Познати сите учесници на Мундобаскет 2023 - Канал 5

Познати сите учесници на Мундобаскет 2023

Станаа познати сите 32 земји кои ќе учествуваат на Светското кошаркарско првенство во 2023 година.

Познати сите учесници на Мундобаскет 2023

Земји учеснички од Европа (12): Грција, Латвија, Финска, Германија, Словенија, Литванија, Франција, Шпанија, Италија, Грузија, Црна Гора, Србија.

Земји учеснички од Америка (7): Канада, САД, Доминиканската Република, Порторико, Бразил, Венецуела, Мексико.

Земји учеснички од Азија (8): Австралија, Кина, Јапонија, Иран, Либан, Нов Зеланд, Филипини, Јордан.

Земји учеснички за Африка (5): Брегот на Слоновата Коска, Ангола, Јужен Судан, Египет, Зелено'ртски Острови

Мундијалот ќе се одржи од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипини. Ждрепката ќе се одржи на 29 април во Манила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Трамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател  Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потонал

Два брода беа нападнати од дронови во близина на бугарскиот брег на Црното Море, при што еден од нив потона. Премиерот Румен Радев ја потврди веста и изјави дека ова е втор таков инцидент во изминатата недела.

Два брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потонал

Бродот „Челзи 3“, во сопственост на украинска компанија и кој пловел под малтешко знаме, бил погоден од три дрона околу 1:30 часот по полноќ. Нападот се случил на приближно 18 наутички милји, односно 33 километри, од бугарскиот брег.

Екипажот се состоел од седум Украинци и осум Азербејџанци. Сите биле спасени, а пет члена на екипажот добиле медицинска помош, но никој не бил сериозно повреден.

За вториот брод, за кој официјалните лица дознале на вонредна седница на Советот за безбедност, било потврдено дека потонал на околу 17 наутички милји источно од Крапец. Според првичните информации, спасен е еден член на екипажот.

Политички реакции

„Ова е целосно неприфатливо – уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води“, рече Радев во телевизиско обраќање. Тој најави дека има намера да разговара за инцидентот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Премиерот истакна дека нема јасни докази за тоа кој го извршил нападот, но додаде дека исходот ѝ оди во прилог на Руската Федерација. Поради овој настан, тој најави дека ќе ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова на разговор. За инцидентите се известени и постојаните претставници на Бугарија во НАТО и во Европската унија.

Бугарија не граничи со Украина или Русија, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и двете завојувани страни имаат важни пристаништа. Постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади со дронови извршени од Русија паралелно со војната во Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница на која своите кандидатури ќе ги претстават петте пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Кандидатите според официјалната кандидатска листа, се Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија раичевиќ,, како и обвинителите од ОЈО ГОКК – Искра Хаџи-Василева и Фатон азизи.

Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8 до 16 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер