ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
1ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
2Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
ФудбалПознати учесниците во меѓуконтиненталните плејоф натпревари за Мундијалот 2026Во КОНКАКАФ зоната синоќа завршија квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Така, одредени се сите тимови што учествуваат во меѓуконтиненталните плејоф натпревари.Репрезентации носители ќе бидат: Ирак (Азија) и ДР Конго (Африка). Неносители ќе бидат Јамајка и Суринам (двете КОНКАКАФ), Боливија (Јужна Америка) и Нова Каледонија (ОФЦ). Репрезентациите ќе се натпреваруваат за две места на Светското првенство на крајот на март следната година. Ирак и ДР Конго ќе играат против победниците од двојките што ќе бидат одредени со ждрепка за репрезентациите неносители. Извлекувањето ќе се одржи утре. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. За прв пат на еден фудбалски Мундијал ќе учествуваат 48 репрезентации. Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиењеНова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина. Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод. И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето. Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање. Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања. Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство. Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира. Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа. Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување. Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината. Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителитеОпштина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри. „Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова. Општина Центар продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПоследователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил. „Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен. BREAKING: Saudi-led coalition STRIKES a Houthi fuel site in Yemen's Hodeidah > Coalition spokesman Turki al-Maliki says the "precision operation" hit resources the Houthis use for missile and drone attacks on Saudi Arabia and Red Sea shipping > Houthi media say 2 airstrikes hit an oil facility in Bajil district, injuring 3 civilians > It comes as smoke rose over an industrial site in Saudi Arabia's Dammam. Iranian state media blamed a Houthi strike; Saudi officials have not confirmed The Yemen front is heating up fast. 🎥 footage aired by Saudi-owned Al Arabiya -per Saudi Press Agency, Al Masirah — James Reichert (@_jamesreichert) November 1, 2026 Тагови: напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook