Познат е првиот проект на принцот Хари и Меган Маркл на Нетфликс

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе учествуваат во производството на серија за платформата Нетфликс што ќе се занимава со натпреварувачите на спортските игри „ Invictus“ за ранети ветерани во Хаг 2022 година.

Принцот Хари ќе се појави лично во документарната серија Heart of Invictus, но тој ќе учествува и во нејзиното производство како извршен продуцент преку продуцентската куќа Archewell Productions, објави Нетфликс во соопштението.

Документарната серија ќе ги прикаже приказните за спортистите и организаторите кои се подготвуваат да се натпреваруваат на Игрите Инвиктус, кои се одложени за следната пролет поради пандемијата на коронавирус.

Нетфликс објави дека серијата ќе ја режира Орландо фон Ајнсидел, додека Џоана Натасегара ќе биде продуцент, а станува збор за дуо кое доби Оскар за краткиот документарец „Бела кацига“.

Игрите Инвиктус се организираат за ранетите војници кои се натпреваруваат во повеќе спортови, а ги основал самиот принц Хари во 2017 година, кој служел војска во Авганистан.

Двојката Хари и Меган потпишале повеќегодишен договор за производство со Нетфликс во септември минатата година. Хари и Меган живеат во Северна Калифорнија откако трајно го напуштија британското кралско семејство.

Била бездомничка, а сега заработува милиони од фотографии и го вжештува Инстаграм (ФОТО)

Приказната на Елиза Роуз Вотсон звучи како сценарио на некој холивудски филм. 

31-годишната поранешна наставничка во еден момент од животот се најде на улица, како бездомник зависничка од наркотици и алкохол, а денес заработува милиони на платформата „ OnlyFans “.

Овој дипломиран психолог станала зависник од дрога на 23-годишна возраст, кога започнала да работи како манекенка. Потоа започнала да користи кокаин и некои други опијати, а покрај тоа станала зависна од алкохол. Се борела со тоа цели четири години.

„Би ги дала сите пари што би ги заработила за алкохол или кокаин“, изјави сега Елиза за британските медиуми, признавајќи дека украла пари и од нејзината мајка. Наскоро се нашла на улица, справувајќи се и со спиење со непознати мажи. Еден пријател ја убедил да побара помош.

"Еден ден таа се појави пред мојата врата и јас бев толку уморна што само отидов со неа кај анонимни алкохоличари. Почнав да се справувам со моите проблеми. Дотогаш, неколку пати се обидов да извршам самоубиство додека бев во болница и во полиција. Знаев дека не можам да продолжам така “, вели Елиза.

По рехабилитацијата се вработила во градинка. Таа вели дека за време на вработувањето била целосно искрена за своето минато и дека решиле да и дадат шанса, за што е многу благодарна. "Работата беше совршена, но не можев да заработам доволно. Сакав да ги вратам парите што ги украдов од мајка ми, да вратам некои долгови и да станам независна", вели таа.

Затоа, таа се свртела кон „ OnlyFans “. Во декември 2019 година, таа отворила профил на таа 18+ платформа. Првично заработувала, вели таа, 2.000 фунти месечно, а во пандемијата 100.000 фунти месечно. Заработила милион фунти последнава година.

Работи 16 часа на ден, седум дена во неделата. "Не се само сексуални разговори, сè е таму. Постојат жени кои ме прашуваат за совети за вежбање и слично", вели таа. "Тоа е како заедница. OnlyFans ми дозволува флексибилен живот, кога мајка ми или некој близок ми е потребен, веднаш можам да бидам таму за нив", заклучила Елиза, која сега на Инстаграм ја следат скоро милион луѓе.

Нема кислород во индиските болници, се ограбуваат камионите со боци

Шест болници во индискиот главен град Њу Делхи целосно останале без кислород и лекарите велат дека на останатите болници им преостанува снабдување за само неколку часа.

Голем број луѓе починале додека чекале кислород, а повеќе од 99% од сите кревети за интензивна нега се полни, јавува Би-Би-Си..

Индија е во костец на вториот бран на инфекции со Ковид-19 и денеска го забележа најголемиот еднодневен биланс на нови случаи во светот.Земјата досега забележала скоро 16 милиони потврдени инфекции.

Во изминатите 24 часа имало 314.835 нови случаи на коронавирус, додека смртните случаи пораснале за 2.104.

Има полициски извештаи за луѓе кои ги спречувале цистерните со кислород да отпатуваат во други држави, според телевизиската станица НДТВ од Делхи. Некои болници се обвинети за складирање на нивните залихи, додека имало појави и на грабежи.

Млад човек од Шпанија си ја убил мајка си и ја јадел, заедно со кучето (ВИДЕО)

На млад човек од Шпанија му се суди за убиство на неговата мајка, распарчување на нејзиното тело и јадење делови, пишува Би-Би-Си.

Алберто Санчез Гомез бил уапсен во 2019 година, откако полицијата отишла во станот на неговата 66-годишна мајка. Нејзините познаници повикале полиција, загрижени дека со денови не им се јавувала.

При влегувањето во станот, детективите пронашле делови од мртвата жена во пластични контејнери расфрлани низ станот и во фрижидерот. Локалните медиуми напишале дека младиот човек го расекол телото на повеќе од илјада парчиња. Тие исто така го пронашле 26-годишникот, како готви некои делови од нејзиното тело.

Полициските службеници на кои им ја отворил вратата изјавиле дека на прашањето дали неговата мајка е во станот, тој одговорил: „Да, мајка ми е тука, таа е мртва“.

Младиот човек признал дека готвел и јадел делови од телото, а некои му ги дал и на кучето.

На почетокот на судењето, Санчез Гомез тврдел дека слушнал „тајни пораки“ од ТВ и гласови кои му велеле: „Убиј ја мајка ти“. Гласовите, како што тврди, им припаѓале на неговите соседи, познаници и познати личности.

Тој, исто така, на судењето тврдел дека не се сеќава на убиството или на распарчувањето на телото.

Сега се соочува со казна од 15 години до доживотен затвор.

притисни ентер