Пожари пустошат низ турските летувалишта, стотици туристи се евакуирани (ВИДЕО) - Канал 5

Пожари пустошат низ турските летувалишта, стотици туристи се евакуирани (ВИДЕО)

Неколку шумски пожари се активни на западниот и јужниот брег на Турција, што доведе до евакуации и затворање на патишта. 

Пожари пустошат низ турските летувалишта, стотици туристи се евакуирани (ВИДЕО)

Пожарите поттикнати од топлотниот бран горат во девет провинции, а најтешко погодени се областите Анталија и Мугла, каде што се наоѓаат некои од најпопуларните одморалишта во земјата, објавува „Еуроњуз“.

Министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли потврди дека пожарите во провинциите Јалова, Кутахја и Чанаккале се ставени под контрола, додека опасноста останува во делови од Анталија, Мугла и Баликешир. Турција не прогласи вонредна состојба, а повеќето пожари, како оние околу Каш, се локализирани во рок од неколку часа.

Сепак, патниците во регионот се соочуваат со тешкотии. Автопатот Фетије-Анталија беше привремено затворен поради чад, но подоцна беше повторно отворен според посебни прописи. Пристапот до античките урнатини на планината Олимп во Анталија е блокиран. Шумски пожар гори и во близина на Каш, популарна туристичка дестинација.

Евакуации и материјална штета

Најсериозна е ситуацијата во Сејдикемер, планинска област помеѓу Фетије и Мармарис, каде што вчера избувна пожар на обработливо земјиште и се прошири на шумата. 45 пациенти беа евакуирани од локалната болница. Во шесте погодени населби, 703 жители од 408 куќи беа евакуирани, а околу стотина животни беа преместени на безбедно место.

Според досегашните информации, оштетени се 55 згради, од кои некои се целосно изгорени. Повеќе од 1.100 лица од службите за итни случаи со 410 возила и над 25 авиони и хеликоптери учествуваат во гаснењето.

Во Кумлуџ, јужно од градот Анталија, пожар уништи 10 куќи. Главниот пожар е ставен под контрола, но екипите продолжија да го чистат местото на пожарот во четврток за да спречат негово повторно разгорување.

Пожари во покраината Баликешир

Пет одделни пожари избувнаа во покраината Баликешир во среда. Најголемо влијание имаше Алтинолук, крајбрежен град познат по своите маслинови насади, каде што ветерот брзо го прошири пожарот кон населените места. Поради опасноста, 210 домаќинства беа евакуирани. Пожарот во блискиот Гомеч беше сè уште активен во четврток вечерта, а шест авиони, пет хеликоптери и десетици противпожарни возила беа вклучени во неговото гаснење низ целата покраина.

Услови поволни за пожари

Шумските пожари се честа појава на егејскиот и медитеранскиот брег на Турција во текот на летото. Комбинацијата од долготрајна суша, температури кои редовно надминуваат 40 °C, ниска влажност и силни сезонски ветрови, како што е северниот мелтеми, создава услови за брзо ширење на пожарот низ боровите шуми и ниската вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Синдикалната кошница надмина 70 илјади денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари.

Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната.

-Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија.

-Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор.

Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ.

Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Министерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. 

 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Афродита Рамос го следи пресот.

Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст?

Во видедото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Македонскиот јазик е официјален во државата и тоа треба да се почитува и за правосудниот испит порача премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите Албанци вчера упатија ултиматум целиот испит да се полага на албански.

Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Мицкоски во целост застана зад предлогот што минстерто за правда Шасивари... дециден е дека дека писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел според него треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија и согласно препораката на Венецијанската комисија.

- Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование додека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи право и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик. Во Македонија тој јазик е македонскиот, изјави Мицкоски.

Шасивари најави дека за предлогот сега ќе се побара мислење од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Но, веќе е извесно дека ДУИ ќе биде и против овој закон.. Тие денеска преку соопштение го обвинија министерот дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение.

-ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат. Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок, реагираат од партијата на Ахмети.

Албанските студенти по средбата со министерот се прогласија за победници, но изразија незадоволство од понуденото според нив делумно решение и порачаа дека се подготвени повторно да излезат на улица доколку не им се исполни нивното барање во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер