Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
2Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
КултураПознати наградите за животно дело и репертоарот на 55-ти МТФ „Војдан Чернодрински"Фестивалот на 1 октомври, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков" ќе биде свечено отворен со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренцијата за награди. Актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров се годинашни добитници на наградата за животно дело на јубилејното 55-то издание на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински" кој ќе се одржи од 1 до 8 октомври во Прилеп. Ова е одлуката на собранието на Фестивалот. Најзначајниот театарски фестивал кој ги презентира најдобрите остварувања на македонските професионални театри, лани, поради пандемијата, не го одржа јубилејното 55-то издание и одлучено е тоа да се одржи од 1 до 8 октомври според сите протоколи. Веќе е позната и фестивалската програма. Фестивалот на 1 октомври, на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков" ќе биде свечено отворен со доделувањето на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренцијата за награди. Тоа е претставата на Македонскиот народен театар од Скопје „Мој Термин" во режија на Синиша Евтимов, според мотивите на Лорен Бафи и на Винсенте Виљануева. На втори октомври ќе биде промовирана книгата на Тена Штивичиќ „Невидливите", а на програмата се уште две претстави во конкуренција: „Вечера за глупаци" од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија" од Скопје, а потоа е претставата „Глембаеви" од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец на театарот „Војдан Чернодрински" од Прилеп. В недела на 3 октомври на репертоарот се претставите на кумановскиот театар „Вообразен болен" од Молиер во режија на Драган Гунин и на Драмски театар од Скопје „Мојот маж" од Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ. На 4 октомври фестивалот отвора трибина на тема „Театарот во Ковид-19. Проблеми и решенија" , модератор ќе биде Катарина Коцевска Хаџи Василева, а на репертоарот се уште две претстави. Албанскиот театар од Скопје на сцената прилепскиот театар ќе ја изведе „Мурлин Мурло" од Николај Кољада во режија на Кристина Димитрова, а во Центарот за култура, велешкиот народен театар ќе се претстави со „Херои 04:33" од Сашо Димоски во режија на Деан Дамјановски. На 5 октомври на репертоарот на Фестивалот се тетовскиот театар со претставата „Страст и алчност" од Јуџин О Нил во режија на Фитим Селими и ќе се игра на сцената од Центарот за култура. Потоа, во прилепскиот театар е претставата „Едип коментари" според мотиви од Едип на Софокле во режија на Драгана Милошевски Попова, а во продукција на штипскиот народен театар. На 6 октомври ќе има промоција на книгата „Горан во Драмски" и уште две претстави во конкуренцијата: Турски театар од Скопје ќе ја изведе „Славната Флоренс" во режија на Драгана Милошевска Попова, а потоа е претставата на охридскиот театар „Крик за љубов" во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Последниот фестивалски, репертоарски ден на 7 октомври ќе донесе три претстави. Прво е претставата на Театарот за деца и младинци од Скопје „Едвард раце ножици" во режија на нела Витошевиќ, потоа е претставата на битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не?" во режија на Мартин Кочовски и последната репертоарска претстава е на Факултетот за драмски уметности „Мурлин Мурло", дипломска претстава на студентите од отсекот Драмски актери кај професорите Сузана Киранџиска и на Кристина Леловац. В петок на 8 октомври жирито во состав Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија ќе ги соопшти најдобрите остварувања на јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински". Свеченото затворање на Фестивалот во прилепскиот народен театар ќе биде со доделувањето на наградите на најуспешните и со изведбата на Дрански театар од Скопје „Драмски за Конески", во чест на наградените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
МакедонијаСобранието ги избра новите 8 министриВо Собранието беа избрани 8-те новите министри во Владата предложени со владината реконструкција. За изборот на нови министри гласаа само пратениците од владеачкото мнозинство односно 69 пратеници. Опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил поранешниот министер за односи со заедниците и нов министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Попладнево, ситуацијата ексалираше, откако опозијата го обвини Стоилковиќ дека упатил навреди и пцовки на адреса на пратениците на СДСМ Фатмир Битиќи и Митко Трајчулевски надвор од салата, за време на попладнвената пауза. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на Вреди, министер за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а нов министер без ресор е Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Новите министри беа избрани со 69 гласа „ЗА“, без ниту еден воздржан и против.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала„Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде“Имате ситуација во Парламент, Артан Груби го нарекува криминалец Сашо Мијалов, од друга страна излегува дека тој го ослободува од затвор. Тоа што политичарите го прават нечесно, нема врска со патриотизам, туку имаат за цел да ги лажат граѓаните за да добијат гласови. Треба само малку да ги гледаш работите пологично и да бидеш порационален за да сфатиш. Не знам што е лошо некој да каже дека ја почитува државата во која што живее за да добие негативнии коментари. Треба ли да пишувам дека ја сакам Албанија, а не ја сакам Македонија, за да добивам позитивни коментари? Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде. Замисли каков притисок ќе биде направен на властите ако целиот народ и Македонците и Албанците и сите други останати се обединат за некои прашања, како што се на пример загадувањето, за неправди, каков ли притисок ќе имаат властите ако народот се обедини за таков вид на прашања. И кога притисокот кон властите е поголем, тогаш и можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала. Тогаш тие ќе чувствуаат притисок и повеќе ќе работат за граѓаните, помалку за себе, вели Умејр Мухамеди во Само Вистина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМарта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволниИзборот на Марта Бунд за Мис Болоња 2026 предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Откако беше прогласена за победничка на регионалниот натпревар, следеа илјадници коментари, а мислењата на корисниците беа целосно поделени. Дел од дебатата беше за нејзиното африканско потекло. Додека дел од јавноста ја гледа победата на Марта како знак на отвореност и инклузивност, други изразија незадоволство од исходот од натпреварот. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Во коментарите, некои корисници тврдеа дека изборите за убавина треба да го претставуваат „традиционалниот изглед“ и културното наследство на регионот. Други, пак, нагласија дека потеклото не треба да игра никаква улога во евалуацијата и дека единственото нешто што е важно е како кандидатките се претставиле и ги исполниле критериумите за натпреварување. Што всушност освои таа? Дебатата беше дополнително поттикната од објави што содржеа неточни или нецелосни информации, па затоа вреди да се разјасни што е во прашање. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Марта Бунда не беше крунисана за Мис Италија, туку ја освои титулата Мис Болоња 2026. Тоа беше регионално натпреварување кое ѝ обезбеди место во овогодинешното финале на Мис Италија. Организаторите стојат зад својата одлука Ваквите дискусии не се ништо ново во Италија. Во претходните години, учеството или победите на кандидатки од странско потекло, исто така, предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи и кај дел од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Организаторите на натпреварот сè уште не дадоа коментар за контроверзноста, а резултатот од регионалниот натпревар останува на сила. Во меѓувреме, дебатата за современите идеали за убавина, идентитет и претставување на различни заедници продолжува на социјалните мрежи. Извор: Индекс.хрТагови: Мис Болоња Марта Бунд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29