Пожарот е локализиран од струмичка страна, нема опасност за куќите во село Баница (ВИДЕО) - Канал 5

Пожарот е локализиран од струмичка страна, нема опасност за куќите во село Баница (ВИДЕО)

Големиот пожар на отворено кој беснее кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница, каде беа загрозени куќи е локализиран и повеќе нема опасност за објектите. 

Пожарот е локализиран од струмичка страна, нема опасност за куќите во село Баница (ВИДЕО)

Сите пожарникари на ТППЕ Струмица се на терен и се обидуваат да ја скротат огнената стихија која неконтролирано се шири во повеќе правци.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот почнал да се шири и во правец на селото Василево.

-Ангажирани се сите капацитети на ТППЕ Струмица, а на помош се повикани и пожарникари од блиските градови, кои пристигнаа и се вклучија во гаснењето. Пожарот е многу голем и преземаме се што е во наша моќ да не дозволиме уште повеќе да се шири, но засега силниот ветар ни ја отежнува работата, кусо изјави за МИА, Гудев.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се вклучи во гаснењето, пред малку информираше дека пожарот е локализиран на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница.

-Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат, објави на неговиот фејсбук профил.

Според информацијата од директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, пожарот кај Струмица е настанат од палење на стрништа.

-Гори трска и останата вегетација. Дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гаснењето на пожарот. На терен се екипите на ТППЕ Струмица, Радовиш, Валандово и Богданци, информираше Ангелов.

Инаку, неофицијално пожарот избувнал на повеќе места одеднаш. /МИА

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.

Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. На погребот ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Поради погребот во Ватикан и во Рим воведени се драконски безбедносни мерки. Се очекува погребната поворка да трае околу половина час, а рутата на ковчегот со папата Франциск поставени се големи екрани, на кои верниците ќе можат да следат што се случува во секоја фаза од погребот. Големи екрани ќе бидат поставени и на плоштадот Свети Петар.

Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.

Од 5 до 10 мај, 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа. /MИА

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. 

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР најавија дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Од АМСМ денеска информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

притисни ентер