2На граничните премини „Богородица“, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила
3Кошмар во национален парк: Се преврте камион со 250 милиони пчели- роеви ги напаѓаат минувачите (ВИДЕО)
РакометПознати половина двојки за осминафиналето на ракометниот Мундијал Со одигрување на натпреварите од последното 5.коло во групите А и Б, познати се четирите двојки за осминафиналето на Светското ракометно првенство во Франција.На натпреварите одиграни вчера беа постигнати овие резултати: А група: Русија – Бразил 28-24, Франција – Полска 26-25 и Јапонија – Норвешка 23:28. Табела: Франција 10 бодови, Норвешка 8, Русија 6, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0. Б група: Тунис – Ангола 43-24, Македонија – Исланд 27-27 и Шпанија – Словенија 36:26. Табела: Шпанија 10, Словенија 7, Македонија 5, Тунис 4, Исланд 3, Ангола 0. На овој начин репрезентацијата на Македонија за противник во осминафиналето ќе ја има селекцијата на Норвешка, против која ќе игра во сабота во терминот од 16 часот во Албервил. Останатите три осминафинални двојки ги сочинуваат: Франција – Тунис (18 часот), Русија - Словенија и Бразил – Шпанија (од 20.45 часот). Денеска на програмата се натпреварите од последното коло во Ц и Д групите по што ќе бидат познати сите осминафинални парови. Двојките за денеска се: Ц група: Чиле - Саудиска Арабија, Германија – Хрватска и Белорусија – Унгарија. Табела: Германија 8, Хрватска 8, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0. Д група: Бахреин – Аргентина, Шведска – Египет и Катар – Данска. Табела: Данска 8, Шведска 6, Египет 6, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош вложува во модернизација на јавниот просторОпштина Карпош започна со реализација на активности за унапредување на јавниот простор, поттикнување на рекреативни содржини и создавање места за дружење и активен живот на граѓаните. Како дел од овие активности, поставени се пет нови шах маси со две седишта кои овозможуваат истовремено користење од двајца играчи. Со оваа иницијатива, јавниите површини во Карпош добиваат содржина која ги обединува генерациите и го поттикнува развојот на интелектуалните и социјалните вештини. Шах масите се поставени на пет локации низ општината: УЗ Влае – плоштад „Делфина“, УЗ „Пецо Божиновски Кочо“ – кај бродчето, УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ – кај споменикот, плато кај Млечен и Карпош 3 – кај фонтаната. Проектот во наредиот период ќе продолжи да се реалиизра и во останатите урбани заедници, со цел што повеќе жители ќе добијат можност да уживаат во оваа древна интелектуална игра и квалитетно поминато време во своето маало. Средствата за реализација на активноста се обезбедени преку Годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектот е компанијата Мегаспорт од Скопје. Општина Карпош останува посветена на создавање современа, функционална и достапна средина за сите граѓани, со содржини кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и посилна локална заедница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа граничните премини „Богородица“, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возилаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини “Богородица”, “Дојран” и “Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8000 денариВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат. Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната. Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените. Оваа позитивна тенденција не е ограничена само на одредени сектори, раст бележат информациите и комуникациите, транспортот, рударството, недвижностите, и многу други дејности, што покажува дека напредокот е широк и го опфаќа целото општество. Инфлацијата се стабилизира, економијата расте, а платите продолжуваат нагорна патека. И ова е само почетокот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на уште подобри економски резултати во иднина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter