Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
1Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
3Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
„Беше пеколна година“- четворица астронаути излегоа од изолацијата по 378 дена живот како на Марс (ВИДЕО)
2„Беше пеколна година“- четворица астронаути излегоа од изолацијата по 378 дена живот како на Марс (ВИДЕО)
КултураПозитивни критики за „Дваесет и првиот“ на Османли во ХрватскаПод наслов „Живот на размеѓа од столетијата“ најновиот број на хрватското списание „Тема“ посветено на литературата донесува рецензија на романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, од истакнатиот хрватски книжевен критичар Божидар Алајбеговиќ.Во анализата, критичарот потенцира дека објавата на романот на Османли е само петтиот по ред македонски роман објавен во Хрватска во последниве 15 години. - Станува збор за роман на општествена критика и на универзален поглед, без оглед на македонските референци со кои изобилува романот „Дваесет и првиот“. Томислав Османли создава сложен, постмодернистички и убедлив роман за хаотичноста на животот на преминот од милениумите, истакнува Алајбеговиќ. Според хрватскиот книжевен критичар, станува збор за еден вешто структуриран, богат и слоевит ракопис во кој авторот бројните ракавци на приказната, ги води суверено и на тој начин го гради дејството на својата книга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалцитеДенеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност. Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група. Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески. Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал. Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија. Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат. Сметки, струја, греење, храна, лекови. Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитутрите се затворени, банкоматите се празни, нема картички. Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени. Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески. Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага. Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат. Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПремиерот на Белгија поднесува оставка, земјата ја очекува политички земјотрес Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе му ја понуди својата оставка на кралот Филип откако разговорите за буџетот пропаднаа, а владата не успеа да постигне договор за мерките за штедење потребни за усогласување со правилата на Европската унија.Според локалните медиуми, повикувајќи се на јавниот радиодифузен сервис VRT, Де Вевер треба да биде примен од кралот денеска, откако неколкучасовните преговори меѓу членовите на владата, кои траеја цела ноќ, завршија без договор. Белгиската влада е под голем притисок да ги намали јавните трошоци и да заштеди околу 10 милијарди евра со цел да се усогласи со фискалните правила на Европската унија, објавува Euronews. Буџетскиот дефицит на Белгија минатата година изнесуваше пет проценти од бруто домашниот производ, што е далеку над дозволената граница од три проценти. Проблемите се дополнително влошени од јавниот долг, кој надмина 735 милијарди евра, или повеќе од 110 проценти од БДП. Според правилата на ЕУ, јавниот долг на земјите-членки не треба да надминува 60 проценти од БДП. Неуспехот да се постигне договор за буџетот веќе имаше влијание врз финансиските пазари. Каматните стапки на белгиските државни обврзници се зголемија, што значи дека земјата ќе мора да потроши повеќе пари за да го сервисира постоечкиот долг. Доколку кралот Филип ја прифати оставката на Де Вевер, Белгија би можела да се соочи со нови избори. Сепак, монархот има можност да ја отфрли оставката или да ја разгледа. Де Вевер под притисок поради блокирање на планот на ЕУ за руските средства Белгискиот премиер е во центарот на вниманието во Европа во последните месеци поради неговото противење на планот на Европската унија за користење на замрзнатите руски средства, вредни околу 140 милијарди евра, за финансирање на помошта за Украина. Овој став му го донесе неформалниот прекар „Кочницарот на ЕУ“, бидејќи неговото противење е една од главните пречки за постигнување договор меѓу членките на ЕУ. Де Вевер претходно предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства за обезбедување заем за Украина може да предизвика сериозни превирања на европските финансиски пазари. Тој, исто така, истакна дека белгиските даночни обврзници би можеле да се соочат со огромни финансиски последици ако имотот еден ден се врати во Русија, а обврската за враќање на заемот остане кај европските држави.Тагови: Белгија оставка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДПДенеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. „Добровечер од Дизелдорф. Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го започнавме со состаноци во рамките на компанијата Германски Телеком, којашто е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении. Она коешто денеска го разговаравме со главниот директор на Дојче Телеком се нивните потенцијални дополнителни инвестиции во Македонија, на македонскиот телекомуникациски пазар, но тука не се ограничивме. Зборувавме и за потенцијални инвестиции на Германскиот Телеком во други области како што се здравството, паметната технологија и друг тип на индустрии коишто ќе донесат голема додадена вредност за македонската економија и на тој начин ќе го зголемат присуството на Германскиот Телеком во Македонија, но и во регионот. Понатаму, во текот на денот направивме состаноци со Германската стопанска комора и нејзини претставници во рамките на нашата посета во Бон. Беа присутни голем дел од фирмите коишто имаат свои инвестиции во Македонија, но и оние фирми коишто имаат своја амбиција да инвестираат во Македонија. Разговаравме за досегашните нивни искуства, како да ги направиме нивните инвестиции поуспешни, но истовремено зборувавме и за зголемување на нивните инвестиции, капацитети, со што исто така би се зголемил и бруто-домашниот производ на македонската економија. Се на сѐ, навистина успешен ден овде во Германија, во Бон, и сето она коешто денеска го разговаравме, се разбира, ќе има дополнителна додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Македонија. Голем поздрав од Дизелдорф и продолжуваме утре со нашата посета во Германија.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook