Познат бизнисмен остана без своето Ламборџини од 250.000 евра- сѐ се случи на паркинг (ВИДЕО) - Канал 5

Познат бизнисмен остана без своето Ламборџини од 250.000 евра- сѐ се случи на паркинг (ВИДЕО)

Жена возејќи пикап од три тони случајно згазила Ламборџини вредно 250.000 долари на паркинг во Флорида.

Познат бизнисмен остана без своето Ламборџини од 250.000 евра- сѐ се случи на паркинг (ВИДЕО)

Рамон Ферер, кубански претприемач, барал паркинг место во своето црно Ламборџини Хуракан кога зад аголот се појавил модифициран Шевролет Силверадо.

Пикапот бил опремен со подигната суспензија што ја кревала кабината толку високо што се верува дека жената зад воланот не можела да го види ниско поставениот спортски автомобил.

Камионот завршил врз Ламборџинито, згмечувајќи го предниот дел.

Во видео што кружи на интернет, жената во пикапот може да се види како излегува од своето возило, држејќи си ја главата во неверица додека гледа што се случило. Се чини дека никој не е повреден.

Ферер, кој претходно го опишал своето Ламборџини како „автомобилот од моите соништа“, објавил повеќе видеа од инцидентот на своите профили на социјалните мрежи.

„Денес сум прероден. Ти благодарам Боже за уште еден ден и уште една шанса. Материјалните работи не ми се важни - моето здравје е најважно. Ништо не ме спречува, сè уште има многу да се направи“, напишал тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер