Позната е состојбата на повредените во сударот на товарен и патнички во тунел во Белград

Четири лица се повредени во судар на возови во подземен тунел во Белград.

Тие поради видот на повредите се пренесени во Ургентниот центар, на клиниката за реанимација. Повредени се една жена и тројца мажи, објави Телеграф.

Уште девет лица биле прегледани, но не им било потребно болничко лекување.

За четворицата повредени кои се пренесени се смета дека се тешко повредени, но за среќа не се во животна опасност.

Според првичните информации, во патничкиот воз кој денеска се судри со товарниот воз во подземниот тунел во Белград имало шест патници, како и машиновозачот и кондуктерката. Сите се изнесени од тунелот.

Драма на ЕУРО: Германската полиција застрела маж со секира во близина на фан зоната во Хамбург

Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворкта од холандските навивачи пред дуелот со Полска. 

Нема информации дали некој е уапсен при оваа акција на германската полиција.

Четири истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде се собраа навивачи од Холандија и Полска пред денешниот меч на нивните селекции на ЕУРО 2024.

Според медиумите, напаѓачот имал и молотов коктел.

Тешка сообраќајна несреќа во Грција, четворица загинати, тројца повредени

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, загинале четири лица, а три лица се повредени.

Според првичните информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило загубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

Декларацијата на самитот за Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници

 Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка.

Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на самитот за Украина во Швајцарија, јави ДПА.

Сепак, како што рече, основниот заеднички став нема да биде засегнат.

-Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, рече канцеларот.

Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат

-Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.

Дводневната конференција на 92 држави и осум меѓународни организации треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.

Целта на настанот е да се иницира мировен процес во кој долгорочно ќе биде вклучена и Русија. Официјални лица од Москва во оваа прилика не беа поканети и не изразија желба да присуствуваат.

притисни ентер