Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери
2Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери
ЖивотПознат тиктокер е уапсен поради „пранкови“, му се закануваат 10 години затвор (ВИДЕО)Хестон Коб, 21-годишен тиктокер од Аризона, кој има повеќе од 1,6 милиони следбеници, заврши во затвор откако неговите шеги во продавници и ресторани почнаа сериозно да го прекршуваат законот.Тиктокерот Коб, познат по името Хестон Џејмс, во последните неколку месеци снимаше вирални видеа во кои се преправаше дека е вработен во разни филијали. Влегуваше во простории каде што не му беше дозволено, се претставуваше како вработен и предизвикуваше нарушување на редот - сè за лајкови, прегледи и заработка на социјалните мрежи. Тој бил уапсен од полицијата на 23 јули, а сега е гонет за дури 13 кривични дела, вклучувајќи провала, лажно претставување, нарушување на јавниот ред и мир и нелегално влегување. „Ова не се шеги, ова се злосторства“, рече полициската службеничка од Темпе, Џесика Елс. „Тој влегуваше во компании, се претстави како вработен и ја попречи работата. Ова се третира како кривично дело“, додаде таа. Вирални видеа, но по која цена? Во едно од најгледаните видеа, Коб облечен како механичар упаднал во „Хајленд Ауто Репар“, претставувајќи се како вработен во главната канцеларија и започнувајќи „инспекција“ додека други од неговата екипа лазеле под автомобилите на клиентите. Видеото има добиено над 12 милиони прегледи. View this post on Instagram A post shared by Heston James (@teraclout) Во друг случај, тој упаднал во добро познат американски ресторан за брза храна со лажна екипа за чистење, викајќи им упатства на вработените и земајќи опрема додека вистинските работници во шок ја повикале полицијата. Истражителите велат дека видеата му заработиле на Коб многу пари преку TikTok и Instagram, но сега тоа би можело скапо да го чини. Се соочува со речиси 10 години затвор Коб моментално се соочува со обвиненија за провала од трет степен, што носи потенцијална казна до 4 години затвор, две точки за лажно претставување и десет прекршоци за нелегално влегување во туѓ имот и нарушување на јавниот ред и мир. View this post on Instagram A post shared by Heston James (@teraclout) Доколку биде осуден по сите точки и му бидат изречени максималните казни, би можел да помине до 9 години и 8 месеци затвор и да плати повеќе од 315.000 долари казни. Иако оние што првпат се појавуваат на интернет честопати добиваат полесни казни, во овој случај судот може да биде построг бидејќи станува збор за свесно планирани и повторени инциденти што биле намерно снимени и објавени за поширока публика. „Снимањето за TikTok не е изговор. Дали сте спремни да ризикувате затвор заради прегледи?“, рече полицијата. Полицијата објави дека истрагата е сè уште во тек и дека повеќе луѓе што се појавиле во видеата на Коб исто така би можело да бидат притворени.Тагови: затвор тиктокер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. „Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката. Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност. „Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечериНа 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷].МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА НА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 [🎶] На 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷] Внимателно подготвена музичка програма, врвни изведувачи и атмосфера која ја претвора традицијата во незаборавно доживување. [📅] 4 • 5 • 6 СЕПТЕМВРИ [📍] КАВАДАРЦИ [🍇] ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 Тиквешијата слави. Кавадарци ве очекува! [🎤] [🍷], стои во објавата на Фејсбук на градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторуваВенко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните. РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста. Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува. Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика. Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook