МакедонијаПожарот во Трубарево е изгаснат, според премиерот центри на моќ не сакаат оваа Влада да успее„Изворот“ кој изминатово деноноќие го труеше Скопје е изгаснат.„Изворот“ кој изминатово деноноќие го труеше Скопје е изгаснат, по тешката битка на службите до доцна синоќа, денеска се очекува да биде дозатрупано она малку што остана да чади да се покрие со песок. Миризбата од запалената пластика и натаму се чуствува, а армиските служби мереа и дали има евентуална радијација. Сепак пожарникарските екипи остануваат на терен. Додека чадењето целосно не запре. Степенот на загадување за разлика од вчера е значително намален, изјави премиерот Мицкоски кој денеска беше во Трубарево. Мицкоски на новинарско прашање изјави дека со министерот Меџити биле во постојана координација а за поради пожарот приведени биле 4 лица.. Мицкоски вели дека пожарите изминатиот период не се случајни, туку организирани од центри на моќ, но не откри кои -Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат и сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Во меѓувреме, додека постапуваат службите, околните улички околу запалениот отпад изгледаат напуштени.. Мал број на граѓани се останати дома и не излегуваат надвор, другите се „евакуирале“ кај роднини и пријатели, и досега никој не се одѕвал на понудата на МВР за привремено сместување во центарот за обука во Идризово. Инаку, службите, заедно со Премиерот Мицкоски увид направија и во Дрисла, која изминатиов период исто така е извор на загадување на амбиенталниот воздух. Тагови: пожар Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија падна две места на новата ФИФА листаНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по ремито на пораз на последните две пријателски средби забележа пад на листата на ФИФА на најдобри светски селекции. По ремито со Босна и Херцеговина во Сараево и високиот пораз на гостувањето кај Турција, македонската фудбалска репрезентација направи пад за две места на најновата ФИФА листа. Македонија сега се најде на 69. место на светската ранг-листа на најдобри фудбалски репрезентации so 1369.16 поени. Пред нас се најдоа Зеленортските острови, како и Обединетите Арапски Емирати, а и Босна и Хрецеговина напредуваше до 64. место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличениОд највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени. Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се констатира недоволен напредок во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата. Ова е директна потврда дека Владата на Мицкоски не спроведува реформи. Наместо независни институции, сведочиме на политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и обиди за партиска контрола врз институциите. Извештајот на Вајц дополнително предупредува и на странско непријателско влијание и кампањи за дезинформации кои ја поткопуваат демократијата. Тоа е уште една потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и евроскептицизмот не се случајни, туку дел од организирана кампања по примерот на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО-СНС. Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, вистинската цел е да се задржи државата во изолација и да се спречи европската интеграција. Лажниот патриотизам служи само како параван за неспособноста, корупцијата и отсуството на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија е заглавена со кримимална група на власт. Денес е кристално јасно: со Христијан Мицкоски и ВМРО нема Европа, нема реформи и нема подобар животен стандард. Дури и во последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз се Копенхашките критериуми. Значи без реформи и исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во уставот нема продолжување на преговорите со ЕУ. Уште една потврда на тоа што го говори СДСМ. Затоа, реформи сега. Европа сега. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
СветВидео: Пожарот предизвикал огромна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиониВидеата открија сè: Делови целосно уништени ....Ексклузивни снимки добиени од CNN покажуваат обемна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони, USS Gerald R. Ford, откако избувнал пожар на бродот. Според извори, инцидентот се случил поради дефект на системот за гаснење пожар на бродот, објавува CNN. Кога во март избувна пожар на најголемиот воен брод во светот, среде воените операции против Иран, американската морнарица ја увери јавноста со кратко соопштение. Таа тврдеше дека пожарот бил брзо „локализиран“, дека двајца морнари биле згрижени за „повреди кои не се опасни по живот“ и дека масивниот носач на авиони останал „целосно оперативен“. Сепак, нови видео снимки до кои дојде Си-Ен-Ен откриваат дека драмата во Црвеното Море била многу поопасна, а штетата многу поголема отколку што Пентагон сакал да признае. Снимките од внатрешноста на бродот покажуваат дека кабините каде што спиеле морнарите биле целосно уништени. Од креветот останале само изгорените, извиткани метални решетки под таванот, кој буквално бил проголтан од елементот на оган. Од таванот висат оголени жици, а подовите на спалните соби се покриени со купишта пепел. „Сериозно мислев дека ќе го изгубиме бродот“, изјави за Си-Ен-Ен еден морнар од „УСС Џералд Р. Форд“, опишувајќи го пеколот низ кој поминале додека се бореле со пожарот. „Во таква ситуација имате само два избора - борете се или умрете“. За да биде уште полошо, вградениот систем за автоматско гаснење пожар воопшто не работел, па морнарите морале френетично да импровизираат сами за да спасат животи и да спречат потонување, потврди за Си-Ен-Ен висок американски функционер запознаен со инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22