Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
2Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
ЖивотПожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан како дел од подготовките за избор на нов папа.Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела, од кој ќе излегува чад за време на гласањата за избор на следниот поглавар на Римокатоличката црква. Пожарникарите беа забележани на покривот на Сикстинската капела како го поставуваат оџакот – клучен момент во подготовките за конклавата на 7 мај. По секои два круга гласање во Сикстинската капела, гласачките ливчиња на кардиналите се палат во посебна печка за да се покаже резултатот од гласањето пред надворешниот свет. Ако при гласањето не се избере папа, ливчињата се мешаат со патрони што содржат калиум перхлорат, антрацен (компонента на јагленовиот катран) и сулфур, за да се добие црн чад. Кога, пак, гласањето ќе определи победник, ливчињата се мешаат со калиум хлорат, лактоза и хлороформна смола, за да се добие бел чад. Белиот чад се појави од оџакот при петтото гласање на 13 март 2013 година, а малку подоцна кардиналот Хорхе Марио Бергољо беше претставен пред светот како папа Франциск од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Поставувањето на оџакот се одвива во услови на пристигнување на кардиналите во Ватикан за уште еден ден од предконклавните дискусии за идните потреби на Католичката црква и за тоа каков папа треба да ја предводи. Во овие консултации учествуваат сите кардинали, вклучително и оние на 80-годишна возраст, кои според прописите немаат право на глас на самата конклава. Во последните денови тие слушаа извештаи за тешката финансиска состојба на Ватикан и имаа можност да разговараат одделно за идните приоритети и за проблемите што ги забележале за време на понтификатот на Франциск.Тагови: Ватикан Католичката црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
СветГибралтар и Шпанија потпишаа историски договор. Крај на границитеЕвропската Унија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки меѓу Шпанија и територијата Гибралтар, која е под британска контрола.Договорот беше потпишан во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објави француската новинска агенција АФП. Спогодбата ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ, додека целосно го штити британскиот суверенитет над Гибралтар, на барање на Лондон. Крај на проверките Од среда, нема да има повеќе проверки на документи на граничниот премин меѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа, кој илјадници луѓе го преминуваат секој ден. Гибралтар, мала територија со население од речиси 40.000 жители на крајниот југ од Иберискиот Полуостров, прима околу 15.000 шпански работници секој ден, што претставува речиси половина од нејзината работна сила. Договорот меѓу Лондон и Брисел беше постигнат во јуни минатата година по години тешки преговори, во кои учествуваше и Шпанија. Тој следеше по референдумот за Брегзит во 2016 година и излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Шпанскиот премиер Педро Санчез треба да го посети Гибралтар во среда. Санчез го поздрави договорот, велејќи дека „по стотици години, конечно ќе биде можно да се сруши последниот ѕид во рамките на Европската унија“, пренесува АФП. Гибралтар, над кој Велика Британија го презеде суверенитетот во 1713 година со Утрехтскиот договор, е од огромно стратешко значење, особено за поморската трговија бидејќи Гибралтарскиот теснец ги одделува Европа и Африка и ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Извор: Индекс.хрТагови: Шпанија Гибралтар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лицаНацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби. „Со овој план ја исполнуваме нашата предизборна заложба кон повозрасните сограѓани. Наместо елитни апартмани, на оваа локација ќе имаме дом за стари лица, нешто што навистина му е потребно на Центар“, порача Герасимовски. Урбанистите на Општина Центар појаснија дека новиот нацрт план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење. Наместо 43.429 квадратни метри, колку што биле дозволени со стариот план, сега се предвидени 29.459 квадратни метри, односно 33% помалку. Дополнително, наместо поткровје, дозволена е градба П+2, а изградбата е ограничена на 40%. Поради безбедноста на теренот и околните објекти, предвидено е само едно подземно ниво, а зелените површини се зголемени на 40%, што е двојно повеќе од законскиот минимум. „Не станува збор за ново подрачје што првпат се урбанизира, туку за простор кој со години бил дел од урбанистичко планирање, а сега конечно добива план што е поодговорен, побезбеден и поблиску до потребите на граѓаните“, појаснија урбанистите на Општина Центар. Предлог одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градска четврт Ј 05-Барутана, беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Центар со 13 гласа за и 9 против. Општина Центар-СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook