Познати победниците на ФАЈНЛ ФОР средноучилишната лига на Град Скопје за учебната 2021-2022 год - Канал 5

Познати победниците на ФАЈНЛ ФОР средноучилишната лига на Град Скопје за учебната 2021-2022 год

Познати победниците на ФАЈНЛ ФОР средноучилишната лига на Град Скопје за учебната 2021-2022 година, одиграни над 240 натпревари

Познати победниците на ФАЈНЛ ФОР средноучилишната лига на Град Скопје за учебната 2021-2022 год

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ – Ѓорче Петров вчеравсе одиграа финалните натпревари од завршниот ГРАДСКИ ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година.

ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ОД ГРАДСКИОТ ФАЈНЛ ФОР

• ФУТСАЛ МАШКИ ФИНАЛЕ

СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“ : СУГС „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“

ПРВО МЕСТО - СУГС „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“

ВТОРО МЕСТО – „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

• ФУТСАЛ ЖЕНСКИ ФИНАЛЕ

ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“ : СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

ПРВО МЕСТО - ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН“

• РАКОМЕТ МАШКИ ФИНАЛЕ

СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“ : СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

ПРВО МЕСТО - СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

• РАКОМЕТ ЖЕНСКИ ФИНАЛЕ

СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“ : СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“

ПРВО МЕСТО - СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „МАРИЈА КИРИ - СКЛОДОВСКА“

• КОШАРКА МАШКИ ФИНАЛЕ

СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“ : СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

ПРВО МЕСТО - СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

ТРЕТО МЕСТО - ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

• КОШАРКА ЖЕНСКИ ФИНАЛЕ

СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ : СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

ПРВО МЕСТО - СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

• ОДБОЈКА МАШКИ

СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ : СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

ПРВО МЕСТО - СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН“

• ОДБОЈКА ЖЕНСКИ

СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“ : СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

ПРВО МЕСТО - СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

ВТОРО МЕСТО - СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

ТРЕТО МЕСТО - СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“

Прваците на Град Скопје во сите спортови, ќе го претставуваат Градот на државното средноучилишно првенство на Македонија ГИМНАЗИЈАДА - СПОРТСКИ ИГРИ во машка и женска конкуренција, што ќе се одржи во Струмица на 12 и 13 мај оваа година.

За потсетување во текот на септември и октомври 2021 година, во Скопје се одиграни квалификациски натпревари на градските зонски лиги во одбојка, кошарка, ракомет и футсал во машка и женска конкуренција:

1. Одбојка машки - 16 екипи

Одбојка женски - 23 екипи

Вкупно се одиграни 57 натпревари

2. Кошарка машки - 22 екипи

Кошарка женски - 17 екипи

Вкупно се одиграни 58 натпревари

3. Ракомет машки - 18 екипи

Ракомет женски - 16 екипи

Вкупно се одиграни 56 натпревари

4. Футсал машки - 27 екипи

Футсал женски - 19 екипи

Вкупно се одиграни 69 натпревари.

На овие квалификациски натпревари учествуваа 158 средноучилишни екипи од Скопје, и беа одиграни 240 натпревари.

Во декември 2021 година се одиграа вкупно 96 натпревари во зонските лиги во одбојка, кошарка, ракомет и футсал во машка и женска конкуренција.

За регионалните натпревари се квалификуваа:

• ФУТСАЛ МАШКИ

А – СУГС „ЦВЕТАН ДИМОВ“

Б – СУГС „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“

В – СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

Г – СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

• ФУТСАЛ ЖЕНСКИ

А – ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

Б – СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

В – СУГС „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“

Г – СУГС „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН“

• РАКОМЕТ МАШКИ

А – СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

Б – СУГС „ЈОСИП БРОЗ -ТИТО“

В – СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

Г – СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

• РАКОМЕТ ЖЕНСКИ

А – СУГС „МАРИЈА КИРИ - СКЛОДОВСКА“

Б – ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

В – СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“

Г – СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

• КОШАРКА МАШКИ

А – СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

Б – ДУФК „МЕТОДИ МИТЕВСКИ - БРИЦО“

В – СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

Г – СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

• КОШАРКА ЖЕНСКИ

А – СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Б – СУГС „ЗЕФ ЉУШ МАРКУ“

В – СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“

Г – СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

• ОДБОЈКА МАШКИ

А – СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Б – СУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“

В – СУГС „Д-р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“

Г – СУГС „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН“

• ОДБОЈКА ЖЕНСКИ

А – СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“

Б – СУГС „ЈОСИП БРОЗ - ТИТО“

В – СУГС „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“

Г – СУГС „НИКОЛА КАРЕВ“

Во март, април и мај 2022 година, се одиграа вкупно 32 полуфинални и финални натпревари во сите спортови.

Градот Скопје посветено работи на афирмација на спортот и спортувањето меѓу средношколците и на унапредувањето на училишниот спорт во средните училишта под негова ингеренција.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог.

Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.

Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија.

Целта им е да го убедат народот дека тие се елита.

Исто како елитата на СНС.

Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“.

Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.

Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.

Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма.

Повеќе ниту се кријат.

За поголема минимална плата – ниту збор.

За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор.

За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор.

За реформи – ниту збор.

Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.

Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.

Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.

Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“.

Ова е отворено презирање на сопствениот народ.

Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.

Граѓаните не се талог.

Граѓаните се сопственици на оваа држава.

А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово.

Ќе победи народот.

Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во петок ќе се задржи сончево и топло време. Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер. Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер