Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево
1Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотПозната е годишната плата на принцот Вилијам, износот е утврден пред 700 годиниНеодамна објавениот годишен финансиски извештај на британското кралско семејство открива дека Вилијам, принцот од Велс, зема годишна плата од речиси шест милиони фунти.Неговиот приход (платата на принцот од Велс) бил регулиран уште во 1337 година со Големата повелба на кралот Едвард III, со која кралот ги оставил приходите од Војводството Корнвол на својот најстар син и наследник. Накратко, пред 700 години, титулата Принц од Велс доаѓа со голема финансиска придобивка, а така е и денес. За да не испадне дека најважната титула на идниот крал се однесува на еден дел од Обединетото Кралство, Велс, и дека тој зема плата од друго војводство без разлика, договорено е титулата војвода од Корнвол да оди рака под рака со титулата наследник на тронот. Платата се собира од годишниот нето приход од имоти, инвестиции и од изнајмување недвижен имот во сопственост на Круната од целото војводство. Истото правило важело и за кралот Чарлс кога бил принц. Годишниот извештај објавен на крајот на јуни покажа дека трошоците на кралот и на неговото домаќинство пораснале за 5%, поради инфлацијата и цената што британската економија на овој или оној начин ја плаќа поради Брегзитот. Голем дел од трошоците на кралското семејство се покриваат од џебовите на даночните обврзници, а оваа давачка се нарекува државна поддршка, пренесува UsMagazine. Минатата година им биле исплатени 86,3 милиони фунти, што значи дека кралското семејство го чини секој даночен обврзник 1,29 фунти годишно. Но, само принцот од Велс има право на профитабилен приход од Војводството Корнвол. Принцот Вилијам на тој начин ги финансира животните трошоци на неговото семејство, неговата сопруга Кетрин, принцезата од Велс и нивните три деца: деветгодишниот Џорџ, осумгодишната Шарлот и петгодишниот Луис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина ВасилевоАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во АХВ.При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронајдоа и запленија 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи. Целокупната запленета количина подготиовки од месо и внатрешни органи нештетно се уништени на депонија, согласно пропишаните законски процедури. Поради констатираните неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни поради работа на нерегистриран објект и неозначување на производите. Овој случај е уште една потврда за значењето на редовните и вонредните инспекциски контроли, со кои АХВ врши надзор врз работењето на операторите со храна, почитувањето на законските обврски и исполнувањето на условите за безбедност на храната што се произведува, складира и става во промет. Во периодот од јануари до август 2026 година, инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 74.838 инспекциски надзори. Контролите опфаќаат различни сегменти од синџирот на храна на домашниот пазар и увозот, со цел навремено откривање и отстранување на неправилностите и спречување на пласманот на небезбедна храна на пазарот. Во овој период уништени се 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување редовни и вонредни инспекциски контроли на целата територија на државава. Приоритет остануваат заштитата на здравјето на граѓаните, спречувањето на пласманот на небезбедна храна, почитувањето на законските прописи и заштитата на правата на потрошувачите. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураСветски ден на аудиовизуелното наследство во КинотекаСветскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден. Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието. Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски. Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.Тагови: Кинотека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59