Пожарникари повикани на расчистување на истурено чоколадо

Пожарникари повикани на расчистување на истурено чоколадо

Чоколадото завршило на патот поради дефект во една фабрика за чоколадо во северна Германија.

За расчистувањето биле потребни 25 пожарникари кои користеле лопати и топла вода за да ја исчистат улицата.

Spilt chocolate is cleared from a road in Werl, Germany December 10, 2018 in this picture obtained from social media. Picture taken December 10, 2018. FEUERWEHR WERL/via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. MANDATORY CREDIT. NO RESALES. NO ARCHIVES.

Одговорните лица од фабриката за чоколадо изјавиле дека се среќни поради тоа што инцидентот не се случил пред Божик, бидејќи тоа би се сметало за голема катастрофа, изјавил менаџерот на фабриката.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

притисни ентер