Познати финалистите за годишните награди на ДПМ, доделување на наградите на 18 септември - Канал 5

Познати финалистите за годишните награди на ДПМ, доделување на наградите на 18 септември

 Друштвото на писатели на Македонија денеска ги соопшти финалистите за традиционалните награди за 2023 година што ќе бидат доделени на 18 септември. 

Познати финалистите за годишните награди на ДПМ, доделување на наградите на 18 септември

За најдобро прозно дело во полуфиналето биле избрани седум книги од кои во финалето влезени се романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски (издание на „Матица“); романот „Заборав“ на Томислав Османли (издание на „ВиГ Зеница“); и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ (издание на „Или-или“).

Во полуфиналниот круг за најдобра поетска збирка биле избрани шест дела од кои финалисти се „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“), „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“) и „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“).

За најдобра книга за деца и млади биле пријавени шест дела, а поради малиот број конкуренти, вториот круг бил воедно и финален круг и во него се влезени „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“), „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“) и „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).

За наградата за најдобра книга критика и есеистика биле избрани пет дела, а поради изедначениот број бодови финалистите се четворица: „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“), „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (издание на „Полица“), „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат) и „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).

Од ДПМ информираат дека годинава нема да биде доделена наградата „Мост“ бидејќи на конкурсот се пријавиле две книги, а согласно Деловникот, потребни е да се пријават најмалку три дела за која било од наградите да биде конституирана жири-комисија и да биде избран победник.

Во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири-комисиите до УО на ДПМ доставува бодовник, при што се гласа за пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од Управниот одбор го пресметува збирот на бодови и го утврдува списокот на финалисти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АРМ слави 34 години: Со артилериска стрелба и свечености ќе се одбележи Денот на армијата

Македонската армија денеска одбележува 34 години од формирањето, а по повод 18 август – Денот на армијата, во Скопје и Штип се одржаа повеќе свечени активности.

АРМ слави 34 години: Со артилериска стрелба и свечености ќе се одбележи Денот на армијата

Централното одбележување ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што во 19 часот единицата на артилерискиот баталјон ќе изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун.

Утринава владина делегација составена од министрите за одбрана, за внатрешни работи и за социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на армијата, со воени почести положиле венци на партизанските гробишта во Скопје.

Јубилејот беше одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со смотра на 2. Пешадиски баталјон и други армиски единици, како и во Министерството за одбрана, каде што свои обраќања имаа министерот Мисјаловски и началникот на генералштабот, Лафчиски, а одбележувањето ќе продолжи утре во Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово

Со кредити од Светската банка и Европската инвестициска банка ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. 

Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово

Прва болница а листата е болницата во Штип, која е започната пред десет години. Постоечката направена карабина на болницата треба да се испита, за да се знае што она што треба да се направи ново.

Болницата во Кичево ќе се гради на земјиштето на министерството за одбрана во влезот на градот, исто така проектот во Тетово е во напредна фаза.

Засега нема детали околку изградба на нов клинички центар, од владата соопштија дека новата локација за клинички центар ќе биде земјиштето пред спротската сала „Борис Трајковски“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо од Скопје е исчезнат две недели, семејството апелира за помош

Речиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски.

Љупчо од Скопје е исчезнат две недели, семејството апелира за помош

Речиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски – залепените плакати со неговата фотографија на бандерите, неуморните потраги и постојаните апели засега не вродуваат со плод, семејството и натаму живее во кошмарна неизвесност и агонија. Неговата сестра, Снежана Радовановиќ вели за нив и за Стојановски секој час е важен, а секој изгубен момент само ја продлабочува неизвеноста. Па апелира, првенствено до полицијата на поголема ажурност и посериозна потрага, а до граѓаните веднаш да пријават доколку го видат.

-Син ми, речиси половина Ново Лисиче се ангажираше, со коли, со мотори го свртеа цело Скопје, никаква трага немаме, залепивме и плакати од него од Ново Лисиче до Железничка никој се нема јавено, никој го нема видено, не знам што да мислам стварно. Барам помош од полицијата, тие велат дека немаат никакви информации, се уште велат се трага, пуштено е по цела Македонија, ги проверивме границите, нема ништо, не излегол од границите, не знам веќе што да мислам и што да преземам. Ги молам, полицијата, го молам целиот народ во Македонија, кој и да го види да се јави. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски

Од МВР за Канал 5 велат дека активата потрага по Стојановски продолжува и дека сите полициски станици во Македонија се известени и работат на случајот.

Стојановски на 5ти август бил виден на Качанички пат, во казиното во кое работел, каде пиел кафе со колега, а кој потоа на семејството му посочил дека Стојановски бил дезориентиран. Од таму заминал да посети пријател во скопско Побожје, кога и последен пат неговата сестра му го слушнала гласот – набргу потоа му се губи секоја трага. Таа вели, при секој повик се буди надеж, но и стравот од најлошите вести.

-Се јави еден пријател од жена му, бил кај него во Побожје, пиел и таму кафе и тој вечерта во 8 часот го оставил на рекорд и од тогаш се губи секоја трага на Љупчо, од тогаш се губи секоја трага на Љупчо. Единствено се јави една жена дека го видела во Козле кај верото, во 6 наутро, се јави уште еден човек дека го видел во 13ч исто во Козле, кај Украинска амбасада, поминал покрај него. Јас се надевам дека ќе го видам, дека ќе се појави од некаде, но друга страна ми кажува дека многу време е поминато. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски

Стојановски од 2007ма година е под терапија поради психички растројства, која одбива да ја земе при посериозни емотивни раздразвнувања, но неговата сестра вели дека функционирал сосема нормално, дури и работел.Таа посочува дека најголема болка му било што неговата сопруга пред неколку месеци заминала со 10 годишно дете, за кое бил многу приврзан, а не го видел речиси половина година, што е и можен поттик за неговото исчезнување, вели таа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер