Познати четири осминафинални двојки на ЕП во кошарка - Канал 5

Познати четири осминафинални двојки на ЕП во кошарка

Со одигрувањето на натпреварите од 5. коло во групите А и Б познати се првите осум селекции кои обезбедија пласман во осминафианлето на Европското првенство.

Познати четири осминафинални двојки на ЕП во кошарка
Во А групата во Хелсинки ко-домаќинот Финска го победи Исланд, а на дуелот од Б групата што се одигра во Тел Авив, Украина го победи ко-домаќинот Израел и со тоа го освои четвртото место во групата.

Резултати 5.коло група А: Словенија – Франција 95:78, Грција - Полска 95:77. Финска – Исланд 83:79.

Табела: Словенија 5-0 (победи-порази), Финска 4-1, Франција 3-2, Грција 2-3, Полска 1-4, Исланд 0-5.

Резултати 5.коло група Б: Германија – Литванија 72:89, Грузија – Италија 69:71. Израел – Украина 64:88.

Табела: Литванија 4-1, Германија 3-2, Италија 3-2, Украина 2-3, Грузија 2-3, Израел 1-4.

Во осминафиналето на 9.септември (сабота) во Истанбул ќе играат: Германија - Франција, Словенија - Украина, Литванија - Грција и Финска - Италија.

Утре се играат натпреварите од 5.коло во групите Ц и Д. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија.

Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори.

На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?

На заедничка прес конференција во Скопје, во Владата, Претседателката на Европската комисија кажа: местото е во Унијата. Останува еден чекор - да се отвори првиот кластер, Основи. 

СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?

И рече јасно: Европа ја пречекува С.Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик.

Културата и јазикот ја прават Унијата побогата.

Мотото е различност и обединетост.

Тоа е реченицата што Мицкоски во кампањата ја продаваше како предадена. Никогаш Северна. Укинување на Преспански договор. Враќање на името.

Па дојдоа на власт.

Е откако дојдоа Преспа ја нанарече ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: јазикот, културата и национален идентитет се заштитени. Тимчо рече: НАТО никогаш подобра работа за бизнисот.

Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата: ве чекаме со вашиот идентитет и ваш јазик.

Што остана од патриотизмот? Бугарските пасоши во редовите на ВМРО. Фирмите во Бугарија. И

обвинението дека другиот работи по налог на Радев. Латас - Гебелс.

Чекорот што го бара ЕУ не е предавање. Основите се: судство, обвинителство, борба против корупција. Истиот чекор што Мицкоски го запира две и пол години.

Второт рок истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас. А пред членство - Лаура Ковеши.

Затоа вели „не по секоја цена“. Не поради јазикот, не поради идентитетот. Поради истрага и страв од одговорност.

Патриотот нема што да каже. Идентитетот го потврди Брисел. Вратата ја држи тој.

СДСМ го кажа ова уште пред избори. Денеска го рече и Фон дер Лајен.

Лагата остана кај бандата.

Скопје, 02.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој денес во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“.

„Органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција“, истакна министерот Серафимовски.

Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи.

„Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет“, порача министерот Серафимовски.

Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово, а на манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер