Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
МакедонијаПознати спортисти со поддршка за Плазма Спортските игри за младиАгим Ибраими и Тасески ги поздравија СИМ: Спортот ги гради младите.„Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади во својата прва сезона беше одбележан во 11 градови: Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Тетово. Решителноста на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски да поддржат проект кој овозможува бесплатен спорт за секое дете е уште една потврда дека во нашата држава на прво место се младите и иднината. Нема поубава награда од искрените детски насмевки. СИМ ги учи младите дека спортот е најважната алатка во градењето вистински вредности: толеранција, фер-плеј и создавање пријателства за цел живот. На едно место ги споивме легендите кои се запишани во историјата на македонскиот спорт и иднината која допрва треба да ги наследи. Желбата Плазма Спортските игри за млади да се одржат во Македонија ја поздравија врвни спортисти. Игрите оваа година слават 30-годишен јубилеј во Хрватска, а се одржуваат и во Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. „Честитки до организаторите за овој прекрасен спортски настан. Многу е важно да ги поттикнеме децата да го засакаат спортот и да се обидеме да ги оттргнеме од мобилните телефони. Токму на оваа возраст сите сме ги направиле првите спортски чекори, па затоа е одлично што во Македонија за првпат се одржуваат Плазма спортските игри за млади. Се надевам дека овој голем настан ќе прерасне во традиција“, порача од Тетово поранешниот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими, кој зад себе има блескава кариера и е вистински пример за професионалец. Во Охрид порака испрати членот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој со својот тим ја освои шампионската титула во ЕХФ Европскиот куп. „Пофалби за организацијата. Многу е важно децата да ги оттргнеме од долгото време поминато пред компјутери и мобилни телефони и да ги поттикнеме да се дружат, да се забавуваат и да се натпреваруваат. И јас токму на оваа возраст го засакав спортот. Почнав со атлетика три години, потоа продолжив со бокс исто толку, а потоа се вљубив во ракометот, каде што сум веќе 15 години.“ Регионалните натпревари во СИМ продолжуваат, а се очекуваат победниците кои ќе настапат на Државното првенство, од каде најдобрите ќе обезбедат пласман на големото финале кое ќе се одржи во Сплит од 17 до 22 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено пукањето од 08 август во тетовско, лишени се од слобода три лицаНа 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на 10.08.2026 во периодот од 20:00 до 22:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претрес во домот и помошните простории на Д.С.(44) во Тетово. При претресот се пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 мм, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка, а поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 и сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик од слобода е лишена Ф.С.(58) од Тетово. Исто така, во врска со настанот, во 23:40 часот во СВР Тетово сама се пријавила Ф.С.(31) од Тетово. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје е безбедна за пиење – надлежните институции вршат континуирани контролиВо јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење.Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според достапните информации, таа постои околу 30 години. Сепак, секоја локација која претставува потенцијален еколошки проблем треба соодветно да биде третирана и расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје. Во однос на безбедноста на водата, контролите се вршат континуирано. Секојдневно се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Изворот „Рашче“ е под 24-часовен надзор и обезбедување, со воспоставени мерки за заштита на извориштето, вклучително и видеонадзор и физичко обезбедување на просторот. Ги повикуваме граѓаните да се потпираат на официјалните информации и резултатите од лабораториските анализи, а не на непроверени информации и шпекулации кои можат непотребно да создадат страв и паника. Водата што ја пијат скопјани е безбедна. Здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет и за нив нема место за компромиси. Доколку постои каков било реален ризик, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана. Со почит, Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Завршена фазата на поставување енергетско-ефикасно осветлување во БардовциВо рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување.На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетско-ефикасни светилки, исто така со можност од 35 вати. Новото осветлување ќе придонесе до подобра видливост на јавните ппвршини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасно користење на електричната енергија, преку примена на современи и енергетски ефикасни решенија. Општина Карпош продлжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на својата територија. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook