред јавна панел-дискусија посветена на органодарителството во Македонија.

Во Велес се одржа јавна панел-дискусија посветена на органодарителството во Македонија

На дискусијата како и секогаш присуствуваа врвни експерти во својата област, националниот координатор и заменик-координатор за трансплантација, претседателот на здружението на приватни матични лекари, верски заедници, донори, пациенти кои чекаат орган за трансплантација и медиумите.

Целта е подигнување на јавната свест за потребата од органодарителството. Животот на пациентите зависи од едно ДА за согласност за донирање органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер