Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
1Градоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударството
ЗабаваПознат рапер одбил 100 милиони долари од порно сајт: Ги нема тие пари на светот (ВИДЕО)Раперот Снуп Дог открил дека одбил профитабилен договор со OnlyFans бидејќи не сакал да ја налути својата сопруга.Снуп Дог му открил на актерот Слинк Џонсон во емисијата „Wake & Bake“ на „Instagram Live“ на Double S Express дека се смета за добар кандидат откако другите корисници нашле успех на платформата. „Ми пријдоа кога една од тие девојки заработи околу 20 милиони долари таму. Ми рекоа: „OnlyFans сака да дојдеш таму, Снуп. Можеш да заработиш околу 100 милиони долари. Сѐ што треба да направите е да ја извадите таа работа“, рече раперот и додаде дека морал да ги одбие бидејќи има „црна сопруга“. „Нема шанси да ме пушти да отидам таму и да го извлечам за какви било пари“, рече Снуп Дог, мислејќи на неговата сопруга Шанте Бродус. View this post on Instagram A post shared by THE HIP-HOP WOLF® (@thehiphopwolf) Не е јасно кои се точните услови на потенцијалниот договор, но ангажирањето на Снуп Дог не би било изненадувачки потег за социјалната платформа. Имено, рап-артистите како Иги Азалеа и Тајга имаат профили на OnlyFans. Бизнисот цвета и за OnlyFans, кои забележале раст на бруто плаќањата на корисниците за 17%, од 4,8 милијарди долари во 2021 година на 5,6 милијарди долари во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПравославната црква ја одбележува Голема БогородицаПравославната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter