ЗабаваПозната Тиктокерка се пофали дека наследила замок, стар 900 години (ВИДЕО)21-годишната Лудовика Санназаро Ната е наследничка на италијански замок стар 900 години.На нејзиниот профил на TikTok, каде што ја следат речиси два милиони луѓе, таа често објавува видеа од замокот, а нејзините следбеници често се прашуваат како е можно таа да живее во замок. @thecastlediary Answer to @sabrina_demanuele #greenscreen And this is why I love in a castle🏰 #castle #RoseAttitude #italia #foryou #aestethetic ♬ original sound - Ludo „Од неговата изградба, замокот им припаѓаше на грофовите од Санназаро. Како дел од семејството, се преселивме овде во 2006 година и решивме да го претвориме замокот во туристичка атракција“, вели Лудовика во видеото. Замокот има 18 спални соби, девет бањи, трпезарија, библиотека или архива, капела и тајни премини. @thecastlediary For more about my princess life: 1G: THECASTLEDIARY👑 @Disney fatemi lavorare con voi/ Let me work with you. #disney #castle #princess ♬ Disney-style fanfare-style BGM - harryfaoki Иако многу луѓе ѝ пишуваат дека животот ѝ е како од бајка, Лудовика вели дека многу работи во секојдневниот живот се тешки. На пример, кога нејзиното семејство ќе изгуби нешто, многу е тешко да се најде. „Многу е тешко да се открие каде е член на семејството, па кога сакаме да се најдеме, поминуваме многу време само шетајќи низ замокот“, истакна таа. Таа додаде дека иако живее во замок, живее живот како и сите други. @thecastlediary ⚠️ I’m joking, of course I do other things, but the castle’s beds are extramely comfy💤 For more ig: THECASTLEDIARY #castle #disney #princess ♬ Bach unaccompanied cello suite "Prelude" - Jianteng Но, таа вели дека поради живеењето во замокот ѝ е тешко да најде партнер. „Ако видам дека некој е повеќе заинтересиран за мојот замок и животот што мисли дека ќе го има ако е со мене, го игнорирам. Повеќето луѓе го гледаат само бајковитиот дел од мене и мојот живот, но секако тоа е не мојот вистински живот“, рече Лудовика и додаде дека некои мажи се заплашени од замокот. Инаку, замокот Саназаро многумина го наведуваат како најопседнувано место во Европа. Лудовика често зборува за необичните, морничави искуства што ги имала во зградата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваШпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалеротШпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула. Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона. „Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com. Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид. Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација. Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател ТрампИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Белата куќа, била „позитивна и продуктивна“.„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, на платформата „Икс“ (X) по одвоените средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, пренесува Си-ен-ен (CNN). Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги потврди оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата беше многу позитивна и се одржа во добра атмосфера, во присуство на високи претставници на администрацијата“. Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел – „на Иран во никој случај да не му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“. Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, кое е „посилно од кога било“, како и за разни можности на Блискиот Исток. Двете средби се одржаа без присуство на медиумите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20