Позната актерка се омажи за себе! - Канал 5

Позната актерка се омажи за себе!

Актерката Џенлин Родригез (30) се омажи за себе.

Позната актерка се омажи за себе!

Актерката се одлучи на овој радикален потег по неколкуте врски во кои трпела насилство. Нејзините родители не се премногу задоволни од оваа одлука, бидејќи таа потекнува од католичко семејство во кое бракот помеѓу мажот и жената е основа на семејниот живот.

Актерката и продуцентка не можела да се омажи во согласност со религиозните уверувања на своето семејство, па тоа го стори во склоп на своите нови уверувања кои проповедаат љубов спрема себе.

Таа се омажи точно во 15 и 33 ч. бидејќи овој број е многу моќен според ангелската нумерологија. Број 333, означува чиста љубов, а бројот 111 присуство на ангелите.

На церемонијата присуствуваа 20 лица, меѓу кои и нејзината сестра. Сепак, нејзините родители не присуствуваа на церемонијата, бидејќи не беше во согласност со нивната религија. Таа се омажи за себе со цел да се потсети дека таа е извор на љубов и дека поседува сè што í е потребно за да биде среќна. Таа се надева дека ќе може да отвори центар во кој и другите луѓе ќе можат да го сторат истото, да станат партнери на самите себе до крајот на животот, но тоа не ги спречува да стапат во брак со други.

Извор: srbijadanas.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник

Од локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи, па се до дигитални услуги и низа мерки за младите

Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник

Од локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи.. па се до дигитални услуги и низа мерки за младите ...Кандидатите за градоначалник на Брвеница започнаа со промоција на предизборните програми во пресрет на вонредните локални избори во оваа општина кои ќе се одржат на 18-ти октомври.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радически под слоганот „Една Брвеница за сите“, неговиот против кандидат од СДСМ Јовица Радески под паролата „Се бориме за Брвеница“ пред граѓаните најавија низа проекти за развој на општинната и подобар и поквалитетн живот на жителите во Брвеница.

Во трката за прв човек на Брвеница влегуваат вкупно шест кандидати. Владините коалциони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и на овие вонредни локални избори настапуваат со одделни кандидати. Во програмата на кандиатот на Вреди Јакуп Усеини фоксуот е ставен на патиштата, инфраструктурата, јавните простори, спортот, а преку социјалните мрежи Усени порачува дека „Не доаѓа со ветувања за еден ден, туку со план за Брвеница.

Канидатот до ДУИ Аркин Јахији во обраќање пред граѓаните најавува нов поечеток за Брвеница и одговорно и професионлано управуавње со општината. Во трката градоначалничката функција во Брвенца поддршката од граѓаните ќе ја бараат и двајца независни кандидати поддржани од група избирачи Душан Богдановски и Арифе Идризи.

Каммпањата за вонредните локални избори започна вчера и ќе трае до 16-ти октомври на полноќ. Вонредни локални избори во Брвеница се одржуваат откако во јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски. Функцијата привремено ја извршува претседател општинскиот совет Роберт Милошески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“

Има интерес за инвестирање во Чебрен и Галиште од американската финансиска корпорација ДФЦ, изјави премиерот Мицкоски  кој е оптимист дека по децении планови, од следната година ќе се отпочне со проектот.

Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“

За ова вели при посетата на САД разговарал со челниците на корпорацијата, кои веќе имаат инвестирано во Македонија во рудникот за антимон во Крстов Дол. Анализите според Мицкоски покажале дека придобивките од изградбата на двете хидроцентрали се големи, а државата треба да преземе храбар чекор и да се вклучи во проектот.

„ Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот рече дека и покрај големата енергетска криза во светот, во Македонија состојбата е под контрола. Денеска беше промовирана третата фаза од проектот на АД ЕСМ за ревитализација на хидроелектраните, со што се очекува зголемување на производството на електрична енергија. Оваа фаза чини 46 милиони евра, а според планот на ЕСМ ќе биде завршена до крајот на следната година.

„ По завршувањето на ревитализацијата ќе добиеме комплетно обновени инсталации. Капацитетот на шесте големи хидроелектрани ќе биде обновен, притоа ќе биде и проширен капацитетот односно моќноста на истите за цели 14 мегавати, што значи дека ќе донесе дополнително годишно производство од 50 гигават часови, или претворено во финансиски средства некаде околу 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. “Лазар Узунчев – директор на АД ЕСМ.

Директорот на ЕСМ рече дека се подготвени и за грејната сезона. Најави дека ќе бидат во функција два блока на РЕК Битола, а по потреба ќе биде пуштен и третиот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција ѝ ги предава посмртните останки на цар Самоил на Бугарија

Грција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена .

Грција ѝ ги предава посмртните останки на цар Самоил на Бугарија

Грција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена – Бугарија за возврат ќе предаде вредни византиски ракописи и црковни реликвии кои потекнуваат од грчки манастири. Официјалното предавање ќе се изврши на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун од каде по церемонијата ќе бидат пренесени во Софија каде во црквата Света Софија треба да бидат положени во посебен саркофаг.

Бугарскиот премиер Румен Радев денеска соопшти дека договорот е постигнат по интензивни преговори и го оцени како историски.

-По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во неговата татковина. Веќе шест децении не престануваат напорите на бугарската држава да ги врати посмртните останки на еден од нејзините најголеми владетели. Нам ни припадна историската чест тоа да го постигнеме. изјави – Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија.

Прашањето за тоа како се дефинира неговото историско наследство со години е тема и на македонско-бугарската историска комисија. Комисијата во 2019 година се усогласи и за заедничко одбележување на Цар Самоил од страна на Македонија и Бугарија.

Во официјалните препораки на комисијата Самоил е опишан како владетел на голема средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија. Во документот се наведува и дека Цар Самоил и неговата судбина се симбол на заедничката историја што ја споделуваат двете современи држави.

Претседателот на македонскиот тим во заедничката историска комисија со Бугарија, професорот Ванчо Ѓорѓиев, во телефонски разговор за Канал 5, беше воздржан и не сакаше да го коментира најавеното предавање на посмртните останки на цар Самоил ниту пак го коментираше денешното именување на Самоил како „бугарски цар“ од страна на бугарскиот премиер Радев. Недостапен за коментар беше и поранешниот копретседател на комисијата Драги Ѓеоргиев.

Историчарот Михајло Миноски пак предупредува дека секој прифатен компромис или формулација за „заеднички личности“ оди директно на штета на македонскиот идентитет, историскиот континуитет и државните интереси.

-Науката не донесува решение, науката само докажува и толкува врз основа на факти и документи. Сето друго што се работи преку комисијата, значи се работи за барање на компромис кој може да биде на штета на македонскиот идентите, историско минато и историски континуитет. Бугарскиот дел од комисијата ќе продолжи упорно и доследно во целиот следен период во кој ќе работи комисијата да ја наметне својата теза.изјави - Проф. д-р Михајло Миноски – историчар.

Македонско – бугарската историска комисија во меѓувреме продолжува со работа.

Последната средба се одржа минатата недела, но повторно без суштински напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер