СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук
1СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Други спортовиПознат спортист е убиен со сачмарка, полицијата молчи Норвежанецот Ролф Нордмо (66) го убил поранешниот хокеар Јан Пухака (29) во својот дом во Еспо.Убиството било извршено со пушка за која убиецот имал дозвола. Полицијата се сомнева дека делото е со умисла и го истражува случајот како убиство, додека Нордмо ја признал одговорноста за пукањето. Нордмо е уапсен на лице место, а истрагата за овој трагичен случај се уште трае. - Имаме прилично добро разбирање за тоа што се случи. Но, се разбира, се сомневаме дека Нордмо го извршил убиството и истрагата е во рана фаза - изјави комесарот за криминал и шеф на истрагата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на ФејсбукСоветникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци.Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест. Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите. За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници. Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување. Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ. Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук. Ова се истите методи на Вучиќ во Србија. Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ. Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите. Нема да ви помине! Доаѓа време на вистина и правда. Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат - ќе одговараат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија- културно наследство во ГевгелијаМинистерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија. "Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализација на обновување на Старата чаршија во Гевгелија. Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат. Сакам да се заблагодарам на Управата за заштита на културно наследство и Министерството за култура со коишто заеднички работевме, како и на сите вработени во Министерството за транспорт коишто заедно со Општина Гевгелија на дневна основа работеа. Не беше лесно, особено што се работи за заштитени објекти, но тие 27 дозволи се случија, а после тоа се реализира и проектот. Исто така, се дадоа соодветни дозволи и решенија за партерно уредување и реконструкција на сите пристапни улици, како и на самата главна улица во чаршијата" истакна заменик пртеседателот на Владата, Николоски. Тој додаде дека во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти " Дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме преку Министерството за транспорт во соработка со општина Гевгелија во селата Моин, Прдејци и Богородица. Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“. Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија" -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“. На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација м-р Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош. Претседателката Сиљановска-Давкова уште еднаш им го честиташе престижното признание на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата. За неа, особено е важно да создаваме услови најуспешните млади кадри да го остварат својот професионален потенцијал во земјава. На средбата, лауреатите информираа за нивните професионални планови, ги изложија своите критички видувања за состојбите во државата, а особено во високото образование, укажувајќи на потребата од подобри услови за работа и професионален развој на инженерите, како претпоставка за нивно задржување во земјава. Во бурната дебата се предложи унапредување на законската рамка за високото образование, во смисла на посоодветна евалуација на исклучителните успеси при изборот и вработувањата на универзитетите, како и навремено обезбедување подмладок и соодветен кадровски потенцијал, односно избегнување на генерацискиот вакуум. Беа отворени низа прашања и предложени соодветни одговори за: јавната архитектура, како значаен сегмент од уредувањето на просторот и создавањето квалитетна средина за живеење; дата центрите, односот кон завршените, но не и ефектуирани проекти; лоцирањето фото-волтаици на плодно земјиште; забрзаниот одлив на најдобрите македонски инженери и други врвни кадри во соседството. На средбата се разговараше и за перспективите на дигиталната агрономија. Инженерката од областа на агрономијата ја истакна важноста на примената на современите дигитални технологии во земјоделството и можностите што оваа област ги отвора за младите, особено за зголемување на приносите во оваа дејност со оглед на тоа дека државава има голем потенцијал за развој на оваа област. Се укажа на нужноста за премин и апликација на европските стандарди (еврокодови), во државната регулатива и македонската пракса. Министерот Андоновски ја објасни офанзивата на дигитализацијата, а претседателот на Комората, Метикош, упати покана за експертски настан за примената на стандардите, којшто ќе се одржи на крајот на септември. Младите инженери посочија дека се спремни да прифатат професионални позиции во земјава и превземање одговорност за нејзиниот технолошки развој. На крајот од разговорот, претседателката Сиљановска-Давкова предложи воспоставување база на добитниците на признанието „Инженерски прстен“, која би овозможила подобро поврзување на успешните инженери и нивно вклучување во развојни процеси и проекти во различни инженерски области. Таа, уште еднаш потенцираше дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и апликативниот технолошки процес е важна заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница. "Доколку сакаме развиена држава, мораме да им дадеме простор на младите инженери да создаваат тука", истакна Претседателката, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07