Пожарот кај Атина под контрола, на Тасос и кај Дојранското Eзеро подобрена ситуацијата - Канал 5

Пожарот кај Атина под контрола, на Тасос и кај Дојранското Eзеро подобрена ситуацијата

Подобрена е ситуацијата во трите пожари што вчера избувнаа во Грција на три различни локации, едниот во близина Атина, што е речиси изгасен, вториот на островот Тасос, а третиот кај Дојранското Eзеро што од селото Николиќ премина на грчка територија.

Пожарот кај Атина под контрола, на Тасос и кај Дојранското Eзеро подобрена ситуацијата

Подобрена е ситуацијата во трите пожари што вчера избувнаа во Грција на три различни локации, едниот во близина Атина, што е речиси изгасен, вториот на островот Тасос, а третиот кај Дојранското Eзеро што од селото Николиќ премина на грчка територија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кај Дојранското Eзеро на грчка страна, утрово продолжува гаснењето на пожарот, меѓутоа ситуацијата е подобрена, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција.

YouTube video

За конкретниот пожар кај селото Николиќ во општина Дојран, како што вчера објави МИА, Грција испрати два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, по билатералното барање за помош упатено од ЦУК до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција.

Шумскиот пожар во Главкади, во северниот дел на островот Тасос, што избувна кусо пред полноќ, се гасне со 62 пожарникари со две пешадиски тима, 20 возила, шест авиони и два хеликоптери, а утрово е значително подобрена состојбата.

Поради пожарот, дел од островот е без струја.

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на Оропос, вчера попладне избувна голем шумски пожар во кој интервенираа над 200 пожарникари, а од рано утрово гаснењето продолжува и со воздушни средства, иако огнените јазици се веќе под контрола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот

Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. 

Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.

Во своето обраќање македонскиот премиер истакна:

-Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари.

Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата коишто посветено работиме да оној проект којшто го почнавме пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните.

Уште еднашка нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика како што ми кажа градоначалникот за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба истиот.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите

Голем дипломатски успех во Виена: На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите

ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите

Либерално-демократската партија (ЛДП) оствари огромна дипломатска победа на меѓународна сцена во директна заштита на достоинството на македонските граѓани и нивната европска иднина. На овогодинешниот Конгрес на партијата АЛДЕ, кој викендов се одржува во Виена (3-5 јули 2026), со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција за визионерско проширување на ЕУ и достоинство на границите. Овој стратешки важен документ беше поднесен од страна на ЛДП, предводејќи ги сестринските партии од Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕН), со што уште еднаш се докажа моќта на либералното сојузништво кога се во прашање државните интереси.

Македонската делегација во Виена ја предводеше претседателката на ЛДП и актуелна претседателка на ЛИБСЕН, Моника Зајкова, заедно со меѓународниот секретар и член на Извршниот одбор на партијата, Емир Ќориќ. Преку силна лоби-акција и координација со европските партнери, ЛДП успеа да ги наметне реалните проблеми на македонските граѓани како врвен приоритет на европското либерално семејство.

Клучниот аспект на оваа резолуција е директниот напад врз понижувачкиот третман што македонските граѓани го доживуваат на границите со Европската Унија, со посебен акцент на т.н. Систем за влез/излез (EES). Во текстот на резолуцијата, европските либерали изразија длабока загриженост поради фактот што овој систем неправедно ги третира земјите-кандидати како обични „трети земји“, што резултира со недозволиви административни тесни грла, деградација и сцени на границите кои сериозно го нарушуваат човековото достоинство. АЛДЕ упати итен повик до институциите на ЕУ и земјите-членки за итна реформа на овие протоколи, со цел да се заштити прекуграничната економија и да се врати европската солидарност на дело.

Истовремено, со оваа резолуција се бара децидно и итно прекинување на практиката на билатерализација на пристапниот процес. Европските либерали испратија кристално јасна порака дека не смее да се дозволи ниту една земја-членка да го злоупотребува правото на вето за билатерални спорови и прашања базирани на историја, кои со години неправедно го кочат македонскиот напредок. Наместо тоа, се бара брза транзиција кон гласање со квалификувано мнозинство (QMV) за сите меѓучекори во интеграцијата, што ќе обезбеди предвидлив процес заснован исклучиво на реални заслуги и исполнети критериуми.

Резолуцијата исто така јасно дефинира дека фазната интеграција и пристапот до Единствениот пазар мора да бидат исклучиво во корист на граѓаните и бизнисите, со цел забрзување на патот кон полноправно членство во ЕУ, а не создавање на европски граѓани од втор ред.

Изјава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и ЛИБСЕН: „Додека на домашната сцена се води празна реторика и се троши драгоцено време на дневен популизам, ЛДП испорачува реални и опипливи резултати таму каде што се носат клучните одлуки за иднината на Македонија. Со оваа победа во Виена, извојувана заедно со нашите сестрински либерални партии, испративме силна и обединета порака од срцето на Европа: за либералите Македонија мора да напредува кон ЕУ со крената глава, без уцени и историски кочници, а малтретирањето на нашите граѓани по границите мора веднаш да престане. Човековото достоинство нема цена и ЛДП нема да отстапи од неговата заштита. Либерално-демократската партија продолжува да биде најсилниот и најефикасниот мост на Македонија кон развиениот демократски свет, борејќи се со аргументи и конкретни дела за достоинството на секој македонски граѓанин.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

L'Equipe: Судијата го упропасти натпреварот, заслужи чиста единица

Франција го победи Парагвај со 1–0 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство, одигран на екстремна жештина со температури што надминуваа 40 степени. 

L

Јужноамериканската екипа долго време им одолеваше на нападите на актуелните вицешампиони на светот, но Французите на крајот ја обезбедија победата благодарение на голот од пенал на Килијан Мбапе во 70-тата минута.

Парагвајците играа поагресивно од Французите во текот на целиот натпревар. Направија 13 прекршоци, а не добија ниту еден картон. Узбечкиот судија Илгиз Танташев ја доби најлошата можна оценка од престижниот француски весник „Л'Екип“ – единица.

„Тој го уништи натпреварот. Не покажа ниту еден жолт картон за парагвајските играчи“, се наведува во написот на „Л'Екип“. Кој е Илгиз Танташев? Илгиз Танташев е 41-годишен узбечки судија кој е на листата на ФИФА од 2013 година.

Во 2021 година ја доби наградата за најдобар судија во Узбекистан. Има судено најмногу натпревари во Азија, на турнири како што се Азискиот куп, Индиската лига и Саудиската лига. Тој судеше и на Олимписките игри во 2024 година. Судењето на Светското првенство претставува најголемо достигнување во неговата кариера.

Натпреварот меѓу Парагвај и Франција е негов трет на ова првенство. Претходно, во групната фаза, судеше на натпреварите меѓу Шкотска и Мароко (0:1) и меѓу Алжир и Австрија (3:3).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер