Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
2Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
БалканПожари на десетици локации низ Србија , најстрашно е на Стара Планина (ВИДЕО)На десетици места низ Србија денеска горат шумски пожари , а најтешка е состојбата на Стара Планина , додека во општината Трговиште е прогласена вонредна состојба.Со оглед на тоа дека Србија нема канадери, туку само хеликоптери опремени со противпожарни средства за гаснење, побарала помош од Русија, од каде се очекува специјализиран авион „Иљушин 76“. Пожарот на падините на планината Стара Планина, се прошири од соседна Бугарија, додека за другите пожари нема официјална потврда за причината, но се верува дека биле предизвикани од есенската работа на нивите. Stara planina trenutno! Ne postoje ekipe nadležne da se bore protiv ovog problema. Priroda u Srbiji je ugrožena, kao i sve ostalo! pic.twitter.com/G9DzpaTBEx — Dejana Martić (@MarticDejana) October 29, 2019 Нема повредени, а најмалку три лица до сега се евакуирани. Шефот на Секторот за итни случаи во српското Министерство за внатрешни работи Предраг Мариќ рече дека пожарот е изгаснат во Стара Планина на четири сектори, но теренот е крајно недостапен за пожарникарите, па затоа треба да го гаснат пеш, носејќи пумпи со ранец. Дополнителна отежнувачка околност, изјави Мариќ за РТС, е дека пожарите се на големи надморска височина, над 1900 и 2000 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНорвешкиот премиер по разговорот со Путин: „Не верувам дека ќе го промени мислењето“Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го коментираше вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој учествуваше и финскиот претседател Александар Стуб.Тој објасни дека сакале Путин да ги слушне европските гледишта за војната во Украина, а не само американските. Разговорот траеше 90 минути. Со тоа, Сторе и Стуб отстапија од долгогодишната практика на западноевропските лидери да избегнуваат директен контакт со Кремљ. Нивниот потег наиде на критики од некои сојузници, вклучително и од данската премиерка Мете Фредериксен. Дискусијата се одржа пред првите очекувани директни разговори меѓу украинските и руските претставници од февруари наваму, кои се планирани да се одржат во Абу Даби следниот месец. „Загрижен сум што некои пораки не стигнуваат до Путин“ „Стуб и јас се фокусиравме на иднината и на тоа што треба да се случи за да се спречи оваа војна да се одолговлекува во недоглед – со месеци, со дополнителни човечки жртви – бидејќи тогаш наоѓањето решение станува уште потешко“, изјави Сторе за норвешкиот јавен сервис НРК. „Не верувам дека Путин ќе го промени мислењето, но му беше дадена можност многу јасно да го слушне нашиот став. Загрижен сум што некои од овие пораки не стигнуваат до него кога разговара со Американците“, додаде норвешкиот премиер. Сторе изјави дека целта на Норвешка е намалување на тензиите. Предлозите вклучуваат прекин на нападите врз енергетската инфраструктура во Русија и Украина, запирање на нападите врз бродовите што превезуваат украинско жито, како и размена на воени заробеници. Може ли Украина да постигне мир без отстапување територија? На прашањето дали е можно да се постигне мир без Украина да отстапи територија, Сторе посочи дека Русија моментално контролира речиси 20 отсто од Украина. „Украина никогаш нема да потпише договор со кој признава дека изгубила територија, но прашањето е дали може да ја прифати сегашната линија на фронтот како реалност и како појдовна точка за преговори. А главното прашање е какви безбедносни гаранции можат да ѝ се обезбедат на Украина откако ќе се постигне мировен договор. Путин е свесен дека тоа е клучниот проблем“, рече тој. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека разговорите не донеле ништо ново во однос на војната во Украина. Тој ги обвини европските земји дека единствено се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса. Лавров исто така нагласи дека клучното прашање се однесува на безбедносните гаранции што Украина би можела да ги добие по склучувањето на мировен договор, додавајќи дека и Путин ја препознава важноста на ова прашање. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Л.П.(18) и И.Р.(25) двајцата од Скопје, Ф.Б.(32) и Е.И.(21) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.Б.(38) од с.Пешталево, општина Долнени, Д.М.(26) од Прилеп и Ф.Љ.(22) од с.Чегране, гостиварско. Со активна забрана, возило управувале И.Т.(33) од с.Разловци, делчевско, Ф.Ф.(25) и И.Х.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод. Додека, под дејство на алкохол возеле М.Ј.(31) од с.Зелениково, скопско и Б.О.(32) од с.Доброште, општина Теарце, кој возел во спротивна насока на патот Гостивар - Тетово. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter