Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
1Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
БалканПожарот кај Сребреница се приближува до куќите: Исцрпени сме, дежураме 24 часа (ВИДЕО)Пожарот кој веќе шести ден гори во националниот парк Дрина кај Сребреница во Република Српска се доближи до куќите во селото Лука, а пожарникарите се обидуваат да спречат пожарот да се прошири до најблиското село.Во гаснењето на пожарот во текот на денот учествувале хеликоптери од Здружението на хеликоптери на Република Српска и вооружените сили на Босна и Херцеговина, а најавено е и пристигнување на хеликоптер од Србија, јавува РТРС. Како што соопштија од општина Сребреница, и покрај тоа што Здружението на хеликоптери и Цивилната заштита на РС реагирале на првиот ден од пожарот, некои области биле недостапни за хеликоптери, па огнот повторно се проширил во текот на ноќта. Заменик-командантот на противпожарната служба во Сребреница, Мујо Хасановиќ изјави дека во гаснењето на пожарот учествувале максимален број пожарникари. „Исцрпени сме до максимум, дежураме 24 часа“, рече тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристиЈужна Европа и натаму е во пламен. Разорните шумски пожари и натаму беснеат во повеќе европски земји, оставајќи зад себе уништени домови, опожарени шуми и илјадници евакуирани жители и туристи. Најтешка е состојбата во Грција, каде што во борбата со огнената стихија животот го загубија тројца пожарникари. На југот на островот Крит беснеат најголемите пожари. Двајца пожарникари загинале откако со службеното возило ја изгубиле ориентацијата во густиот чад, додека уште еден нивен колега бил пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на Пелопонез. Причината за неговата смрт сè уште не е соопштена. Поради силните ветрови, хеликоптерите и противпожарните авиони привремено ги прекинаа летовите, што дополнително ја отежна борбата со пожарите. Евакуирани се неколку населени места, а околу 6.000 туристи биле погодени од евакуациите. Грчките власти предупредуваат дека опасноста останува исклучително висока и во наредните денови. -Во името на целиот владин кабинет изразувам длабоко сочуство кон семејствата на загинатите пожарникари, кои ги загубија своите животи во борбата со пламените јазици, додека се обидуваа да ги спасат животите на своите сограѓани, и нивните домови. Државата ќе ги одликува со најголеми почести. Владата ќе застане зад нивните семејства и ќе ги зајакне акциите со кои ќе се превенираат ефективно заканите од климатската криза – изјави Мицотакис. Во Франција пак, пожарникарите се борат со десетици активни пожари. Во јужниот департман Вар се евакуирани неколку стотици жители, а нови огнени жаришта се регистрирани и во шумите, јужно од Париз, каде што веќе изгореле повеќе од 120 хектари. Во регионот кај Бордо, каде што пожарите ова лето уништија околу 42 илјади хектари, состојбата постепено се стабилизира и властите најавуваат враќање кон нормален живот. Во исто време нови пожари се шират и во Шпанија. Најкритично е во Националниот парк на границата со Португалија, каде што се евакуирани дванаесет населени места и речиси илјада жители. Иако во делови од земјата мерките постепено се укинуваат, околу 9.500 луѓе во регионот на Мадрид сè уште не можат да се вратат во своите домови. Со пожарите се бори и Турција. Во туристичката област Анталија противпожарните екипи веќе неколку дена интервенираат на повеќе жаришта, а дел од населението е евакуирано како мерка на претпазливост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.Пионерите на транс музиката, диџеите Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 август-Илинден во Битола, а завршува на денот на независноста, 8 септември во Скопје. Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центриНема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter