Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.
Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.
Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.
Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.