По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
1По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
Шоу бизПознат актер се бори со џиу-џицу професионалец на турнир (ВИДЕО)Британската, а воедно и холивудска ѕвезда Том Харди, освен што е познат актер, е и врвен БЏЏ борец.Минатата година сосема случајно се дозна дека Харди се занимава со оваа боречка вештина, кога на социјалните мрежи се појавија негови слики од турнир на кој што тој победил. Tom Hardy has pretty solid Brazilian Jiu Jitsu pic.twitter.com/kEyDJswP2y — Bloody Elbow (@BloodyElbow) March 27, 2023 Харди сега е снимен на турнир во џиу-џицу во Италија кој се одржа изминатиов викенд. Обожавателите во публиката можеа накратко да ги доловат неговите потези кои изгледаат многу импресивно. Tom (golden boy) Hardy, my champion 🥇❤️ And here's more Tom Hardy content yesterday during the championship with nice comments from Tom de Blass and our Tom 😍💖! As I said, if you win, if you lose, we're all proud of you. You are the best 👏🏻💞 The video is also too 🔥🔥🔥 🥵 pic.twitter.com/mS2GFKhH6C — Irene 💍 tomhardysfangirl (@TomHardyMyKing) March 27, 2023 Харди беше снимен како прави многу ефикасно наведнување, го фрла противникот и го носи на тартанот, каде што го совладува и освојува поени. Tom Hardy played an MMA fighter in ‘Warrior’ — now he's played one in real life, too. The 45-year-old actor entered a Brazilian jiu-jitsu competition in Milton Keynes, England, under his birth name, Edward Hardy. Hardy went on to win all of his matches. pic.twitter.com/BmrJuSrtIZ — NowThis (@nowthisnews) September 21, 2022 Харди на крајот на минатата година освои златен медал на турнир во Англија, па дури и се обиде да го сокрие своето присуство со малку маскирана појава, како и да се регистрира под вистинското име Едвард Харди, но не успеа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармаладВо среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.Состојки за денешниот рецепт: (мерките се со шолји за млеко) 2 шолји брашно 1 шолја шеќер 1 шолја вода половина шолја масло 4 големи лажици мармалад од сливи една рака сецкани ореви 1 лажиче сода бикарбона 1 лажиче цимет 1 ќесичка ванилин шеќер шеќер во прав по потреба Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАПоранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилствоПоранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди. Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал. Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него. Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија. Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати. Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата. Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судствоПо иницијатива на Уставниот суд на Република Македонија, а со поддршка од уставните судови на Србија и Босна и Херцеговина, се формира Охридски форум за дијалог за поголема доверба во уставното судство. Станува збор за платформа за регионална соработка, размена на искуства и унапредување на принципите на независност, транспарентност и ефикасност на уставните судови. Целосната содржина и принципите врз кои се основа Охридскиот форум: Поаѓајќи од определбата дека довербата во уставните судови е највредниот капитал што може да го поседува еден уставен суд, заклучивме дека: ● изградбата на довербата во уставното судство претставува системско прашање кое бара ангажман како од самите уставни судови и судии, така и од политичките субјекти, медиумите, научната и стручната јавност. Издвоени се три принципи кои можат да придонесат за унапредување и зголемување на довербата: ● независност; ● транспарентност; ● ефикасност. Овие три принципи можат да се остваруваат преку внатрешните напори на судовите, но истовремено во голема мера зависат и од постапувањето на надворешните чинители. Она што секој суд може да го направи заради јакнење на сопствената независност и намалување на политичките влијанија врз неговата работа е зајакнување на личниот интегритет на судиите, а преку него и на институционалниот интегритет на Судот во целина. Една од мерките е донесување Кодекс на однесување на судиите, кој ќе содржи универзални уставносудски стандарди, како и негово доследно почитување. Ограничувањето на надворешните влијанија се постигнува и преку висок степен на стручност и компетентност на секој судија поединечно, што подразбира постојано унапредување на знаењата и вештините. Во поглед на транспарентноста, клучен елемент за зголемување на довербата на граѓаните е приближувањето на работата на Судот до јавноста, а особено обезбедувањето достапност на неговите одлуки. Начините за постигнување на оваа цел се различни и зависат од правната традиција на државите и од културата на отвореност на самите судови. Тие можат да опфатат континуирано објавување соопштенија со објаснувања разбирливи за пошироката јавност, брифинзи со судиите, присуство на медиумите на седниците, директни преноси од седниците на Судот, поединечни јавни настапи на судиите во медиумите, како и присуство на соодветни социјални мрежи. Кога станува збор за јавните настапи на судиите, доколку Судот веќе практикува или се определи за ваков вид комуникација со јавноста, особено треба да се нагласат одредени ограничувања во нивните изјави, меѓу кои се: ● забрана за дискусија за тековни предмети; ● забрана за прејудицирање на исходот на тековни и идни постапки; ● избегнување ad hominem обраќања воопшто, а особено кон судии или други личности од јавниот живот; ● зачувување на кредибилитетот и институционалниот авторитет на Судот. Издвоените мислења на судиите кои јавно се објавуваат треба да имаат за цел да придонесат за развојот на правната мисла и уставносудската практика и за стратешкиот развој на Судот, при што аргументите содржани во нив во иднина можат евентуално да бидат прифатени како мнозински став или да поттикнат соодветна законодавна реакција. Во поглед на ефикасноста во работата на уставните судови, таа подразбира навремено постапување, почитување на утврдените рокови и избегнување неоправдано одолговлекување на постапките, седниците и нивното траење. Доследното остварување на наведените принципи не зависи само од волјата, капацитетот и способноста на судовите. За нивно целосно остварување, во голема мера се неопходни соработка и добра волја од другите јавни органи, медиумите, стручната и научната јавност и останатите релевантни чинители. Така, независноста на секој уставен суд е во непосредна врска со степенот на политичката и правната култура на општеството во целина. За доследно остварување на независноста потребно е и соодветно буџетско и институционално уредување. Особено е важно судовите да работат во полн состав, судиите да бидат навремено избрани, како и постапката за нивниот избор да биде транспарентна, објективна и деполитизирана, со примена на најдобрите меѓународни стандарди кои обезбедуваат објективност на постапката и критериумите. Во современи услови, ефикасноста подразбира и користење современи алатки за работата на Судот, како што се соодветни софтверски решенија за следење на предметите, бази на податоци, лесен и едноставен пристап до домашната, странската и меѓународната судска практика, како и соодветна технологија за одржување и пренос на јавните седници, доколку Судот ги практикува. Медиумите имаат исклучително значајна улога во обезбедувањето транспарентност на работата на судовите и во пренесувањето информации до јавноста. За таа цел потребни се континуирани обуки и специјализација на новинарите, блиска принципиелна и заемно професионална соработка меѓу судовите и медиумите, како и редовни средби за општи и тематски прашања кои предизвикуваат посебен интерес кај јавноста. Имајќи го предвид значењето на трите клучни принципи од кои зависи јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, Охридскиот дијалог ја препознава потребата од воспоставување заедничка рамка за нивна доследна примена. Во таа насока, се предлага склучување Меморандум за зголемување на довербата во уставните судови, со кој би се утврдиле стандарди за транспарентност, заеднички показатели и методологија за следење на јавната доверба во секој од судовите, периодична заедничка анализа на резултатите, како и регионално поврзување и унапредување на базите на уставносудската практика. Основањето на Охридскиот форум за дијалог за зголемување на довербата во уставните судови е резултат на плодната дискусија во рамките на регионалната конференција одржана на 16 и 17 септември 2026 година. Овој настан се одржа во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter