Познат е составот на кометата од друга вселена (ВИДЕО) - Канал 5

Познат е составот на кометата од друга вселена (ВИДЕО)

Астрономите собираат резултати од анализите и мерењата на кометата за која се претпоставува дека доаѓа од друга вселена , надвор од нашиот Сончев систем.

Познат е составот на кометата од друга вселена (ВИДЕО)

Кометата С/2019 Q4(Борисов) е втор меѓуѕвезден објект забележан до сега по ,,Умиму” во 2017 и сега го следат телескопите од целиот свет.

Првите резултати сугерираат дека неговиот состав можеби не е различен од кометите во нашето вселенско соседство. Еден од научниците вели дека оваа комета би можела да стане најславната во историјата.

Научниот тим, користејќи го десетметаркиот телескоп Озирис, ја измери сончевата светлина во видливиот спектар што го рефлектира Борисов во Ла Палма, Шпанија.

Проучувајќи го овој спектар, научниците можат да извлечат заклучоци за неговиот хемиски состав, вклучително и дали се разликува од кометите што се „родени“ во близина на Сонцето.

Иако досегашните податоци сугерираат дека Борисов наликува на предмети поблиску до Земјата, научниците може да најдат интересни отстапувања при анализирање на новите податоци.

Некои научници веруваат дека кометите може да имаат „заситена“ Земја, во нејзините зачетоци, со органски молекули, што значи дека можеле да имаат улога во создавањето живот.

Доколку овие молекули биле откриени на кометата што припаѓа на системот од друг sвезден систем, тоа би имало големи импликации врз потенцијалниот живот на егзопланетите.

Ова би значело дека е можно животот како што знаеме да може да се појави во другите делови на универзумот.

Кометите се составени од мраз и прашина и се создадени во најоддалечените делови на протопланетарниот диск - акумулација на гасови и прашина што кружат околу една млада везда.

Кометата C / 2019 Q4 беше откриена на 30. август од аматерскиот астроном Генадиј Борисов кој го набљудувал вселенскиот простор од опсерваторија во Крим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер