СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
1СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
РакометПознати сите европски селекции кои ќе играат на СП за ракометаркиСо одигрувањето на четирите реванш дуели од баражот, комплетиран е списокот на сите европски селекции кои ќе играат на Светското првенство за ракометарки Репрезентациите на: Црна Гора, Русија, Словенија и Чешка, изборија пласман на Мундијалот во Германија што ќе се одржи кон крајот на годинава. Резултати од синоќешните средби: Белорусија - Црна Гора 25:23 (вкупни 51:58), Полска – Русија 28:32 (48:63), Словенија – Хрватска 27:28 (55:51) и Турција – Чешка 23:31 (48:60). На претходно одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Шведска – Македонија 46:27 (77:47 вкупен резултат) и Австрија – Романија 24:33 (67:53), Србија – Италија 34:16 (67:39), Словачка – Унгарија 24:24 (43:52) и Шпанија – Украина 22:20 (46:44). Пласман на СП од европската зона претходно имаат обезбедено, Норвешка, Данска, Холандија и Франција како првопласирани од Европското првенство 2016 и Германија како домаќин, а по бараж дуелите им се приклучија: Шведска, Австрија, Србија, Унгарија и Шпанија . Мундијалот во Германија ќе се одржи во декември годинава, а ждрепката за групите е предвидена за 27 јуни во Хамбург. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
АвтомобилизамКлима уред или отворени прозорци? Еве кога возачите трошат повеќе горивоЗа време на летните горештини, многу возачи се прашуваат што е поекономично - возење со отворени прозорци или вклучување на клима уредот.Истражувањата покажуваат дека одговорот зависи првенствено од брзината на возилото. Според студија на Друштвото на автомобилски инженери (SAE), границата е околу 72 км/ч. При помали брзини, поекономично е да се отворат прозорците и да се лади кабината природно. Меѓутоа, при поголеми брзини, отворените прозорци значително го зголемуваат отпорот на воздухот, па потрошувачката на гориво може да се зголеми до 20 проценти. Од друга страна, користењето на клима уред генерално ја зголемува потрошувачката на гориво до 10 проценти, што го прави поекономично решение на отворен пат и автопат. Експертите забележуваат дека резултатот е под влијание на бројни фактори, како што се аеродинамиката на автомобилот, бројот на отворени прозорци и интензитетот на клима уредот. Меѓутоа, правилото од 72 км/ч може да послужи како добра насока. Во градското возење, дополнителен проблем е загадувањето на воздухот. Затоа, се препорачува климатизацијата да се користи со вклучена рециркулација на воздухот, за да не влегуваат издувните гасови од околината во кабината на возилото. Заклучокот е едноставен: во град, отворените прозорци можат да бидат поекономични, додека при поголеми брзини, климатизацијата е често подобар избор и за удобност и за потрошувачка на гориво. Извор: Б92Тагови: гориво клима уред Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
МакедонијаСДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијаниеЕвропскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата.СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна. Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот. Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија. Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности. Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел. Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање - руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија. Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење. Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи. Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден. Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него. СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање - било тоа руско, кинеско или регионално. Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политикаКоалицијата „Менуваме“ со апел да се разгледа според нив незаконското намалување на работното време на услугите за лична асистенција за лицата со попреченост, издавањето лиценци со кршење на законските процедури.Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook