Германски планинар бил спасуван 14 часа среде снежна бура на Алпите, двајцата пријатели продолжиле без него
2Германски планинар бил спасуван 14 часа среде снежна бура на Алпите, двајцата пријатели продолжиле без него
3Пронајден е механизам „виновен“ за виското ниво на холестерол во крвта- веќе постои и лек , тестиран врз луѓе
БалканПозната плажа во Грција „под опсада“ од туристи- почнуваат забрани за капачите (ВИДЕО)Една живописна плажа во Грција се најде под невиден „притисок“ откако беше преплавена од огромен број посетители.Снимките од Балос, на северозападниот врв на Крит, го покажуваат крајбрежјето преполно со луѓе додека нови посетители продолжуваат да пристигнуваат со брод. Балос е познат по своите тиркизни води и прекрасни пејзажи, поради што привлекува туристи секоја година. Овој пат, плажата беше толку преполна што „движењето беше речиси невозможно“, објавува „Дејли меил“. Локалните медиуми објавуваат дека властите работат на ограничување на бројот на луѓе дозволени на плажата истовремено, со цел да се заштити животната средина. @yasminelmouta Trust me #balos #cretegreece #Balos #crete #balosbeach ♬ Saxophones getting louder - Sped Up - AntonioVivald Според предлозите, на плажата би им било дозволено максимум 1.200 луѓе во период од три часа, без оглед дали пристигнале со брод или автомобил. Голем број локации низ Грција се соочија со огромен прилив на туристи ова лето. Толпи беа забележани на Санторини претходно овој месец, при што туристите формираа долги редици низ улиците на познатиот остров. Platja de Balos, Grècia, cua de turistes esperant per embarcar al vaixell de tornada, mentre altres vaixells segueixen arribant carregats de nous visitants. L’infern a la terra?#LateHumans pic.twitter.com/Iww70lpDsc — Humans Of Late Tourism (@LateHumans) August 30, 2026 Селото Ио, една од најпопуларните грчки локации на социјалните медиуми, привлече особено внимание. Редови се формираа по неговите тесни улички додека туристите чекаа најдобар агол за да ги фотографираат православните цркви со сини куполи.Тагови: грција плажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДиди излегува од затвор порано отколку што беше планираноАмериканскиот рапер Шон „Диди“ Комбс треба да биде ослободен од затвор порано од првично планираното. Неговиот датум на ослободување се менуваше неколку пати во последните месеци, а сега е повторно одложен, објавува TMZ. Според најновите податоци од Федералното биро за затвори на САД, Комбс треба да биде ослободен на 6 февруари 2028 година. Дури минатиот месец, 2 март 2028 година беше споменат како датум на неговото ослободување, а претходно беа споменати и 21 јануари и 5 и 20 февруари истата година. Имал проблеми во затворот Промената на датумот доаѓа по низа проблеми што Комбс ги имал додека ја издржувал казната во Федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Поради инцидентите, според TMZ, тој неодамна бил префрлен во затворот Аленвуд во Пенсилванија. За време на престојот во Форт Дикс, тој наводно завршил во самица поради кршење на затворските правила. Исто така, имаше тврдења дека учествувал во тепачки и користел шверцувани мобилни телефони. NBC News претходно објави и за наводниот преференцијален третман што Комбс го добил зад решетки. Според овие тврдења, тој им плаќал на други затвореници да го масираат, да му готват и да извршуваат секојдневни домашни работи. Тој беше осуден на 50 месеци затвор Да потсетиме дека во 2025 година, Диди беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за транспорт на лица преку границите на американските држави со цел проституција, што го прекрши таканаречениот Манов закон. Сепак, поротата го ослободи од посериозните обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација. За кривичните дела за кои беше прогласен за виновен, тој беше осуден на 50 месеци, или четири години и два месеци затвор. Тагови: Пи Диди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветДесетици илјади на антивладини протести во Њу Делхи, бараат оставка од МодиДесетици илјади луѓе се собраа во Њу Делхи за да протестираат против владата на Нарендра Моди, додека гневот расте низ цела Индија поради сеопфатната ревизија на избирачкиот список со која се отстранети 130 милиони имиња.Опозицискиот сојуз на Индија, предводен од Конгресната партија, ги собра поддржувачите од целата земја на митинг во индискиот главен град. Опозициските лидери велат дека ревизијата на избирачкиот список ѝ дава на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЏП) на Нарендра Моди изборна предност и побараа оставка и отстранување на нејзиниот главен изборен службеник, Гјанеш Кумар. БЏП ги отфрли обвинувањата, објавува Гардијан. Опозицискиот лидер Рахул Ганди изјави на митингот дека Кумар „го извршил најголемиот злостор со обидот да го замолчи гласот на народот“. Ганди рече дека обединетата опозиција нема да дозволи „демократијата во земјата да биде уништена“ и му рече на Моди дека „нема каде да бега“. Најголемиот предизвик за режимот дојде во форма на протести предводени од млади, организирани од движење кое се нарекува себеси „Лебарки“, што доведе до оставка на еден од министрите на Моди, потсетува „Гардијан“. Опозицијата, предводена од Ганди, ги загуби последните три циклуси општи избори од БЏП, бидејќи опозициските партии во голема мера не успеаја да се спротивстават на силната хинду националистичка реторика на БЏП, објави весникот. Прашањето за ревидирање на избирачките списоци беше покренато минатата година, но неодамна стана национален скандал откако истрагата на весникот „Индијан експрес“ откри неправилности и несогласувања во рамките на Изборната комисија околу спроведувањето на процесот. Милиони луѓе кои според сите стандарди треба да имаат право на глас открија дека нивните имиња недостасуваат од избирачките списоци, при што муслиманите и малцинствата се непропорционално погодени. „Хјуман рајтс воч“ оваа недела изјави дека обвинувањата покренуваат „сериозни прашања за фер однос на идните избори во Индија“. Партијата БЏП се обиде да ги отфрли протестите на опозицијата како анархија. Тагови: Моди Њу Делхи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаСветски натпревар во планинарење за хуманоидни роботи- учествуваат 90 тимови Хуманоидни роботи се искачија на планинска патека долга 3,9 километри на планината Таи во Кина, искачувајќи се на 3.100 камени скали, во првото натпреварување во качување за роботи во светот.Покрај нив, во необичниот предизвик учествуваа и четириножни роботи и роботски егзоскелети, надминувајќи висинска разлика од 600 метри. Рутата вклучуваше стрмни падини, долги скали и остри кривини, објави CBS. Додека набљудувачите гледаа, роботите напредуваа по планината, а некои од нив дури и стигнаа до целта. Настанот ја претвори една од најпознатите планински патеки во Кина во тест-полигон за роботи. Dozens of robots took on more than 3,000 steps up one of China's most famous peaks Monday, many carrying eggs and watermelons in a race organizers billed as a test of real-world machine endurance, state media showed. https://t.co/Yiv7iVj1Af — CBS News (@CBSNews) November 2, 2026 Нерамните камени скали и стрмните искачувања ја тестираа способноста на машините да одржуваат рамнотежа и да го совладаат тешкиот терен. Некои од четириножните роботи, исто така, носеа залихи од храна по патот. На натпреварот учествуваа 90 тимови кои ги презентираа најновите достигнувања во областа на истражувањето и инженерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter