РакометПознати термините за четвртфиналето во ЕХФ Лигата на шампионитеЕвропската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите четвртфиналисти на Лигата на шампионите и ТВ куќите кои вршат пренос ги објави термините и саатниците за натпреварите од Топ-8 фазата. Првиот меч меѓу македонскиот шампион Вардар и германски Флензбург се игра на 22 април (сабота) во „Фленс Арена“ во Флензбург во 17:30 часот. Реваншот е во Скопје на 27 април (четврток) со почеток во 19 часот. Победникот од овој двомеч ќе игра на Ф4 турнирот во Келн, ГерманијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се 16 возачи за безобѕирно возење- 11 биле без возачкаЛишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имало активна забрана за управување. Возачи од Скопје, Куманово, Гостивар, Кривогаштани и Кочани биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, додека возачи од Виница и Кочани управувале мопеди иако не поседувале соодветна возачка дозвола. Под дејство на алкохол бил затекнат возач од Македонска Каменица, додека возач од Општина Дебарца, кај кого биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода, удирајќи во бетонска жардињера. Кај возач на мотоцикл од Кавадарци биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта, а кај возач на мопед од Кочани 1,88 промили алкохол во крвта. Исто така, кај едно лице од Прилеп, кое управувало возило под дејство на алкохол и кај кое биле измерени 2,45 промили алкохол во крвта, при извршените проверки било утврдено дека има активна забрана за управување со моторно возило. По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд понеделник до 1 јули нема да сообраќаат возови од Скопје до Велес, Битола и ГевгелијаОд 22 јуни до 1 јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопје во правец кон Велес, Битола и Гевгелија, поради градежни работи на железничката делница Скопје – Зелениково.Од ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ информираат дека привремениот прекин е поради изведување на завршни градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, за потребите на проектот „Градски воз“. „Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година нема да сообраќаат возовите“, соопштија од ЈП МЖ – Инфраструктура. Во овој период нема да сообраќаат патничките возови од Скопје кон Велес, Гевгелија и Битола, ниту возовите во обратна насока. Нема да сообраќа ниту патничкиот воз што напладне тргнуваше од Битола во 12:46 часот и по пристигнувањето во Велес во 15:25 часот се враќаше назад, иако не минува низ делницата Скопје – Зелениково што се реконструира. Во следните десет дена во земјава ќе сообраќаат само двата патнички воза кон Куманово — утринскиот и пладневниот, како и исто толку возови во обратна насока кон Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКанадскиот селектор стана апсолутен хит со танцот по победата (ВИДЕО)Канадската фудбалска репрезентација минатиот четврток испиша историја, освојувајќи ја својата прва победа на Светското првенство со убедлив настап против Катар. Сепак, и покрај победата со шест гола разлика, моментот од натпреварот што стана вирален низ целиот свет беше необичната прослава на канадскиот тренер Џеси Марш од аут-линија. Танцот што стана интернет хит Откако Таџон Бјукенен беше соборен во шеснаесетникот на Катар во средината на првото полувреме, тренерот Марш не можеше да ги сокрие своите емоции. Тој истрча по теренот и изведе танц преку чиста импровизација, мавтајќи со рацете и енергично танцувајќи, а истовремено изгледаше како самиот да ја сигнализира најстрогата казна. Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи сè уште се обидуваат да сфатат што точно сакал да каже 52-годишниот Американец. „Ова е GIF од целото првенство, без понатамошно одложување“, напиша еден навивач, додека друг додаде: „Човекот заслужува награда за овој мем“. Исто така, имаше хумористични коментари, како на пример: „Само не дозволувајте белото момче премногу да се занесе“, а некои предложија Канада да ја замени репликата „Чарли Браун“ во популарната песна „Ча-Ча Слајд“ со танцовиот потег на Марш. Други го споредија со месар кој сече шунка, додека некои сметаа дека дипломецот од Принстон само ја пушта својата екипа од „Ајви лигата“ да се опушти. Canada coach Jesse Marsch just gave us the best meme of the World Cup so far pic.twitter.com/Lrl4bvLt2c — Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 19, 2026 Не беа сите импресионирани Сепак, не беа сите задоволни од однесувањето на Марш. Ирскиот телевизиски аналитичар Алан Ко од RTÉ Sport беше многу критичен, нарекувајќи ја неговата прослава „глупост“. „Имајте малку стил и достоинство, ова е само вториот натпревар од групата на турнирот“, рече Ко. „Само соберете се и смирете се малку“. Irish soccer analyst @alancaw with @RTEsport had some harsh words for Canada's coach Jesse Marsch following their thrashing 6-0 win against 🇶🇦. "Have a bit of class, it's only the second group game of the tournament. Put a lid on it. It's nonsense."pic.twitter.com/HlZrTXTgaR — Marley Dickinson (@marleydickinson) June 19, 2026 Марш: Треба да славиме моменти како овој По натпреварот, Марш накратко се осврна на својата енергична прослава, објаснувајќи дека победата не е обичен момент за неговата земја. „Треба да го славиме успехот“, рече тој. „Големи моменти како овој не се случуваат лесно. Тоа беше важен момент за спортот во оваа земја“. Победата против Катра е од огромна важност за Канада. Имено, до минатиот четврток, нивната машка репрезентација никогаш не победила на натпревар од Светското првенство, ниту пак постигнала повеќе од еден гол на турнирот. Убедлива победа ја става Канада во одлична позиција да се пласира во осминафиналето поради подобрата гол-разлика. Следниот противник ќе зависи од исходот на последниот натпревар во Групата Б против Швајцарија. Двете репрезентации моментално имаат по четири бода, но Канада е во водство поради гол-разликата, што е прв критериум во случај на ист број бодови. Канада може да го обезбеди првото место во групата со победа или нерешен резултат против Швајцарија. Натпреварот ќе се игра следната среда во Ванкувер, со почеток во 21:00 часот по средноевропско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48