Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија
2Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија
3ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
БалканПознат грчки остров е целосно напуштен по летната сезона- и училиштето е затворено Кога ќе пристигне зимата на Антикитера, и онака малубројното население на изолираниот грчки остров уште повеќе се намалува.„Ние сме дваесетина, нема деца, нема пекара“, вели градоначалникот Јоргос Хархалакис, кој прави сѐ што може за да го оживее малиот остров во Егејското Море. „Не се откажувам“, изјави тој за АФП. When winter draws in on Antikythera, the already meagre population of the isolated Greek island shrinks to almost nothing as it faces steady depopulationhttps://t.co/Svek2vf08K — AFP News Agency (@AFP) October 9, 2024 Антикитера, остров помеѓу Китера и Крит, како и многу други рурални региони во Грција, страда од сериозна депопулација. Островот, имал 39 жители според пописот од 2021 година. Хархалакис (37) сè уште се сеќава на неговите први години во основно училиште во 1990-тите, пред неговото семејство, како и многу други, да биде принудено да се пресели на копното поради финансиски проблеми. Во тоа време, островот бил дом на фармери, рибари и сточари, рече тој. Денеска е населен само пристанишниот град Потамос. Во карпестите височини на Антикитера сè уште се видливи суви камени ѕидови од терасовидни полиња меѓу напуштените и урнати куќи. Единствената врска на островот со надворешниот свет е со брод до Китера и Крит. Поради егзодусот на жителите, основното училиште е затворено на крајот на минатиот век, но накратко било отворено во 2018 година за само тројца ученици, децата на Деспина и Диониз Андроникос, брачен пар кој се вратил на островот од Атина. „Кога мојата најстара ќерка заврши основно училиште во 2021 година, моравме повторно да заминеме за да може да оди во средно училиште во Китера“, рече Диониз Андроникос. Училиштето било принудено повторно да се затвори. Истата судбина на почетокот на оваа учебна година ја доживеаја уште десет училишта низ Грција поради недостиг на ученици. Стапката на фертилитет во Грција е 1,43, што е под просекот на ЕУ од 1,53 деца, покажуваат податоците на агенцијата на ЕУ, Евростат. Неодамнешното истражување на Грчкиот институт за демографски истражувања (ИДЕМ) покажа дека секоја трета општина во земјата има помалку од 10 раѓања годишно. Институтот ова го припишува на стареењето на населението во Грција, но и на „екстремно нерамномерната распределба на населението“. Повеќе од една третина од Грците живеат во Атина. Со повеќе од една петтина од населението на возраст од 65 и повеќе години, Грција е четврта најстара земја-членка на ЕУ. Само Италија (23,8 отсто), Португалија (23,7 отсто) и Финска (23,1 отсто) се повисоко рангирани, според Евростат. За да бидат работите уште полоши, повеќе од половина милион млади луѓе ја напуштија земјата за време на финансискиот колапс во последната деценија. Хархалакис вели дека главниот проблем во Антикитера е недостатокот на инфраструктура. „Државата мора да понуди стимулации за изградба на куќи и продавници“, рече тој. Во зима, на островот има само едно кафуле, кое исто така е мала продавница. Со него управува човек на возраст од осумдесетти. „Локалното население старее, а иднината на островот е под знак прашалник“, вели Кетрин Дехосал, пензионирана Французинка која времето го поминува меѓу островот и нејзината татковина. Оваа година Владата воведе стимулации за новороденчињата за борба против демографскиот колапс. Но, експертите предупредуваат дека зголемувањето на бројот на раѓања не е единствениот одговор. „Стапките на смртност и имиграцијата играат важна улога и не треба да се минимизираат“, рече Вирон Коцаманис, директор на ИДЕМ. Хархалакис се надева дека планираната опсерваторија за климатски промени на островот ќе создаде работни места. Антикитера веќе ужива голема слава во научниот свет. Таму, на почетокот на 20 век, нуркачите со сунѓери пронајдоа астролошки часовник од вториот век во бродолом од римската ера, за кој се верува дека е најстариот компјутер на светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнкета на Маркет вижн: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на животМнозинството од испитаниците се задоволни од квалитетот на нивниот живот, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. И во однос на прославата по повод 35 години независност на Македонија, најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став. На прашањето „колку сте задоволен/а со вашиот квалитет на живот?“, мнозинството испитаници (57,5%) одговориле дека се задоволни, а 40,7% не се задоволни. Во однос на прославата по повод 35 години од независноста на Македонија најголем дел од испитаниците (41,2%) имаат позитивен став за организацијата, а 31,8% од испитаниците сметаат дека прославата била прескапа и дека парите требало да се потрошат на други работи. 27 отсто од испитаниците немаат став за ова прашање. Изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски по повод „Денот на независноста“ дека „битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“ предизвика големо внимание и бројни реакции во македонската јавност. Прашањето до испитаниците беше дали оваа изјава ја сметаат за разбирлива, навредлива и дали го поддржуваат овој став. Поделени се ставовите на испитаниците во однос на разбирливоста на пораката. Најголем дел од испитаниците (41,2%) сметаат дека изјавата е разбирлива, додека за 31% изјавата не е разбирлива. За повеќе од половината од испитаниците (53,4%) изјавата на премиерот не е навредлива. Ставовите на испитаниците во однос на тврдењето дека ја поддржуваат изјавата на премиерот се поделени, при што речиси една третина од испитаниците ја поддржуваат изјавата, една третина не ја поддржуваат и една третина имаат неутрален став. Истражувањето беше спроведено во периодот од 11 – 27 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година. Извор: Мкд.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во МакедонијаНа 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода.На 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот што се одржа во Прилеп, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Филипче нагласи дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе првата современа национална држава. „Токму затоа нивниот историски подвиг е толку голем. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе. Замислете го тој миг. Човекот што заминува. Семејството што останува. Мајката што сака да го задржи синот, а знае зошто тргнал. И една земја во која надмоќниот окупатор бил убеден дека стравот ќе ја заврши работата наместо него. На 11 Октомври, тој страв доби одговор“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ порача дека македонската историја е полна со борби за слобода, со херои кои имале верба во постигнување на целта - слободна Македонија. „Во неа има востаници што знаеле дека се послаби од силата на која ѝ се спротивставуваат. Има луѓе што ја продолжувале борбата откако претходната генерација била поразена. Имало силна надеж што се пренесувала од родител на дете, кога немало држава преку која таа верба можела да се оствари. Илинден и Крушевската Република остануваат трајна инспирација и камен темелник на таа историја. Нивното значење го чувствуваме и денес. Но, должни сме јасно да го кажеме пресудниот резултат на Народноослободителната војна, од нејзината победа произлезе првата трајна современа македонска држава. Таа победа ја смени нашата страдалничка историја.“ Тој нагласи дека Народноослободителната војна и победата над фашизмот ги поставија темелите на современата македонска држава, а АСНОМ ја втемели македонската државност. „Без победата во Народноослободителната војна, тој пат немаше да биде нашиот историски успех. Без луѓето што се изборија за државноста, немаше да ја наследиме Македонија во која подоцна, во 1991 година, ја донесовме одлуката за независност. Независноста има свое големо место. АСНОМ има свое незаменливо место. Нашата историја е доволно богата за да ги почитуваме двете, со јасно разбирање што ни донела секоја од нив“, рече Филипче. Филипче посочи дека почитта кон паднатите борци не смее да остане само на свечени одбележувања, туку мора да се преточи во одговорност за државата, нејзиниот развој и иднината на граѓаните. „Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот. Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителността, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ. Тој нагласи дека денешната борба за Македонија е борба против корупцијата и криминалот, но и борба за подобар живот, достоинство и сигурност за сите граѓани – работниците, земјоделците, наставниците, лекарите, младите и пензионерите. „Борбата за Македонија денес е борба за слобода, меѓусебно почитување и правда. Борбата за Македонија денеска е против корупцијата и криминалот на арамиите на власт. Борбата за Македонија, другарки и другари, денеска е борба против нејзина распродажба. За рудници, вода, земја и дата центри. Арамиите на власт сè ќе стават на распродажба за туѓи профити и за провизии. Борбата за Македонија е борба против воскреснувањето на фашизмот и фашистичките методи на владење“, порача Филипче. Аманетот на борците е да се зачува државата, да се развива и да се создадат услови младите да останат во сопствената татковина. Патриотизмот, како што посочи, се мери според тоа како живеат граѓаните денес и каква иднина ќе им оставиме на идните генерации. „Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ).Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ): правосудниот систем е доведен до работ на функционален колапс поради системска негрижа, хронично недоволно финансирање и политички влијанија кои ја поткопуваат независноста на институциите. Со 18 неажурни судови од вкупно 34, над 134.000 нерешени предмети и обвинителства кои функционираат без ниту еден јавен обвинител, станува јасно дека граѓаните се оставени да чекаат правда во систем кој сè потешко може да ја испорача. Додека судската власт располага со само 0,26% од БДП, наместо законски предвидените 0,8%, власта без проблем наоѓа средства за одржување на една од најгломазните влади во Европа, непотребни заменички функции, партиски административни позиции и бројни управни одбори. Истовремено, поради необезбедени средства од Министерството за финансии, беше поништен огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители. Особено алармантно е што извештајот нотира и притисоци од извршната власт врз јавното обвинителство, преку јавни изјави и реакции на високи владини функционери во врска со конкретни истраги и судски постапки. Наместо институциите да бидат заштитени од политички влијанија, сведочиме на постапки и изјави кои отвораат сериозни прашања за независноста на обвинителите и нивната можност непречено да ја извршуваат својата работа. Не може власта истовремено да бара резултати од обвинителството, а политички да ги коментира и оспорува неговите одлуки. Не може да се повикува на владеење на правото, а да создава атмосфера во која обвинителите треба да размислуваат каква ќе биде политичката реакција пред да донесат професионална одлука. Во комбинација со штетните измени на Кривичниот законик, кои овозможија застарување на предмети за висока корупција, недостигот од кадар и финансиската зависност на правосудните институции, се создава систем во кој неказнивоста станува правило, а правдата исклучок. „Не може да бараме правда како во Холандија, Шведска или Германија, а да финансираме непотребни владини фотелји додека обвинителствата остануваат без обвинители. Уште помалку може да зборуваме за независно правосудство кога претставници на извршната власт вршат јавен притисок врз оние што треба да го спроведуваат законот. Обвинителството мора да ја гони корупцијата, а не да стравува од оние што треба да ги истражува. Проблемот не е само во парите, туку во политичките приоритети и волјата да се изгради држава во која законот важи еднакво за сите. Очигледно, за власта има пари за функции, но нема пари за правда!“, истакна претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. ЛДП бара итно обезбедување на законски предвидените средства за правосудството, деблокирање на процесите за прием на нови судии и јавни обвинители, рационализација на непотребните административни трошоци и насочување на буџетските средства кон институциите што треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните. Истовремено, бараме прекин на политичките притисоци врз обвинителството, целосна заштита на неговата независност, ревизија на штетните измени на кривичното законодавство и воспоставување ефективна одговорност за високата корупција. Правдата не смее да биде привилегија на моќните, ниту заложник на политичките интереси. Држава во која има пари за политички привилегии, а нема пари за судии и обвинители, не страда од сиромаштија, туку од погрешни приоритети. А држава во која политичарите сакаат да влијаат врз обвинителите, не гради владеење на правото, туку систем на неказнивост. ЛДП останува цврсто определена за бескомпромисни реформи, независни институции и правда која нема да прашува кој е на власт, туку кој го прекршил законот. Затоа што без независно обвинителство нема вистинска правда, без правда нема доверба во институциите, а без доверба нема функционална држава! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook