Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
БалканПозитивните ефекти од Договорот од Преспа тема на централен настан на фестивалот на подмладокот на СИРИЗА во АтинаНа четвртото издание на фестивалот, Македонија имаше свои претставници.За важноста на Договорот од Преспа, не само за двете земји, туку и за целиот регион, но и за отворената можност за комуникацијата меѓу двата народи, особено меѓу младите по постигнувањето на решението, говореа Ивана Туфегџиќ, пратеничката од коалицијата на СДСМ и поранешниот шеф на грчката дипломатија, сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос на панел дискусија во рамките на фестивал „Спутник" организиран од подмладокот на СИРИЗА што викендов се одржува во Атина, а нивните ставови ги пренесоа и во разговор со дописничката на МИА од Атина. На четвртото издание на фестивалот, Македонија имаше свои претставници, како пратеничката Туфегџиќ , така и претседателот на Социјалдемократската младина кои изразија надеж дека нивното прво учество на фестивалот и контактите со подмладокот на СИРИЗА ќе бидат почеток на нова и плодна соработка. Во обраќањата на панел дискусијата под наслов „Залогот за мир во бурето барут на Балканот", пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Катругалос говореше за историската важност на Договорот од Преспа и можностите што ги отвори и за двете земји и за регионот, како и за грчката надворешна политика, а ја коментираше и позицијата на владејачката Нова демократија, за која рече дека за конкретното прашање се завртила за 180 степени, во однос на предизборните ставови. Пратеничката од коалицијата на СДСМ во обраќањето, освен што говореше за важноста на Договорот од Преспа, акцентот го стави на младите, велејќи дека тие и од двете страни на границите се соочуваат со исти проблеми, а од особена важност е нивното поврзување и нивната комуникација. Катругалос: Договорот од Преспа ги постави основите за народите од двете земји меѓусебно да контактираат Поранешниот шеф на грчката дипломатија, a сега пратеник и надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека фестивалот е добра можност за поголема комуникација меѓу граѓаните од двете земји, по Договорот од Преспа. -Договорот од Преспа ги постави основите за народите од двете земји да стапуваат во контакт, да ги наоѓаат работите што ги обединуваат, а не оние што ги разделуваат. Сметам дека Договорот од Преспа не одигра важна улога само во високата дипломатија за да запре горчливата билатерална разлика меѓу двете земји, не само што го стабилизираше балканскиот регион, направи нешто уште поважно, им даде можност на граѓаните на Македонија и на граѓаните на Грција да комуницираат, меѓусебно да се разбираат и мислам дека фестивалот „Спутник" даде добра можност за чекор кон тоа, вели Катругалос. За соработката меѓу младите од двете земји, тој коментира дека претходно, пред решението меѓу двете земји, пречка секогаш беше прашањето за името, а ја споменува и позитивната агенда од Договорот од Преспа, односно можностите за соработка. -Претходно, не можевме воопшто да потпишеме билатерални договори бидејќи постоеше прашањето со името и од најважните достигнувања на Договорот од Преспа е дека едно цело поглавје се однесува токму на оваа област, на мировната, на економската, но и на културната соработка, додава пратеникот од СИРИЗА и надлежен за надворешна политика. Катругалос за МИА истакнува дека треба да се забрзаат прашањата околу спроведувањето на договорот, како што се оние за учебниците и за трговските ознаки, „за кои се составени надлежни комисии и треба нивната работа да се охрабри и од двете влади". Туфегџиќ: Почеток на соработка особено важна за младите Пратеничката од коалицијата на СДСМ веднаш по завршувањето на централниот настан – панел дискусијата на вториот ден од фестивалот на подмладокот на СИРИЗА, во разговор за МИА вели дека ова е почеток на една соработка бидејќи се работи за теми кои што се важни особено во делот на младинските прашања и политики, а токму затоа таа ги спомена младите како централен дел во нејзината дискусија. -Mислам дека поврзувањето помеѓу младите и запознавањето на младите со различната култура, различните образовни системи, можеби и различните можности за вработување, работнички права итн, мислам дека се важни особено за нас, за да учиме од земја која е веќе членка на Европската унија и наш сосед, а од друга страна мислам дека е важно ваквите соработки да се продлабочуваат на сите нивоа помеѓу политичките партии, помеѓу граѓанското општество, медиумите, синдикатите, стопанските комори, бидејќи е важно, по Преспанскиот договор да отвораме едно ново поглавје, мислам дека е многу важно да бидат ваков тип на размени од кои можеме многу да научиме едни за други, вели Туфегџиќ. Во однос на тоа колку младите од двете земји се познаваат, пратеничката коментира дека не се познаваат меѓу себе и треба да се следат примерите од минатото на соработки на ниво на граѓански организации, размени меѓу Универзитетите, меѓу студентите, професорскиот кадар. -Многу е важно да ги продлабочиме тие соработки и на универзитетско ниво и на средношколско ниво можеби, бидејќи е важно да се запознаваат на начин на кој не е доволно да отидете на одмор на Грција и обратно тие да дојдат во Охрид. Туку е важно да целиот тој процес биде процес на учење, мислам дека во Македонија многу малку обрнуваме внимание на неформалното образование, а тоа е еден дел, бидејќи кога учат заедно за вештини, за дигитален развој да речеме, тие се запознаваат и стекнуваат неформално образование кое понатаму им помага за да најдат квалитетно работно место, така што е важна е таа размена, може да биде многу продуктивна и мислам дека тука мораме повеќе да вложуваме, објаснува пратеничката од коалицијата на СДСМ. Туфегџиќ додава дека тие се отворени за соработка и со сегашната влада на Грција и истакнува дека конкретните работи на кои што се осврна таа се важни за иднината на двете земји во начинот на соработката без разлика која влада е на власт, а договорот не смее да зависи од владите. Каевски: Почнува плодна соработка меѓу Социјалдемократската младина и подмладокот на СИРИЗА На покана на подмладокот на СИРИЗА на фестивалот, за прв пат присуствуваа и претставници на Социјалдемократската младина, a претседателот Дарко Каевски за МИА вели дека со ова започнува една плодна соработка сѐ со цел да спроведат заеднички активности и заеднички да ги презентираат сите придобивки кои произлегуваат од Договорот од Преспа. -Верувам дека како млади луѓе можеме да ја направиме промената и тука во Грција и кај нас во Северна Македонија, се со цел што е можно повеќе младите да имаат придобивки, придобивки кои ќе значат подобра иднина и кои што ќе значат подобар стандард и она што е потребно за младите, затоа што како и во нашата држава, така и во Грција голем е бројот на млади кои што се отселуваат кои одат во западните држави, но секако кај нас е многу поголем и кај нас е позабележителен тој податок, така што заеднички можеме да спроведеме многу голем број на активности кои што ќе придонесат и ќе бидат во насока сето ова да се намали и со крајна цел да се отстрани, вели Каевски. Соработката на подмладоците на двете партии нема да заврши со завршувањето на фестивалот на СИРИЗА. Каевски објаснува дека по повод на роденденот на Социјалдемократската младина на 9 ноември ќе организираат низа активности и настани, а поканет е и подмладокот на СИРИЗА. -Една недела пред настанот ги очекуваме претставниците, лидершипот на подмладокот на СИРИЗА да дојде во Скопје и заеднички да го прославиме нашиот роденден, но и да ги презентираме сите заеднички активности кои што сме ги превземале, објаснува претседателот на Социјалдемократската младина. Четвртиот фестивал на подмладокот на СИРИЗА „Спутник", почна во петокот, а завршува вечерва со обраќање на лидерот на партијата и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, кој синоќа прошета низ штандовите, поразговара, но и се фотографираше со присутните. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook