Позитивни пораки за Македонија од ЕУ и НАТО

По потпишувањето и ратификацијата на Договорот за решавање на спорот за името и најавата за доставување писма од Грција до ЕУ и НАТО стануваат реални очекувањата дека Република Македонија следната недела ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

По потпишувањето и ратификацијата на Договорот за решавање на спорот за името и најавата за доставување писма од Грција до ЕУ и НАТО стануваат реални очекувањата дека Република Македонија следната недела ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а во јули и покана за членство во НАТО.

Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, упати писмо со честитки до премиерот Заев во кое оценува дека спогодбата за македонско-грчкиот спор за името го отвора патот за историски договор, и воeдно наведува дека Берлин со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи.

Германската Влада, пак, препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела.

- Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана, се наведува во писмото што го пренесе Дојче веле на македонски јазик во кое се наведуваат и областите каде се потребни видлив реформски напредок.

Во меѓувреме и Холандскиот Парламент одлучи да даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија. Премиерот Зоран Заев очекува дека по демонстрираниот, како што вели, европски манир од македонска страна, поддршка за пристапни преговори ќе стигне од сите земји - членки на ЕУ па и од Франција, која зедно со Холандија важат за силни противници на проширувањето со инсистирање прво да се спроведат реформи во самата Унија.

- Реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси. Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема, изјави Заев вчера на новинарско прашање по стартот на изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.

Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, исто така, смета дека земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија.

Шаусбергер во текст за австриски „Пресе“ оценува дека Договорот за долгогодишниот спор за името на Македонија би можел да предизвика голем број позитивни последици за регионот и за цела Европа.

Што се однесува за НАТО, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтелнберг изјави вчера дека на Самитот во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.

- Оптимист сум дека ќе биде донесено такво решение, како и за тоа дека на референдумот во Македонија ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција, нагласи Столтенберг.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера изрази уверување дека на Самитот на НАТО што треба да се одржи на 11 и 12 јули Македонија ќе ја има обезбедено поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство, затоа што исполнила големи домашни задачи, што, како што рече, се големи аргументи во полза на нашето членство во Алијансата.

- Доколку тоа се случи, мислам дека и во поглед на Македонија ќе се почитува процедурата која важи и за другите земји членки и оти тој период би бил од една до една и пол година, во зависност од тоа каква е процедурата во државата и во земјите членки, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашања по потпишувањето на договор за времено користење на простории во Домот на АРМ од страна на Сојузот на борците од НОБ и антифашистичката војна на Македонија.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера најави дека во недела ќе ги потпише, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија. Говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос, како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас рече дека минатиот петок, пред потпишувањето на договорот, без да биде обврзан, испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, во кое го известува и ги поставува предусловите со кои треба да биде поврзана поканата за членство, односно оние услови што ги предвидува самиот договор.

Во однос на новите писма, Коѕијас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските. Тој појасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постоја тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

- Нема да биде добро да се случи такво нешто, коментираше шефот на грчката дипломатија

Советот на ЕУ за општи работи в понедленик и во вторник ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија. В четврток и петок е состанок на шефови на држави и влади на членките на Унијата. /МИА

Мицкоски ги повика албанските гласачи да не ги бојкотираат претседателските избори

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница.

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница, очекувам цензусот од 40 отсто за претседателските избори да биде исполнет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Тој ги повика гласачите Албанци да излезат на вториот круг, а тоа што ДУИ не го повикува своето членство го оценува како политички маневар.

„Во немоќ, да не доживеат катаклизма пред нивните гласачи ги потсетуваат на некои романтични националистички и шовинистички времиња од пред 20, 21 година, кога се обидуваа да ги злоупотребуваат пред сѐ Албанците повикувајќи на некои големи држави на Балканот, така сега се обидуваат да направат акробација и велат: „Нема да бојкотираме, но ќе бидеме на страна и нема да го повикаме членството или поддржувачите наши да гласаат“.. Ги повикувам нашите сограѓани Албанци да не наседнуваат..“

За пораките од ДУИ дека за формирање на влада е неопходно бадентерово мнозинство, Мицкоски смета дека сето тоа го прават бидејќи, како што вели, им дошло време за одговорност. На терен прават огромен притисокза да ја купат волјата на граѓаните, мислејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ, обвини Мицкоски.

„Апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила.. Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект.“

Мицкоски го повика обвинителство да постапи за злоупотреба на службената положба по наводите кои ги изнесоа вчера од ВМРО-ДПМНЕ, дека вицепремиерот Фатмир Битиќи од СДСМ со писмо барал од компаниите да гласаат за нив. Во спротивно рече дека ќе се докажело дека системот е партизиран.

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ

“Ветувањата ги остваруваме, oвде од  Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година Владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите.“

„Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме”, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка.

“Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома. За младите земјоделци што го превземаат земјоделското семејно стопанство грант од 20 000 евра. За жени земјоделки, за бизнис за преработка на примарното производство, финансиската поддршка се зголемува од 6 000 на 10 000 евра. Вложуваме во повеќе работни места и подобри плати, обезбедуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на млади до 26 години. Затоа на 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад, во сојуз со граѓаните да продолжиме да работиме за просперитетна, напредна и модерна држава за сите, за подобар живот дома”, се наведува во партиското соопштение.

Православните христијани го одбележуваат Велики Петок

Велики Петок денот кога Исус Христос починал на крст во шестиот час од денот. 

Во христијанстовото денеска е најтажниот ден, но суштината на овој ден е дека по смртта има воскересние. Во црквата Света Петка верниците со молитви за прошка и со големо внимание ги слушаа читањета на извадоци од евангелијата за страдањето на синот божји за сите откажувања од него, но и за оние кои верувале дека Исус е синот божји. Во моментот на неговата смрт завесата во ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се замрачило, ѕвоната распукале, а мртвите станале од гробовите.

По прочитаните евангелија во црквата се стави симболот на светиот гроб прво под него поминаа светштениците, а со благослов и верниците. Утринската литургија исполнета со читања, молитиви и пеењето на хорот со децении е симбол за верувањето во Бога на 82 годишната баба Зора. Со бастумчето нога пред нога доаѓа со молба и здравје за нејзините внуци и да им се радува во животот. За сите нејзини чеда пали свеќа. Годините и го намалиле видот, но вербата во молитвата и вербата кон Бога останува. Милно вели: „не гледам да запалам свеќа, но со божја волја и помош од вас присутните пламенот од моите свеќи ги има на овој ден“.

Православниот канон предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден црквата пропишува најстрог пост, во знак на таговно сеќавање на настаните. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

притисни ентер