ЗабаваПознат австралиски тенисер со потекло од Хрватска заврши на сајт за возрасниНеговата девојка објавила жешка сцена, ставила цена и и се извини на мајка сиКонтроверзниот австралиски тенисер Бернард Томиќ пред неколку дена откри дека влегол во врска со атрактивната Ванеса Сиера. Новата девојка на тенисерот се прослави со учеството во реалните шоуа, но и со провокативните објави на социјалните мрежи. Сепак, она што ја прави Сиера популарна во моментов е нејзиното учество во една популарна мрежа за возрасни каде провокативните содржини им се наплаќаат на корисниците. Судејќи според нејзината најнова „Инстаграм сторија“, таа го вклучила и Томиќ во целата приказна. Имено, Сиера споделила фотографија на која нејзиниот партнер í го гризе задникот. - Упс, го убедив Томиќ да направи нешто лошо. Извини, мамо, напиша Ванеса покрај провокативна фотографија. View this post on Instagram A post shared by Vanessa ♡ (@vanessasierra) Што се однесува на тениската кариера на Томиќ, се чини дека таа сега не му е во прв план. Тој во моментов е 224-ти тенисер на АТП-листата, а последниот натпревар го одигра во март годинава, кога беше поразен во Мексико од Александар Вукиќ со 2:0 во сетови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притворДен пред првообвинетиот за случајот „Пулс“ Дејан Јованов Деко да излезе од притвор, против него е отворена нова истрага, овој пат за давање поткуп.Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за него за кривично дело - давање поткуп. Тој се сомничи дека дал поткуп на службено лице во министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови. Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО ГОК, од каде соопштуваат дека службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка.. Јованов утре требаше да излезе од притвор за случајот Пулс, зашто според законот, тој во притвор може да остане најмногу една година од оценката на обвинението..Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степениУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Според УХМР ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата. Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени. – Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски. Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook